Subscribe

Archive for октомври, 2009

Крај на тениската сезона

октомври 31, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Сезоната на тенисерките им заврши со Мастерс турнирот во Доха, а тенисерите ги чека финалната пресметка на 8- темина најдобри на планетата закажана за крајот на идниот месец во Лондон. Во меѓувреме ќе се одиграат и турнирите во Базел и Валенсија, како и Мастерс-от во Париз.

Годинашнава сезона ја одбележаа и два настана „покрај“ или „околу“ тениските терени: најавата за скорешен крај на кариерата на Надал и автобиографската книга на Андре Агаси во која „се исповеда“ дека се дрогирал.

(повеќе..)

Истрага против 30- мина американски конгресмени

октомври 31, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Допрва ќе се види која е „силата“ на овој најнов „конгресменски земјотрес“. И досега имало тн. етички истраги, но некои построги санкции не се применети. Освен пишување- испраќање на приватно писмо (до „истражениот“ или неговот застапник) со ослободителна „содржина“ или со строг укор.

Можно ли е нешто слично кај нас, во рамките на „сестраниот развој на демократијата“, макар резултатот да биде не писмо (не е популарно), туку СМС порака преку мобилен?

Засега „немат шанца“. Не затоа што немаме парламентарци кои„заслужуваат“ да „паднат“ под истрага (пробајте да ги изброите според лична слободна проценка невините „ѓоа јагненца“), туку оти не е можно да се формира истражно тело какво што е американскиот Етички одбор на Претставничкиот дом. (повеќе..)

Хрватска од јануари 2012. членка на ЕУ

октомври 31, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Беше 2009., па 2010., па 2011, а сега јануари 2012. е „најверојатно“ датумот кога Хрватска ќе стане членка на Европпската унија. Меѓутоа, веќе се јавија анализи и проценки дека е се понереално таа да ги заклучи преговорите до крајот на годинава, а што е услов за да се „достигне“ тој датум.

Како и да е, Хрватска го привршува чекорењето кон членство во ЕУ, а веќе е позната и финансиската „добивка“ по влегувањето, во првите две години: повеќе од 3,5 милијарди евра! (повеќе..)

Нова гасна криза во Европа?

октомври 31, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Реална е опасноста со почетокот на зимата да избувне нова гасна криза каква што се случи на почетокот од јануари годинава. Причина е одново Украина, нејзината неспособност да продолжи со редовна исплата на испорачаниот руски гас, а поради длабоката економска криза.

Путин навреме ја предупредува Европа, а таа засега „глуми“ ладнокрвност.

(повеќе..)

Отстапките се неопходни од двете страни

октомври 31, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов даде интервју за Би- Би- Си во кое повторува познати ставови (константа) за проблемот на Грција со името на земјава, но и дава попрецизнин ставови за суштината на нужното компромисно решение (фер и разумен компромис).

Некои медиуми (тенденциозни, блиски на опозицијата) одговорот на прашањето во врска со референдумот го оценија како промена на неговиот став, иако по ништо не се разликува од досегашните искази. Можноста за „друг начин како да се дојде до одлука“ не е промена, туку само „логика“ по решение „со кое мнозинството ќе биде задоволено“.

(повеќе..)

Ирак се покрвав

октомври 25, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Веќе не е спорно дека на САД им се случува „нов Виентам“, можеби и потежок во однос на завршувањето- разрешувањето на ирачката војна, а особено во однос на долгорочните последици кога се има предвид геостратешкото значење на Блискиот Исток. Со други зборови, тие несомнено доживуваат и дпрва ќе доживеат тежок пораз од кој е/ќе биде многу тешко да извлечат „жива глава“.

„Извозот на демократијата“ на Џорџ Буш се претвори во „извоз“ на долготрајна (безгранична?) граѓанска војна. Очигледно, на претседателот Обама и неговиот тим ќе му бидат потребни многу мудрост, рационалност, па и храброст не за да ја извлечат земјата од крвавиот Ирак (најмалку со едноставното повлекување на воените трупи кое започна на 1- ви јули), туку да не бидат „исфрлени“ од него како „нафтени убијци на демократијата“. (повеќе..)

Здодевно, банално, жално и сожалувачко

октомври 25, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Се менува ли нешто на македонската политичка сцена? Несомнено не! Владејачките партии, на чело со ВМРО- ДПМНЕ, се толку зацврстени на своите позиции (тоа не го покажуваат само оние на рејтинг листите) што можат спокојно да работат до следните избори, да сработат многу од ветеното и без никаков проблем, уште помалку стравување да очекуваат нова изборна победа. Додатен голем поен за нив е евро- интегративниот процес на Балканот (не само Западниот), се разбира со нужно реализираните реформи и оние што допрва следат во интензивирањето на преговарачкиот процес за членство на Република Македонија во ЕУ. Реално е да се очекува дека проблемот на Грција со името на земјава наскоро ќе се надмине и сигурно не како „предавство, пораз, срам…“, туку како  обостран и пристоен компромис, а што исто така ќе биде впишано во позитивното конто на актуелната власт.

Опзоцијата практично не постои. Главната- СДСМ Црвенковски не успеа да ја „преврти“ од „роза“ во „тупаница“, без оглед што, како што се пофали новото раководство, е сменета околу 95% од елитата до неговото „старо- ново“ лидерство. Нејзе не само што воопошто не и одговараат „брзи“ (предвремени) избори, туку уште сега е јасно дека на следните редовни, ако не се „случи“ нешто радикално, ќе доживее нов, можеби „нешто поблаг“ пораз.

Всушност, ништо не е променето во изминативе неколку години и ништо не се менува. Тоа го потврдува и мојот текст објавен под горниот наслов во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ на 13.03.2006. Уверете се сами:

(повеќе..)

Лисабонскиот договор и европската демократија

октомври 17, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Да потсетам, договорот е потпишан на 13.12.2007. во Лисабон, а неговиот официјален назив е „Договор за измени и дополнувања на Договорот за создавање на Европската унија (Мастрихтски договор) и Договорот за создавање на Европска економска заедница-ЕЕЗ (Римски договор)“.

Процесот на неговата ратификација беше предвидено да заврши на 01.01.2009., по што требаше да стапи на сила. Всушност, тој е замена на Европскиот устав што беше отфрлен на референдумите во Франција и Германија во 2005. Година.

Веднаш по потпишувањето, а особено со почетокот на процесот на ратификацијата, се појавија различни коментари и анализи, со определби „за“ и „против“, од кои не мал број со сериозно предупредување дека тој има „задни намери“ (ЕУ како нова држава, нова светска сила…), а најсериозното дека е спротивен на основните принципи на демократијата!

(повеќе..)

Тежок пораз на македонската опозиција; можно решение на „спорот“ за името

октомври 17, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Македонската опозиција и нејзините медиумски трабанти ја добија можеби најголемата шлаканица во сето досегашно опозиционерско дејствување. И тоа „најголемиот дел“ од неа не од позицијата- партиите на власт (не само ВМРО- ДПМНЕ), туку од „меѓународниот фактор“, поточно од  Европската комисија. Иако од петни жили се трудеа, како досега, нејзините членови да ги „онерасположат“, па да напишат „избалансиран извештај за Македонија со многу повеќе забелешки отколку пофалби“ и да не дадат препорака за определување на датум за почеток на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ, со „горчина в уста“ мораа да констатираат дека препораката е „сепак добиена“. Ама…

(повеќе..)

За што се доделува Нобеловата награда за мир

октомври 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Иако не е логично (како за што кога се доделува за мир?), прашањево е сосема на место. Го поставуваат многумина експерти, угледни светски аналитичари, а помеѓу нив и по некој домашен (не мислам само на мојата дребност).

Можеби е попрецизно (не поточно) тоа да се праша Нобеливот комитет што годинава му ја доделија на американскиот претседател Барак Обама: за што, односно за какво или какви дела (победа/победи) кои би можеле (требало) да ги именува? (повеќе..)

Политичка ступидарија: решение за името со кое ќе нема поразен и победник!

октомври 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Како што се очекува(ше), притисокот за решавање на проблемот на Грција со името на Република Македонија од „меѓународниот фактор“ деновиве стана мошне силен, а во следниве недели и месеци сигурно ќе кулминира, по што, логично, решение ќе мора да се најде или ќе се наметне. Тој не е насочен само кон Република Македонија, туку и кон Грција, а во насока на нужен, неминовен компромис. Тоа би можело да се оцени како успех на македонските власти (Владата и претседателот на државата), а со оглед на досегашното „разбирање“ на јужниот сосед од страна на неговите сојузници во ЕУ и НАТО. Мошне забвележливо е дека се одбегнува проблемот да се нарекува спор или да се назначува како билатерален, што беше постојано потенцирано, а Република Македонија и новата власт во Грција се повикуваат што поскоро да го „затворат прашањето“.

(повеќе..)

Помеѓу политичкиот и државниот фолклор

октомври 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Нашите политиколози и другите „специјално учени“ малку се занимаваат со политичкиот фолклор како феномен на современото демократско плуралистичко општество. Можеби затоа што тој не е толку препознатлив во секојдневните активности на политичките партии, пред се на нивните лидери (најчесто се „врзува“ за нивниот настап во јавноста односно нивниот вокабулар). Па, следствено, и не е „загрижувачки“.

Меѓутоа, главното прашање е: што е се дел од политичкиот фолклор на македонската политичка сцена и колку е тој минлив, а колку се продолжува- негува? Поконкретно: дали предизборниот политички фолклор (најприсутен и најпрепознатлив) продолжува да се „реализира“ по победата на избори (меѓу другото, извојувана и благодарение на него)?

Пред парламентарните избори во 2006- та година објавив текст п0д наслов- прашање  „Со политички фолклор до државен?“ (на 10.04.2006.). Мислам дека напишаното во него допрва ќе се (ре)актуелизира, и тоа токму со јазикот на иронијата и сатирата „како судбина“.

(повеќе..)

А кој очекува датум за преговори?

октомври 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

На А1 ТВ, пред се на новинарите од информативната редакција ,треба да и се признае очигледната предност во однос на другите електронски медиуми, а особено кога станува збор за професионалноста и ексклузивноста во нејзини рамки. Воопшто не изненадува тоа што единствено оваа македонска телевизија дојде „предвреме“ до нацрт- текст или работна верзија на најновиот извештај на Европската комисија, со „акцент“ дека во него нема препорака за почеток на преговори на Република Македонија за членство во ЕУ.

(повеќе..)

Полесно со Папандреу? Не, туку поразумно и порелаксирано.

октомври 06, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Воопшто не беше теко да се предвиди поразот на Караманлис и неговата „Нова демократија“ на штотуку завршените парламентарни избори во Грција. Тоа го предвидуваа не само истражувањата на јавното мислење, убедливото водство на рејтинг листите на довербата на гласачкото тело во партијата ПАСОК и нејзиниот лидер Јоргос Папандреу, туку пред се катастрофално лошата економско- социјална политика на внатрешен (во тие рамки и огромната корумпираност на владиниот кабинет), како и ригидната националистичка, а од сојузниците во ЕУ и НАТО видливо маргинализирана позиција на меѓународен план.

Меѓутоа, малкумина аналитичари и хроничари (помеѓу нив и мојата дребност) предвидоа дека овие избори ќе значат крај за политичката кариера на очигледно неспособниот, ограничен, лош, европски „нестандарден“ Караманлис (кого ниту членовите на неговата партија веќе не можеа да го поднесат).

(повеќе..)