Продолжува давењето на македонскиот мафијашки фудбал
Само „слепите оптимисти“ се надеваа дека македонската селекција може да направи чудо на средбата со Холандија во Амстердам, мислејќи на нерешен резултат или „достоинствен“ пораз (што е „недостоинствен“?). Синоќешните 4 лесн холандски гола во својата мрежа не се никаков дебакл, ниту отрезнувачки пораз, туку само уште една потврда на „клиничката смрт“ во која предолго се наоѓа македонскиот фудбал, па час поскоро врз него треба да се изврши „евтаназија“.Во квалификацискииот натпревар за Светското првенство во Јужн Африка однапред се знаеше дека Холандија е апсолутен фаворит, во моментов една од најсилните селекции на светот, па не се проблем 4- те примени гола (можеа да бидат и повеќе). Разочарувањето, поточно рамнодушноста иде од фактот дека во Македонија не се играло досега, не се игра, ниту во догледно време ќе почне да се игра професионален- профитен фудбал. Тоа едновремено значи дека, со оглед што нема враќање во аматерските води (тоа не е можно ниту со „државен декрет“), давењето ќе продолжи се додека во професионалните има макар еден тим и макар еден фудбалски „федералец“ (да, мислам на „најпрвите“ во ФФМ на кои, нормално, ни на крајот од малиот мозок не им паѓа да понесат лична одговорност за состојбите, да се „исчистат“; а не им паѓа ниту на оние што „цврсто“ стојат зад нив; прашање е дали на таквите тој- малиот мозок воопшто им „функционира“).

Досегашниот селектор Среќко Катанец (веројатно ќе биде сменет односно мафијашите ќе се „покријат“ со нов) има право кога оценува дека причина за овој срамен пораз (повторувам, не од резултатот, туку од „изданието“ на македонската репезентација) е најмногу недоволната физичка подготвеност. А зошто тој како селектор, заедно со својот „стручен шаб“, не ја направил „доволна“? Како? Па, како секој друг стручен, искусен, способен селектор: со поширок (море најширок!) список на играчи, од кои најмногу физички подготвени, но и амбициозни, инвентивни, зрели („печени“ и „испечени“ во најдобрите светски фудбалски лиги; се осмелува ли некој- не само Катанец, да тврди дека ги нема?), кои ќе ги разнишаат- разбркаат сигурните, со одамна докажани ептен скромни, на најниско ниво аматерски можности. Прашање на кое и Катанец и „штабот“ и „федералците“ мораат да (си) одговорат: зошто на списокот за натпреварот со Холандија беа 23- ца играчи, од кои дури тројца голмани, кога го (од)играа само „најстандардните“?
Ништо не значи признанието на еден од „таквите“, Горан Пандев:
„Знаевме дека не очекува тешка средба. Во првото полувреме не ги исполнивме задачите на селекторот и дојде високиот пораз. Ова е нашата реалност“.
И тој ги спомнува физичките подготовки на репезентативците на Холандија, кои биле „на високо ниво“, но го премолчува еднонеделниот карантин во Холандија,
чиј резултат остана само судирот помеѓу него и селекторот што, номално, и тоа како се рефлектираше на атмосферата во тимот.
Хаџиристески се надева и на трет претседателски мандат (претседател на ФФМ)?! Има право човекот. Без оглед што би било смешно да не е трагично. Не за сегашниот мафијашки, туку за идниот „исчистен“, „бистар“, пофесионален македонски фудбал.
Инаку, вчера се одиграа 23 натпевари од евро- зоната, а 3 репрезентации со досега максимален учинок ги продолжуват квалификационите натпревари за Светското првенство во 2010- та во Јужна Африка: Холандија (група 9), Англија (група 6) и Шпанија (група 5).
Резлтати:
Група 9: Холандија – Македонија 4:0, Шкотска – Исланд 2:1. Холандија е прва со 15, втора е Шкотска со 7, на третото место Исланд со 4 бодови, Македонија е четврта со 3 (без ниту теоетски шанси за пласман на СП),а последна е Норвешка со досега 2 освоени бода;
Група 1: Унгарија – Малта 3:0, Данска – Албанија 3:0. На табелата води Данска со 13 бодови, а следат Унгарија со 13 (послаба гол разлика), Португалија, Шведска и Албанија имаат по 6 бодови, а последна е Малта со 1 освоен бод;
Група 2: Летонија – Луксембург 2:0, Швајцарија – Молдавија 2:0, Грција – Израел 2:1. Грција и Швајцарија имаат по 13, Израел е трет со 9, Луксембург четврти со 4, а последна селекцијата на Молдавија со 1 бод;
Група 3: С. Ирска – Словенија 1:0, Полска – Сан Марино 10:0 (!), Чешка – Словачка 1:2. На табелата С. Ирска е прва со 13, втора Словачка со 12, а потоа следат Полска- 10, Чешка- 8, Словенија- 8 и Сан Марино без бодови;
Група 4: Лихтенштајн – Русија 0:1, Велс – Германија 0:2. Табела: Германија- 16, Русија- 12, Финска- 7, Велс- 6, Азербејџан- 1, Лихтенштајн- 1 бод;
Група 5: Естонија – Ерменија 1:0, БиХ – Белгија 2:1, Турција – Шпанија 1:2. Табела: Шпанија- 18, БиХ- 12, Турција- 8, Белгија- 7, Естонија- 5, Ерменија- 1 бод;
Група 6: Казахстан – Белорусија 1:5, Англија – Украина 2:1, Андора – Хрватска 0:2. Табела: Англија- 15, Хрватска- 10, Украина- 7, Белорусија- 6, Казахстан- 3, Андора- 0 бодови;
Група 7: Австрија – Романија 2:1, Франција – Литванија 1:0. Табела: Србија- 12, Франција- 10, Литванија- 9, Австрија- 7, Романија- 4, Фарски Острови 1 бод;
Група 8: Бугарија – Кипар 2:0, Грузија – Црна Гора 0:0, Италија – Р. Ирска 1:1. Табела: Италија- 14, Р. Ирска- 12, Бугарија- 7, Кипар 4, Црна Гора 3, Грузија 3 бода.






