Subscribe

Archive for јануари, 2010

Балканска партиска политика

јануари 04, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Се рабира, не може да се оценува и проценува зошто и како се случува тоа што се случува со Иво Санадер, поранешниот хрватски премиер, со оглед дека не се познати внатрепартиските ситуации (во ХДЗ), но може да се заклучи дека е мошне препознатливо како „балкански синдром“, односно балканска „партијност“ и политика: поради опасноста од раскол во партијата, па и распад на владината коалиција и предвремени парламентарни (избори  некои коалициски партнери најавија дека ќе истапат доколку се врати, со што Владата би го загубила мнозинството во Саборот), тој не само што не може да се врати во неа, односно да се активира во рамките на позицијата што ја има(ше-) почесен претседател на ХДЗ), туку е и исклучен!

Како ништо да не значи дека со тоа на Санадер и директно и индиректно му се признава моќ, односно авторитет и влијание, односно лидерство, а што, напротив, би требало да претставува силен „кохезионен фактор“.

Кога е така, не е ли реална опасноста тој и надвор од неа да предизвика, дури многу повеќе и побрзо раскол, фракционерска борба, како што обично се случува на овие балкански простори (се разбира и кај нас): да формира нова или да предизвика формирање на многу нови, мали и незначајни партии, со што силата и големината на ХДЗ би „паднале“ сами од себе?

(повеќе..)

Во Македонија подобрени економските движења

јануари 04, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Наспроти „црните прогнози“ на македонската опозиција, што ги слушаме во континуитет, македонската економија очигледно почнува полека да се опоравува од последиците на светската економска криза. Тоа го потврди (призна) и НБРМ со уште едно намалување на референтната стапка. А што сигурно ќе ги натера банките да ги намалат каматите на кредитите. (повеќе..)

Наоѓање на половина од погрешен пат?!

јануари 04, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Блокадата на Грција во Советот на Европа- Република Македонија да не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, не е за краткорочна, туку за долгорочна „употреба“.

И годинава, можеби и во наредните неколку, на јужниот сосед воопшто не му е од интерес да го надмине проблемот што си го создаде. Ниту со помош на сојузниците во ЕУ и НАТО, ниту со посредство на ОН, а најмалку, пак, да си дозволи помош од Република Македонија.

Едно поради економската „катаклизма“ што и се случи и допрва ќе и се случува, друго поради внатрешен национален консензус (опасно е во севкупната мошне напната економско-социјална и политичка ситуација да се гази преку „црвената линија“), а трето, можеби најважно, е оти на меѓународен план на Грција и претстојат многу покрупни проблеми  кои веќе не ќе можат да се ставаат „под“ ќилим- улогата на Балканот (како да се биде лидер во неговото европско интегрирање), прикзнавањето на националните малцинства  во земјата и нивните права, кипарското прашање, воопшто односите со Турција…

(повеќе..)