Болест на развиениот свет: аутизам
Одбележувањето на денов како Меѓународен ден на борба против аутизмот (резолуцијата е донесена на Генералното собрание на ОН во декември 2007- ма година) не значи само свртување на светската јавност кон оваа болест. Во последниве 20 години таа мошне интензивно се шири пред се во развиениот свет, па целта е да се поттикнат властите и здравствените стручњаци да го засилат ангажирањето во грижта и згрижувањето, како и изнаоѓањето на лекарства за превенција и лекување. Најзагрижувачко е тоа што аутизмот најмногу ја напаѓа најмладата популација- иднината на човештвото.
Болните од аутизам се околу нас, помеѓу нас, а се уште сме немоќни да ја спречиме, да се справуваме со неа.
Во овој момент ширум светот од аутизам се заболени десетина милиони луѓе, а во последните 20 години тој е нагло проширен.
Она што родителите најчесто прво го забележуваат е дека детето се изделува од најблиската околина и не се одѕива на повиците на своите најблиски, а исто така не реагира на својата непосредна околина. Говорот, доколку го има, мошне често назадува или постапно се губи.
Дете со аутизам користи само прости реченици, одделни зборови, говори за себе во трето лице, се јавува „ехолалија“ (говор како одек на туѓи зборови) или со гест го покажува она што сака така што најблиското лице го фаќа за рака и го одведува до саканиот предмет или место. Се јавува карактеристично треперење на прстите, рацете, нишање в место. Детето мошне често се врзува за еден предмет од кој не се дели ниту додека спие, а доколку му се земе доаѓа до бурна реакција. Секоја промена на место, распоред на предмети, како и нови лица можат да предизвикаат бурна реакција и фрустрација. Заболеното дете е наклонето на промена на однесувањето така што може да покаже и агресија и автоагресија, истакнуваат стручњаците. Основниот проблем помеѓу таквите деца е остварување на комуникација.
Аутизмот е биолошко пореметување на мозокот кое ги оштетува комуникацијата и општествените вештини. Аутистите се опишуваат како лица кои се „во својот свет“. Многумина од нив, кои добро функционираат, опишуваат два света: „свој свет“ и „надворешен свет“. Своите искуства ги опишуваат како „размислување во слики“.
Постои поширока дефиниција на оваа болест: органски и развоен дефект на мозокот кој се изразува со неможност на развој на јазикот на комуникацијата и останатите форми на општествена комуникација.
Аутизмот се јавува кај 2 до 5 деца на 10.000 родени и е 1,5 пати почест кај машките. Една од теориите која го објаснува аутизмот е тн. „теорија на мислите“ која подразбира пореметување на способноста за проценка на мислите на други луѓе. Нормалните деца оваа способност ја стекнуваат по 4- тата година.
Некои аутистички деца покажуваат исклучителни моторни, математички и други вештини. Често се опсесивно преокупирани со објекти во движење, светлина, текушта вода или ротирачки објекти. Кај повеќето пореметувањето се забележува подоцна во детството, а тежината зависи најмногу од коефициентот на интелигенцијата. Околу 30% од аутистичките деца добиваат епилепсија. Со стареењето сите карактеристики на аутизам стануваат поизразени. Значително подобрување може да се очекува во 1 од 20 деца.
Дијагнозата на аутизам ја поставува тим на стручњаци во кој задолжително се наоѓаат детски психијатар, дефектолог и психолог. Прв чекор е тестирање, тестирање и пак тестирање. Некои од препорачаните тестови вклучуваат, но не се ограничени на: алергија на храна, органски киселини, аминокиселини, одредување на нивото на серотонин, имунолошки тестирања (вклучувајќи го нивото на антитела), функцијата на црниот дроб, штитната жлезда, присуството на тешки метали во организмот, невролошки тестови како што се MR, EEG, CT. Тестирањата на системот за варење, како што се ендоскопските пребарувања, можат исто така да се ординираат. При се е потребно да се решава проблем по проблем и на секој да му се приоѓа посебно.
Француските стручњаци дошле до интересно откритие: дека учењето на свирење на клавир во голема мера им помага на аутистичките лица. Тие констатирале дека музиката им помага да излезат од сопствената изолација. Музиката може да биде, како што истакнуваат, вистински посредник помеѓу нив и нивната околина, односно одличен начин на комуникација која не се одвива со зборови.
Факти:
Аутизмот е трето наследно развојно пореметување според зачестеноста, по менталната ретардација и церебрална тапарализа. Тоа е почесто пореметување отколку мултиплекс склерозата, цистичната фиброза или тумортеи во детското доба.
За истражување на аутизмот се издвојуваат сенасе 5% средства во однос на другите болести со слична појавност и зачестеност.
Многу деца аутисти напредуваат енормно добро, па по некое време не се разликуваат од своите врсници. Бихевиоралните терапии, правилната исхрана, надоместувачко давање на витамини и минерали, како и медицински интервенции се некои од третманите кои се користат со успех. Некои од нив се сметаат за експериментални и не ги поддржува медицинската заедница. Често како единствена помош се нудат антидепресиви. Иако тие можат да доведат до олеснување, не помагаат во решавањето на темелниот физиолошки проблем што може да постои.
Кај повеќето аутисти постојат неправилности во 4 големи органски системи: нервниот, имунолошкиот, еднокриниот и системот за варење.
Нутриционистичките интервенции низ надоместување на минерали и витамини прават значаен дел од лечењето на аутизам. Многу пристапи позитивно ќе влијаат врз однесувањето. Еден од нив е и лечење со исхрана без глутеин и казеин. Двата се слични протеини кој кај некои аутистични деца можат да влијаат негативно врз мозочните функции и да предизвикаат појава на кожни и симптоми на варење. Пред почетокот на ваквиот начин на исхрана е потребно советување со педијатар или семеен лекар.
Борбата против аутизмот подразбира соодветно внимание и третирање на пошироката заедница, а грижата за болните да не им се препушта само на нивните најблиски.






