Нова еколошка катастрофа
Она што се случува на 60 километри долгото австралиско крајбрежје претставува уште едно од последните предупредувања на човековата „цивилизација“ (овојпат со полно право во наводници) од страна на планетата Земја: доколку се продолжи со вакви (не)природни катастрофи, живиот свет во планетарниот систем не ќе може да се одржи, ќе почне се поинтензивно да исчезнува. Природата одамна ја изгубила својата рамнотежа, па со драстичните климатски примени само се обидува да (си) го спаси (пре)останатото.
60- километри од источниот брег во државата Квинсленд Австралија ги прогласи за зона на катастрофа, откако пред два дена повеќе од 230 тони нафта и отровни хемикалии (!) истекоа в море.
Како што објавија светските агенции, за време на бурното невреме од товарниот брод „Pacific Adventurer“, долг 180 метри, регистриран во Хонг Конг, контејнери со отровен товар се превртеле во морето, а при падот е оштетен трупот на бродот од кој истекла нафта. Поточно, во морето се излеале 31 контејнери ѓубриво амонијак нитрат или 620 тони.
Штетите кои допрва ќе бидат нанесени се со незамисливи размери- гушење на рибите, смрт на цутењето на алгите и уништување на природните живеалишта. Саншајн, Моретон и островите Бриби, инаку национални паркови, се домови на многу птици и други суштества како делфини, желки и пеликани.
Во тек е истрага на најголемотом загадување во последниве децении. Предупредени се сите жители и туристи дека се работи за отровна тиња која е канцерогена и и се заканува на природата.
Интересно е дека, иако и самиот премиер повикал на трошење на сите средства за чистење на морето, што би можело да чини неколку милиони долари, на крајот чистењето ќе го плати фирмата „Swire Shipping Ltd“, во чија сопственост е танкерот. Ако го обвинат за загадување на околината, сопственикот на таа компанија ќе биде казнет со 1,5 милиони долари, плус трошоците за чистење на брегот кои изнесуваат 100.000 долари на ден, а за што ќе бидат потребни неколку недели.






