Црвенковски во Брисел: содржина иста, форма малку различна од „стандардната“
Прошталните средби на Бранко Црвенковски со најзначајните европски соговорници во Брисел се само вообичаена „завршна форма“ на мандат на еден државник во чија ингеренција, меѓу другото, е претставување, застапување на државата на меѓународната сцена и одбрана на нејзините интереси, дигнитет, интегритет и идентитет. На нив не може да се очекуа друго, освен куса заедничка ретроспектива на постигањата и проблемите односно неостварените цели на меѓусебното заедничко дејствување и потврда на основните заложби и конкретни барања што останува да бидат реализирани во наредниот период, а како пораки до „новите власти“. Следствено, несериозно и инфантилно е пораките на „главните“ европски соговорници да се оценуваат како „ се посилни“ или „силни“ и оти токму поради нив средбите „ќе останат запаметени“. Да, ќе останат забележани на „соодветно место“ ( и во нашиов „Хрономер“), но дека ќе се запаметат…

Да, рецесијата се посилно тропа и на нашата врата, го „слушаме“ односно чувствуваме тоа од ден на ден се повеќе. Се уште не ја отвора, но повеќе од сигурно е дека ќе влезе, и тоа без употреба на поголем напор односно „туркање“. Треба ли да се плашиме од неа?
Очигледно е дека актуелната опозицијa (пред се СДСМ) од ден на ден зема се поголем „замав“ во својата „конструктивна“ активност, едновремено обидувајќи се да се соземе од претрпениот шок поради катастрофалните порази на претседателските и локалните избори (да се престрои во од). Дури не води сметка дека е едноставно неможно, „неприродно“ да се смени власта, да се преврти расположението на граѓаните кон неа за само месец- два.
На оние што живеат и работат во главниот град на Република Македонија не им се потребни никакви истражувања за да „дознаат“ колку е тој наблаго речено несоодветен за живеење, колку е урбана средина во вистинската смисла на зборот. Сепак, кога во една традиционална, мошне компетентна светска листа Скопје ќе се рангира на 151-то место, од 215 во светот, некои од нив се задоволни од „златната средина“, но многу повеќе на број се оние што тоа им е „мошне блиску“ до последното. Особено кога за една година на листата „напредувал“ само за три места и кога ќе помисли дека, според се, е далеку од вистинска метропола. А има ни помалку ни повеќе, туку „цели“ 10 –мина градоначалници плус еден „координативен“.
Судскиот процес на терористичката група во САД и самата пресуда на браќата родени во Дебар немаат никакво значење, а најмалку „товар“ кој би требало да предизвика некаков „специјален“ ангажман. Што ќе рече останува во доменот на „внатрешните работи“ и „мало камче“ во мозаикот наречен „Борба против светскиот тероризам“.
Напоредно со пакетот кризни мерки, Владата на Македонија работи и на вториот мошне важен проблем, еден од клучните за моментно, но и среднорочно спротивставување на економската криза која и на земјава и се заканува со рецесија. Таа се уште не е „стасана“, но сериозно, се посилно тропа на врата со реални шанси насилно да ја „искрши“. Се работи за обезбедување на „свежи пари“ со кои ќе биде амортизиран финансискиот дел од кризата. Притисокот станува се поголем со оглед на очекуваниот пад на интересот за државните записи кои се случи денеска.
На почетокот од април 2006- та година, во рамките на серијата текстови по повод претстојните парламентарни избори во Република Македонија, во електронскиот весник „Дневен е- еснаф“ објавив и текст под горниот наслов, а како реакција на сеприсутната (малодушна) констатација дека на македонската политичка цена нема нови луѓе со нови идеи. Во тој период го промовирав проектот „Нова политичка партија- Граѓанска партија на Македонија“, која со мала група на млади интелектуалци и познати личности во различни професии се обидов да ја формирам, но тоа (навреме?) беше спречено. Дури во дневниот печат излезе и оглас со основните партиски заложби и покана за членство. Тој проект е објавен на овој блог (види почетна страница) како авторска заштита, но без лична амбиција да се реализира во догледно време, иако има наднаслов „Во формирање“.
По повод почнувањето на „правната битка“ за Косово пред Меѓународниот суд на правдата, со предавањето на поднесоци на 17- ти овој месец од страна на правните тимови на Белград и Приштина, мошне широко во светот одекнаа две изјави односно два става на видни личности, со мошне цврсти аргументи за

Следејќи внимателно и објективно (крајно непристрасно односно неутрално) што се случува по одлуката на Уставниот суд на Македонија да го укинe членот 26 од Законот за основно образование, со кој беше овозможено да се организира верско образование за основците, се наметнуваат низа прашања и дилеми од кои, особено по некои коментари на домашни експерти и сугестии- оценки на странски дипломати, две се чинат најважни: дали се работи за точно и прецизно толкување на македонскиот Устав (гарантираната секуларност) и можно ли е тоа да претставува еден од главните проблеми што ги загрозуваат демократските придобивки, граѓанските слободи и права, меѓунационалните- меѓуконфесионалните односи итн.
Ако не се земе предвид „формата“, последната средба со дипломатскиот кор во земјава Бранко Црвенковски ја имаше не како проштална на претседател на Македонија и Врховен командант на нејзините оружени сили односно на АРМ, туку како прва на „старо- новиот“ лидер на СДСМ и, се разбира, идниот најголем македонски опозиционер.



