Рецесијата не е никаков бауч
Оној што има барем просечни познавања од економијата и финансиите, барем површно ги следи светските економски текови, прво воопшто не би ја прашувал Владата (ресорниот министер) дали Република Македонија е во рецесија или не (демек, Владата „да признае“), а второ би барал- предлагал внимателни, темелно осмислени и долгорочни мерки за нејзино совладување.
На човек да му се смачи читајќи- слушајќи некои новинари- медиуми и партиски војници со каков дилетантизам ги „мешаат“ актуелните глобални, регионални и локални- македонски економски прашања и проблеми. Еднакво како идиотизмот на една “новинарка“ наречен „антиквизација“ и поранешниот (исто така (и) нејзин) „политички дијалог“. (повеќе..)

Пораката на новиот генерален секретар на НАТО Данајската република (Грција) да престане да го блокира приемот на Република Македонија не е нова, неочекувана, а најмалку изненадувачка. „Влегува“ во рамките на неговата веќе јасно искажана целосна посветеност на политиката на отворена врата на алијансата.
Тој е македонски примерен спортист, со бележити резултати и успеси во светски рамки. На 29 години ја заврши својата кариера со она што веќе се третира повеќе симболички- „круна“ на маратонското пливање. Во историјата ќе биде запишан како трет кој успеа да го преплива Ла Манш, по Нико Нестор во 1959- та и Атина Бојаџи една деценија потоа. Со тоа заслужено се стекна со националното спортско признание, популарно наречено „спортска пензија“, што ја доделува Агенцијата за млади и спорт во соработка со Владата на Република Македонија. Признанието го доби од премиерот Никола Груевски.
Не е првпат пратениците (во друг- претходен состав) во некој „необичен“, па и клучен момент да го покажуваат сопственото бесрамно лице кога станува збор за личниот интерес, односно за нивните привилегии. И она што им е „пропишано“ се разоткрива како „ненормално“, а пред се недостојно- недостоинствено, па и нелогично и смешно.
Во 21- ов век Данајската република (Грција) се однесува како да живее и дејствува во 19- от и 20- от, иако е „заслужено“ модерна евро- натовска држава. Раководството во Атина очигледно се уште мисли дека светот е поделен на „големи“ и „мали“, а големите можат да им се закануваат на малите, да ги блокираат, да им поставуваат услови, да се однесуваат арогантно спрема нив. Притоа не ни помислувајќи, ниту разбирајќи дека токму „малите“ отсекогаш биле, се и ќе бидат поголеми од „големите“. Со своето достоинство, со своето опстојување, доследност, разум, мудрост, со својот идентитет. И, што е најважно, „големите“ не ги третираат и не се однесуваат спрема нив како „мали“, туку како рамноправни со нив во името на соживотот, заедништвото, развојната перспектива. Да, и во името на евро- натовското односно глобалното интегрирање.
На 26.01.2006- та година го објавив текстот под горниот наслов за една необична, но над се ступидна акција или предизборна политичка кампања на Либерално- демократската партија на Македонија (ЛДП). Тогашен нејзин лидер беше Ристо Пенов. Таа не само што не беше успешна, туку кај јавноста односно народот воопшто (и оној дел од него што „пет пари не дава за политиката“) предизвика дури потсмев, па и мајтапење. 




