Она што деновиве македонската опозиција и „независното“ односно нејзиното новинарство се обидоа да го постават во „центарот“ на јавното мислење е само уште еден „надуен балон“ кој, заедно со сите досегашни, не може да си го припише како свој успех (не само затоа што е тоа).
Имено, се случи и се случува истото како со „притискањето“ на власта за „политички дијалог“ (а всушност барање за „посредно“ учество во владеењето), со „антиквизацијата“ на Македонија (политичко- новинарска ступидарија par excellence), со демонстрациите против изградба на црква на плоштадот „Македонија“ (одлука „верифицирана“ и од Уставниот суд) и опасната игра на потпалување на меѓуконфесионален „оган“ (со поттикнување на „рамнотежно барање“ за реизградба на Бурмали џамијата), со негативната оценка за преземените економски мерки на Владата за ублажување на последиците од економската криза односно рецесија (позитивна од сите домашни и меѓународни експерти, бизнисмени, интитуции, но и со несомнени позитивни ефекти)… Следниот „балон“ кој е веќе најавен (однапред „надуен“) е проектот „Жичница до Милениумскиот крст на Водно“).
Од друга страна, како што веќе имам забележано, позицијата- власта (пред се партијата ВМРО-ДПМНЕ) се почесто реагира недоволно подготвено, недоволно аргументирано и игнорантски (што е најлошо), иако и се „нуди“ одличен „материјал“ за обработка (најмногу за „пердашење“). Што секако, доколку не се промени, мошне брзо ќе се одрази на рејтингот, конкретно довербата кај народот. (повеќе..)