Subscribe

Archive for февруари, 2010

Економија: помеѓу оптимизмот и песимизмот

февруари 20, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Македонската економија, како и  светската,  ја надмина кризата, без оглед дали и официјално ќе се прогласи тоа (излегување од рецесијата), а претстои долг период на опоравување од нејзините последици. Особено ако се има предвид дека се тие многу повеќе долгорочни, отколку среднорочни и краткорочни.

Затоа не се реални ниту песимистичките, ниту оптимистичките прогнози за економските движења годинава. Треба да им веруваме на оние „помеѓу“.

(повеќе..)

За можните „чудни“ коалиции

февруари 20, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

(Прилог на Љупчо Димитровски објавен во „Дневен е-Еснаф“, 05.01.2006)

Пред крајот на 2005-та година , во рамките на политичките, економските и секакви други прогнози и очекувања во оваа 2006-та, од некои наши водечки политичари беа најавени можни „чудни“ коалиции по годинашните парламентарни избори во Македонија.

Конкретно, беше посочена една таква- помеѓу „лутите“ противници СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Се разбира, се мисли и на други, не помалку „чудни“.

(повеќе..)

Предвременото топење на снеговите и неговата политизација

февруари 20, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Ќе се открие ли некогаш дали предвременото топење на снеговите во земјава поради глобалното затоплување (во март наместо вообичаено во април) беше „искористено“ за енормно зголемување на водата во Охридското езеро? За подолг период, додека владее актуелната политичка гарнитура, сигурно не, во догледно време можеби да- можеби не, но кога- тогаш сигурно.

Засега поверно е тврдењето дека не се работи за никаква „злоупотреба“, односно дека глобалното затоплување не може да не одмине и нас, туку напротив. Некои експерти тврдат дека Република Македонија е веќе помеѓу 4-те- 5-те „најпрви“ на светот.

Што се однесува, пак, на политизацијата, таа е неспорна, но е многу повеќе градоначалничка глупост и недоветност што, нормално, во не мала мера ќе се одрази врз и онака мизерниот рејтинг на неговата партија (СДСМ).

(повеќе..)

Силата на Уставниот суд на РМ против притисок

февруари 20, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Доколку работи под притисок, како што проценуваат некои аналитичари и „ескперти“, највисоката судска инстанца во Македонија би требала да има и сила и доблест да го „обелодени“ тој што се обидува да врши притисок, да влијае врз неговото работење и „со сите средства“ да се бори против него. Особено ако целта на притисокот е него да го направи „послушен“.

Доколку нема сила да се спротивстави, туку само продолжува „да си ја работи својата работа“, тогаш се поставува прашањето на доверба во „уставо-бранителскиот“ поценцијал на неговите членови (сеедно сите или повеќето од нив). Особено ако со своите одлуки често предизвикуваат се поголеми незадоволства и протести.

Нема никакво оправдување затскривањето зад неприкосновеноста, непогрешливолста, односно „недопирливоста“ на нивните одлуки, а што итно треба да се преиспита. Тоа нема никаква врска со судската независност. Обична небулоза е ставот дека не е спорно коментирањето на одлуките на Уставниот суд, „но само од стручната јавност“. Како може да се оспорува, кој може да забранува такво право- на секој, и стручен и нестручен во оваа држава да коментира што било и од кого било?

(повеќе..)

Значењето на извештајот на ЕП за Македонија

февруари 10, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Тој нема некое поголемо, особено не пресудно значење за перспективата на односите помеѓу ЕУ и Македонија, туку е само едно барање или, можеби поточно, уште еден притисок за решавање на „спорот“ за името на Република Македонија. Во него се прави еден вид на баланс на тој план, а особено се поприсутната и јасно посочена согледба дека нерешавањето може да има сериозни последици врз меѓуетничките односи во земјава. Тоа секако ќе има одраз и во опкружувањето, но и врз односите во самата Европска унија.

(повеќе..)

Бизнисменска етика

февруари 10, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Отсекогаш била и е со долгорочни последици, па во развиениот свет се манипулира најмалку со неа. Се брани на освоениот пазар за што полесно да се настапи на нови- неосвоени, се негува во односот со купувачот- потрошувачот не само додека се реализира конкретна зделка, туку многу повеќе потоа. Затоа што токму таа- бизнисменската етика е најважна за каков било успешен и перспективен бизнис.

(повеќе..)

Забрзан развој на македонското земјоделие

февруари 10, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Проблемите се многубројни, тековни, таложени со децении, па е сосема разбирливо што нивното решавање не оди лесно. Меѓутоа, забрзаниот развој во последниве неколку години е евидентен, а тоа го потврдува и доближувањето до, односно допирањето на двата круцијални проблема без чие решавање нема современо- модерно производството: зависноста од природните- сезонските промени и пласманот. Ги следи и „континуираниот“- користење на современа земјоделска механизација.

(повеќе..)

ЕУ ќе ја спаси Грција за да го одложи почетокот на сопственото пропаѓање

февруари 10, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

„Грчката драма“ е само почеток на серијата од неколку (следната ќе биде за Шпанија, па за Португалија, Бругарија, Романија…?) која во многу нешта ќе биде „посапунска“ и од „најсапунските“ ТВ серии. Имено, „грчката“ веќе се „заплеткува“ („драматизира“)- започна „онадењето“ во „врвовите“:

ЕУ чувствуваше дека Грција ја „легнува“ (се сеќавате на „евробуџетската“ лага- лажното претставување на трошењето на „евроипските пари“?), ама веројатно од „навика“ („старата дама“) тоа не и пречеше се додека не почна да излегува на виделина дека „онадењето“ започнало и во „внатрешните односи“ на Грција (придружени со криминал, корупција, неказнети во врвот на власта и партизираната јавна администрација…), доведувајќи ја во опасност стабилноста и „единството на различностите“ на сите „нивоа“. (повеќе..)

Климата го возвраќа ударот

февруари 10, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Секојдневно следиме вести и информации за невреме,  снежни бури, урагани, земјотреси…

Дали долгонајавуваната предупреда дека е „последен миг“ светот да стори нешто за натамошниот сопствен опстанок, за повторно враќање на климатската рамнотежа  веќе не важи? „Мигот“ помина, та катаклизмичките промени на климата, како нејзино возвраќање на ударот, веќе започнаа? Не е ли ова „почеток на крајот“?

(повеќе..)

Надеж на светот: економски раст на САД во 2010-та

февруари 02, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

По објавувањето на крај на рецесијата минатиот месец, сега економски експерти од администрацијата на претседателот Обама  најавуваат раст годинава од 4,5% на годишно ниво. Се разбира, станува збор за сериозни и детални анализи на моментните состојби, но и на потенцијалот на државата во наредниот двегодишен период.

(повеќе..)

Кој ја подгрева меѓуетничката тензија

февруари 02, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Не треба многу умување за да се „погоди“ кој. Секаде, во секоја мултиетничка средина таа доаѓа на „дневен ред“  како последен, но најопасен терен на кој  би можело да се ублажи неминовен пораз од погрешна стратегија и тактика против власта. Да, и со валкани, дури со крвави раце да се извојува привремена победа. Тоа се партии во опозиција и медиуми- нивни трабанти или „блиски“ до нив.

(повеќе..)

Невешта замка: едно име за севкупна употреба

февруари 02, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Токму така. Инсистирањето на Грција за „компромисното“ решение „Едно име за FYROM севкупна употреба“ е невешта стратешка замка во која би требало да „падне“ Република Македонија, поточно македонскиот народ. Таквото решение значи постапно, но сигурно и неповратно меѓународно губење- непризнавање на неговиот идентитет!

Затоа е тоа „главната црвена линија“ на Грција, од која нема да остапи „по никоја цена“.

Затоа и експлицитните ступидни барања за ограничена (зло)употреба на „придавката“ македонски (во случајов таа воошпшто не е тоа) имаат предвиден „празен простор“ за премолчена „отстапка“.

(повеќе..)