Subscribe

Archive for ноември, 2009

Време за Курбан Бајрам

ноември 27, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Станува збор за најзначаен муслимански празник кој доаѓа два месеца и 10 дена по рамазан, а се празнува 5 дена.

Татковците и мајките богато ги даруваат своите деца и најмладите роднини, а жените подготвуваат богата трпеза за гостите.

Бајрам се дочекува во домовите, а в зори муслиманите одат во џамии на сабах- намаз, го чекаат излегувањето на сонцето и клањаат бајрам- намаз. Потоа следи честитање, па заминување на гробишта и враќање во домовите каде што се подготвува за жртва Курбан (колење-жртвување), најчесто овца, а според правилата на шеријатското право. (повеќе..)

Сомневање: не свинскиот грип, туку вакцината против него опасна по здравјето!

ноември 27, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Вирусот А Х1Н1 во Република Македонија почна да се шири забрзано и во наредниот период секој ден ќе заразува се поголем број на граѓани, а пред се млади и деца- ќе се бројат не со стотици, туку со илјадници нови случаи. Како насекаде во светот (пандемија), и во земјава веќе се регистрираат и смртни случаи (втор), а едновремено се повеќе реакции и сомнеж односно страв од вакцината- колку е безбедна, дали (ќе) има и какви последици од неа по здравјето на краток и долг рок. Ова особено откако Светската здравствена организација (СТО) предупреди на внимателност.

На Интернет, пак, има се повеќе текстови, расправи,  „лаички“, на експерти, и видео клипови (на YouTube) во кои се изнесуваат мислења и ставови, но и аргументи и факти дека станува збор за светска завера, за бизнис криминал на најголемите фармацевтски компании во светот.

(повеќе..)

Идентитетот и достоинството

ноември 27, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Што се не се изнаслушавме и не се изначитавме деновиве во врска со проблемот на Грција со македонскиот идентитет, а кој и го наметнува не само на Република Македонија и нејзиниот народ (според Уставот, мнозинскиата и немнозинските заедници; значи и на нивниуот идентитет!), туку мошне вешто и на „меѓународниот фактор“, пред се на членките на ЕУ и НАТО: нонсенси и небулози, недоветности, неукости, наивности, експертизи со и без наводници, политикантства, „прагматичности“, „отворени“ и „затворени“ лични сметки и пресметки…

Од тоа дека како последица веќе имаме „две Македонии“(?!); одамна прифатеното „здраво за готово“ дека станува збор за „билатерален проблем“ (иако Македонија нема ист или сличен со името на Грција односно идентитетот на нејзиниот народ); дека треба да се водат „суштински“ преговори (без објаснение- конкретизација на „суштинското“ и одговор зошто и како досега биле „несуштински“); да се биде флексибилен (во однос на што?; на идентитетот?); па се до срамното сведување (од страна на новинарски „аналитичари“ и политички медиокритети) на негирањето комплексноста на македонскиот идентитет на „обичпната“ придавка „македонски“.

(повеќе..)

Вонизборна партиска успешна приказна

ноември 27, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

На 09.06.2006. година под горниот наслов во електронскиот дневен весник „Дневен е-Еснаф“ објавив прилог пред почетокот на паламентарните избори во Македонија таа година, а посветен на нужноста односно налогот од „меѓународниот фактор“  за фер и демократски избори. Во него посочувам дека, како и секогаш досега, прекршувањето на Изборниот законик се случува претходно, а се однесува на неофицијалноста“ на предизборната кампања.

Деновиве со формирањето на „институтот“ ДЕМОС, според многумина „трета политичка опција“ која би трбало да го замени „ биполарниот политички амбиент во Македонија“. Потсетувањето на една тогашна неуспешна иницијатива- за формирање на политичка партија ГПМ треба да се „чита“ о тој контекст.

Интересно е што во него го бележам предизборниот „бисер“, односно „случајот“ Бучковски- Бонева кој неодамна доби судски епилог (Бучковски е осуден како виновен).

(повеќе..)

Балкан и Европа- Балкан во Европа

ноември 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Резултатите од едно истражување на Gallup Balkan Monitor и Европскиот фонд за Балканот под наслов „Во Европа ние веруваме“, чии резултати деновиве беа претставени во Европскиот политолошки центар, покажуваат дека севкупната општествено- економска состојба на Балканот се влошува, но не се намалува проевропското расположение. Освен во Хрватска, што е мошне интересно, а која е најблиску до членството во ЕУ. Можеби и нормално, очекувано, со оглед на се поголемото соочување со обврските и се поголемите задачи во врска со исполнувањето на европските стандарди.

Во секој случај ова истажување, што инаку се спроведува секоја година, би требало да има подеднаква важност, во не мал број на „аспекти“ и загриженост, како за земјите од Западниот Балкан, исто така и за ЕУ во целина. (повеќе..)

Престројување на ЕУ според Лисабонскиот договор

ноември 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Се смета дека клучни функции во „новата ЕУ“ се претседателот, шефот на дипломатијата и генералниот секретар на Советот.

Судејќи според изборот, првите оценки и коментари се дека суштината на политиката на заедницата по стапувањето на сила на Лисабонскиот договор, на 1. декември, ќе биде комрпомисот. Избраните се докажани „компромисери“, малку познати економисти, кои според многумина нема да им „пречат“ на лидерите на европските земји, ниту да го загрозуваат нивното значење.

Меѓутоа, од друга страна се поставува прашањето на кој начин ќе се спроведува неопходниот авторитет на ЕУ на внатрешен и надворешен план, а кој во изминативе години е прилично разнишан.

(повеќе..)

Вообичаени во овој период од годината: поплави во Велика Британија

ноември 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Досега нјаизобилните врнежи од дожд, регистрирани во оваа земја во историјата на следењето на метеоролошките збиднувања, предизвикаа големи поплави на северот на Англиј со катастрофални последици.

Меѓутоа, во изминативе неколку години- минатата, предминатата (лани во септември, а во 2007. на крајот од јули) се случувало истото- поплави со големи последици и жртви (лани во Велс, југозападна и северните предели на Англија).

(повеќе..)

Русија-Украина: договорена испораката на гас, но и ревизија на билатералните договори

ноември 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

На Европа и олесна. Од вчера има една грижа помалку. И тоа не баш мала, без оглед што Брисел пред три дена на заплашените им упати смирувачка порака- дека европските складишта за гас се целосно полни, а во текот на јануари идната година ќе биде зголемен протокот на гасоводот „Јамал – Европа“. Четвртина од потребите на ЕУ од гас обезбедува Русија, од што 80% доѓаат преку Украина.

Значи, континентот нема да има проблеми со гасот оваа зима  пред се благодарение на „расположбата“ помеѓу Путин и Тимошенко, односно на договорената нова формула за корекција на цените на рускиот гас за 2010- та: Украина од Русија купува гас, но и ги наплатува транзитните услуги. (повеќе..)

Пандемискиот А Х1Н1 и во Македонија

ноември 13, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Очекувано и најавувано, што ќе рече и напордно долгорочно подготвување за соочување и пренетивно- лекувачка битка, деновиве тн. свински грип почна интензиво да се шири и во Република Македонија. Се регистрираат се повеќе случаи на заболени дневно, а граѓаните се се повеќе загрижени, особено поради фактот што почесто се зааразуваат младите.

Самоиницијативноста во преземање на чекори за лична заштита е в ред (на пример носење на маски), но бидејќи се работи за специфичен односно нов вид на грип (првото појавување е забележано во 50- тите години на минатиот век) сепак треба внимателно да се следат  упатствата и препораките на одговорните и стручните. Особено треба да се води сметка да не се предизвика паника, а за што првенствена обврска имаат медиумите. Не оти нема место за неа (ширењето штотуку започна, па ќе биде се побрзо во наредните денови и недели), туку оти може да предизвика дополнителни проблеми и последици.

(повеќе..)

Озеленување на Македонија

ноември 13, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Не може да се очекува една манифестација, која заслужува почит и секаква поддршка, за кусо време- неколку години да го поправи она што со децении се уништувало, уривало, деградирало. Особено ако станува збор за промена на односот спрема природата: наместо атака, агресија врз неа, нејзина постојана загроза, дијалог, меѓусебно разбирање и помагање.

Благодарение на „Денот на дрвото“ светот почнува да ја препознава Република Македонија со уште една нова „слика“: со еколошка свест, со грижа за сопствената природа, човековата околина, за своја здрава и хумана иднина. Се одржа по четврти пат.

(повеќе..)

Има ли македонската опозиција „црвена линија“ при решавање на „спорот“ со Грција?

ноември 13, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Се почесто македонската парламентарна и вонпарламентарна опозиција бара да се седне за маса и да се утврди „национална стратегија“ за решавање на проблемот што го има Грција со името на Република Македонија, „каква што има јужниот сосед“. Настрана фактот дека неговата „црвена линија“ не е „консенсуална стратегија“, особено не поставена- формулирана низ „политички дијалог“ ( една од многуте опозиционерски ступидарии, според последиците еднаква на „антиквизацијата“), а имајќи предвид неразбирливи, пред се сомнителни ставови (како што е „договор по секоја цена“, предизборното ветување за решение за 6 месеци), крајно е време таа- македонската опозиција јасно и гласно, се разбира јавно, да се изјасни:

Која е нејзината „црвена линија“ преку која не би минала, макар земјава да добие уште едно вето односно да не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ?

Изјаснувањето е нужно, меѓу другото, за да не се губи време и залудно да не се троши енергија. Зашто, доколку е иста со онаа на власта ( добро позната- иденттитетот во сета негова комплексност, особено името на народот и неговиот јазик), тогаш чуму „нов договор“?

Меѓутоа, доколку смета дека може да се отстапи и од нив (да не е тоа „по секоја цена“?), тогаш…никакво договарање! Подобро да замолчи, да се „покрие“ за да не биде не само извикана, туку и исплукана.

(повеќе..)

Обама и надежите на американските Индијанци

ноември 06, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Обама е надеж и за индијанските племиња  во САД. За разлика од поранешните претседатели, тој им вети не само дека „нема да бидат заборавени во Белата куќа“, туку конкретни програми со издвоени значиутелни средства за нивна реализацја.

Овој месец во САД е прогласен за Месец на културата на американските Индијанци.

(повеќе..)

Масакр во американската воена база „Форт Худ“ во Тексас: 13 жртви на поулавен психијатар

ноември 06, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Освен 13- темина настрадани, ранети се уште 30- мина, а воениот психијатар мајор Малик Надал Хасан не е мртов, туку е тешко ранет и се наоѓа во болница во стабилна состојба.

Ова е една од најголемите загуби на војници на САД од војните во Ирак и Авганистан.

(повеќе..)

ИПАРД- фондовитe на ЕУ и во Македонија

ноември 06, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Станува збор за предпристапна програма на Европската унија, а нејзин составен дел е ИПА (Инструмент на претпристапна помош, на англ. Instrument for Preaccession Assistance) , односно нејзинара 5- та компонента- Рурален развој. Тоа се неповратни средства за поддршка на земјоделството и сточарството во вкупен износ од 60,7 милиони евра, а кои ќе се користат до 2011- та година.

Програмата и мерките за апликации за нивно користење ќе бидат објавен идниот месец. На првиот оглас ќе се аплицира за 40 милиони евра. (повеќе..)

Реален и развоен буџет за 2010- та година

ноември 06, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Предлог- буџетот за идната година е поголем за 100 милиони евра во однос на годинашниов, и тоа со пораст и на приходите и на расходите. Станува збор за 2, 3 милијарди евра или зголемување за 3,4%. Приходите од даноците ќе се зголемат за 65 милиони евра, а вкупното трошење ќе биде поголемо за 2,8% или 2,5 милијарди евра. Проектираниот- пресметаниот дефицит ќе изнесува 170 милиони евра.

Интересно, експертите се воздржуваат од првични анализи и проценки, а тоа посебно се однесува на опозицијата. Ставот дека при креирање на дефицит е поважно за што се трошат пари, со „задолжителната- дежурната“ забелешка за мали деца,  дека „едно е инвестиција да направите споменик, друго е капитална инвестиција да направите два километра автопат“, потврдува дека развојноста и реалноста не се спорни. (повеќе..)