Subscribe

Archive for декември, 2009

Се почеста употреба на народната: Трпеж-крпеж

декември 28, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Нема сомнение дека модерната живеачка се пповеќе ја плаќаме со најголемата „оптшонародна“ цена-рамнодушноста. Стануваме рамнодушни на скапотијата, на постојаното зголемување на цените на се и сешто (за „поскапувачите“ секогаш оправдано, а за „плаќачите“ неоправдано), што најмалку значи прилагодување.

Одамна не важи една друга народна:

Пружи си ги нозете колку што ти е долга чергата.

Од едноставна причина: одамна не си ги пружаме, туку саде си ги собираме, се стуткуваме, уште малку та како клопчиња ќе бидеме.

Никако да научиме дека суштината на модерната живеачка не е во трпежот- крпежот, туку во штедењето- штедливоста. Кога ќе науичме (мораме кога-тогаш), прво поскапувањата нема да се случуваат така често, зашто „поскапучачите“ ќе го одбегнуваат, а второ ќе живееме не порамнодушно, туку поскопојно, поведро, позадоволно.

(повеќе..)

Успесите во културата од исклучително значење за Македонија

декември 28, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Министерството за култура на Македонија е секако едно од најуспешните во 2009-та, со многу реализирани значајни проекти, со несомнени вредносни димензии и перспективи. А судејќи според најавите за 2010-та, нема сомнение дека ќе се продолжи со исто, ако не и поголемо темпо.

Забележливо е дека дури и опозицијата, за која важи „Владата ништо не прави, не ја бидува и затоа се е катастрофа“, нема забелешки односно молчи пред она што претставува континурана интензивна работа и врвни културни достигнувања.

(повеќе..)

Резултати далеку од катастрофални, но не и за (големо) задоволство

декември 28, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Надворешната политика на Македонија во 2009-та постигна забележителни и значајни резултати, но многу нешта останаа за сработување и доработка. Клучни се позитивниот извештај на Европската комисија, визната либерализација и децентрализираното управување со помош на ИПА фондовите, а не е остварена поширока дипломатска активност и поврзување со земји надвор од ЕУ, а кои воопшто не се оптоварени со проблемот на Грција во врска со името на нашата земја.

Од друга страна, оценките дека резултатите се „катастрофални“, ситуацијата е „безизлезна“ и е „изгубен угледот во меѓународната политика“ се паушални, дел од опозиционерскиот критизерски манир, во голема мера несериозни и не го поткрепуваат барањето на „доза на самокритичност“.

(повеќе..)

Спасување на Грција

декември 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Оние што внимателно и во долг период ги следат збиднувањата во Грција, воопшто не се изненадени од вклучувањето на алармот за нејзин спас во последен час. Севкупната, значи не само економската криза (давењето во долгови), е резултат на повеќегодишна катастрофална политика на партијата што „на подолг рок“ е фрлена на „буниште“- конзервативната Нова демократија. За  во „догледно време“ да се врати на политичката сцена, и треба комплетно „прочистување“ кое тешко дека ќе може да го „изведе“ новиот лидер Андонис Самарас,  познат според своите декадентни, деструктивни и националистички ставови и позиции.

Секако дека повеќегодишните внатрешни, пред се економско- социјални проблеми се рефлектираа и на надворешната политика на Грција, а во нејзини рамки и на проблемот што го има со името на Република Македонија (значи не со нејзиното уставно име, туку со „Македонија“). Што не значи дека во процесот на нејзиното „заздравување“ може да се случи позначајна промена. Напротив, многу е пореално негово маргинализирање и одолговлекување поради „концентрација на силите“. Тоа „привремено“ и се случи на самитот на Советот на Европа.

(повеќе..)

Се демократизираат (европеизираат?) албанските политичари

декември 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Станува збор за мошне значајна промена на ставот, поточно дадена  гаранција на албанскиот премиер Сали Бериша, а што отвора низа прашања и дилеми, се разбира во позитивна насока.

Од нив најважната: зошто на досегашните пописи на населението на секој граѓанин на Албанија не му беше овозможено слободно изразување на етничката припадност? Што се промени толку радикално, та сега да се нема „компекси“ за својот идентитет?

Не велам дека и досега Албанија не ги почитувала своите сограѓани од другите етникуми, но кога станува збор за изразување на етничката припадност на досегашните пописи… (повеќе..)

Најуспешни микро и мали претпријатија во Mакедонија во 2009. година

декември 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Значаен традиционален проект на Министерството за економија: „Признанија за најуспешните“, во чии рамки се прогласува „Претприемач на годината“, се доделуваат награди на македонски микро и мали претпријатија односно на нивните претприемачи, а со цел поттикнување на претприемачкиот дух и култура во државата. Го организира во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Центарот за развој на претприемачи и менаџери, Европската бизнис асоцијација, Центарот за развој на нови бизниси и Стопанската комора на северозападна Македонија.

(повеќе..)

Големи и важни успеси за паметење

декември 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Најнапред зашто малите и помалку важните (неважни нема) се секојдневни или попатни до нив, а потоа поради фактот дека големите и важните се колективни- општествени односно државни, што ќе рече се остварени со заеднички сили, во заеднички интерес и им припаѓаат на сите.

Се разбира, за паметење се и големите и важни неуспеси, пак поради општествените односно државните интереси и цели, а пред се нивната последичност (причинското е важно според зависноста од личното и/или колективното, како и влијанието „однадвор“).

Кога се прави годишна рекапилуација, на пример во годишно обраќање на претседателот на државата,  за очекување е многу повеќе внимание да се задржи на големите и важни успеси отколку на неуспесите (за нив е нужна стручна односно експертска проценка- оценка). Поточно нивна (ре)валоризација, пред се во контекст на пошироките процеси (меѓународни, но не само тие), а и како насочување, поттик на натамошните заложби и конкретни ангажмани.

(повеќе..)

Според Буш, Македонија во НАТО

декември 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

(05.04.2008.)

Најголемата поддршка што во последно време САД и ја даваат на една земја е Република Македонија. Во подолг период, а вистинска кулминација доживеа на штотуку завршениот самит на НАТО во Букурешт- Романија. Тоа не значи никаква утеха за „поразот“ со недобивањето на покана за членство (во наводници зашто веќе го искажав и аргументирав ставот дека всушност е поразена, и тоа жестоко, Грција- удавена во сопственото примитивно националистичко мочуриште), туку нешто што веќе ги загрижува и нашиот јужен сосед (поради последиците од „Пировата победа“ која е пред се над најмоќната сила на светот), но и нејзините европски сојузници во НАТО (не сите). Ова особено се однесува на земјите од „стара Европа“.

(повеќе..)

Решено ли е или се уште не

декември 15, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Дали грчкиот весник „Елефтеротипија“ се покажа „поербап“ од македонските медиуми- „блиските извори“ на нашите медиуми им се “подалечни“ од неговите или, пак, е во прашање шпекулација за што  и грчките и македонските досега се покажаа еднакво успешни?Да, треба да се има предвид дека тој е близок со партијата ПАСОК на Папандреу.

Ако се суди според „чудното однесување“ на американскиот државен врв, пред се на американската дипломатија, кое може да се „препознае“ како молчење и повлекување од вревата на јавноста, нешто како да се „тркала“. Можеби не „стапица“ од која, како што објавија грчки весници, Грција има се поголем уплав, ама нешто како од „Голем брат“ многу веројатно.

Од друга страна, зошто решението што наводно го подготвуваат Американците би било „стапица“, кога во овој „пресуден момент“ за Грција е најповолно „разумно компромисно“?

(повеќе..)

Неприфатлива симплификација

декември 15, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Право е на секоја опозиција да користи се што е против практиката, против решенија или активности, односно намери на власта за сопствен маркетинг, за добивање на поени и можности за подобро позиционирање пред следни избори, за себепромовирање како „конструктивен коректор“. Тоа не треба само да се признава, туку и да се почитува.

Меѓутоа, недозволиво е нешто што е комплексно, дел од системот да се симплифицира, а особено да се именува со „балон што издишува“. Особено кога тој- „балонот“ е признат од „меѓународниот фактор“ како клучна исполнета одредба („бенчмарк“) од страна на ЕК за добивање на датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Тоа е не само несериозно, туку и штетно по угледот на државата.

Како што „женска расправа“ не би  смеела толку инфантилно да ја поттикува надежта за брзо „растурање на владиниот брак“.

(повеќе..)

Грција во економски колапс

декември 15, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Секако дека економската катастрофа не се случи преку ноќ, туку е последица на повеќегодишна лоша, волунтаристичка и пред се корупционерска севкупна политика на „Нова демократија“ и нејзиниот екс лидер Караманлис. Поради што не само загуби на парламентарните избори, туку и ја заврши својата политичка кариера (поднесе оставка од челната позиција на партијата, а нов лидер стана Андонис Самарас).

(повеќе..)

Критизерството не помага за подобар рејтинг

декември 15, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Токму тоа е главниот проблем на македонската актуелна опозиција: се да напаѓа, да „црнее“, особено она што е очевиден успех, постигнување за „обичниот“ човек. А кога ќе се соочи со несоборливи аргументи и факти, едноставно замолчува, премолчува и чека нова (не)прилика да продолжи за истото (па и кога нема врска со „новото“). Што не е ништо друго, освен „голо“ критизерство. Не може да се разбере зошто упорно „турка“ така, кога во изминатиов период, од губењето на власт до денес, не доби- не добива ниту промил повеќе во подобрувањето на катастрофалниот рејтинг.

И најновиот извештај на Инситутот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“ (тинк-тенк“ – независна јавна истражувачка организација) за успешноста на Владата на Груевски е доказ за тоа. Најверојатно ќе биде премолчен или, што е помалку веројатно, оценет како пристрасен (од „докажан“ како еден од „нејзините“).

(повеќе..)

Се повеќе „европски аграр“ во Македонија

декември 15, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Се разбира, се мисли на европските стандарди и регулативи кои во последниве години интензивно се вградуваат во аграрната политика, конкретизирани особено во земјоделството. Реализираните проекти и оние што се во тек, како и мерките што ги презема Владата, пред големата финансиска поддршка, но и техничката поддршка од странство, се повеќе ја назначуваат и афирмираат Република Македонија на мапата на светот како развиена аграрна земја.

Во изминатите 10 години мошне успешно се реализира проектот ГТЗ- германска техничка поддршка на земјоделско- прехранбениот сектор.

(повеќе..)

Западниот Балкан и ЕУ за време на претседателството на Шпанија

декември 15, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Дали и колку е проблематична европската перспектива на Западниот Балкан за време на претседателствувањето на Шпанија со ЕУ? Таа е европска и не може да биде поинаква, како што не е спорно дека ќе донесе стабилност не само на регионот, туку и на Европа и светот, па затоа од суштинско значење е токму ова прашање.

Дури, доколку се има предвид фактичката состојба (единствено Хрватска е блиску до членство- ги реализира завршните преговарачки поглавја), прашањевоможе да се сведе или концентрира на Република Македонија, односно одредување на датумот за почеток на пристапните преговори за нејзино членство во ЕУ. Имајќи го предвид ова, не е многу оптимистички ставот на новиот 6-месечен претседавач со ЕУ од 01.01.2010. година.

(повеќе..)

Берлускони си го „окрка“

декември 15, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Не се работи за некаков политички реваншизам или казна за се она со што ја срамотеше и ја срамоти Италија: Берлускони е нападнат, удрен в лице со сувенир- скулптура од миланската катедрала фрлена од млад психички нестабилен човек кој во меѓувреме му се извини. Последиците се мошне непријатни за „имиџот“ на италијанскиот премиер: без два заба, скршен нос, повредена усна.

Дали инцидентот барем малку ќе го „вразуми“ Берлускони, да ја намали „дозата“ на забава и иритирање на јавноста? Тешко да се поверува.

(повеќе..)