Во Македонија подобрени економските движења
Наспроти „црните прогнози“ на македонската опозиција, што ги слушаме во континуитет, македонската економија очигледно почнува полека да се опоравува од последиците на светската економска криза. Тоа го потврди (призна) и НБРМ со уште едно намалување на референтната стапка. А што сигурно ќе ги натера банките да ги намалат каматите на кредитите.
НБРМ информира дека проекциите покажуваат подобрување на економскиот амбиент во 2010-та година. Станува збор за благо излегување од економската криза, односно од рецесијата. Поволни се прогнозите за економските движења во светот, а тие не можат да бидат драматично поинакви во Република Македонија.
На девизниот пазар и натаму ќе се интервенира со откуп на девизи. На тој начин за една година е остварен раст на бруто девизните резерви од 100 милиони.
Новата референтна каматна стапка изнесува 8%.
И покрај тоа што се работи за различни ставови, што е нормално, некои медиуми тоа го третираат како „тивка војна“ (посакувана?) помеѓу Владата и монетарната власта, а која „продолжува и годинава“.
Изјава- оценка на министерот за финансии Зоран Ставрески:
„Од сите аспекти гледано, оптимален период кога требаше да реагира посериозно Централната банка беше некаде третиот квартал од годината.. За жал тоа не се случи и тоа ја пролонгира рецесијата во Македонија, што не чини повеќе изгубени работни места и подлабок пад на БДП“.
Реакција- коментар на гувернерот Петар Гошев:
„Ние имаме голем удел во одржувањето на финансиската стабилност, преку одржувањето на стабилноста на девизниот курс, и немаме потреба од дневно-политички изјави. Ние си ја вршиме нашата работа. Кој какви потреби и оценки има и врз основа на што ги мотивира, тоа е негова работа“.
Различни ставови и оценки- проценки се „тивка војна“? „Опозиционерски“, а всушност инфантилно, па и смешно.






