Катастрофален пораз на СДСМ во првиот круг!

Сосема е разбирлива лошата глума на „весело расположение“ на раководството на СДСМ, но не и немањето на претходни подготовки (пред огледало, на имрповизирана сцена…). Затоа што резултатите од првиот круг на претседателските и локалните избори- 2009 -та можеа лесно да се предвидат. Па и дека за оваа партија и македонската опозиција воопшто ќе бидат катастрофални подготовки (пред огледало, на имрповизирана сцена…).
Меѓутоа, зачудува несериозноста и наивноста при првичните анализи, без оглед што „пресовите“ по завршувањето на гласањето се секогаш „за народ“, а „отрезнувањето“ доаѓа ден- два подоцна, односно по објавувањето на конечните резултати од страна на ДИК.
Очигледно, опозицијата, а пред се СДСМ е во агонија. Некои можеби со право констатираат и „клиничка смрт“. Големо прашање е дали во скоро време ќе се најде некој, макар бил и „папа“, што ќе ја врати „меѓу живите“ и ќе почне да ја „заживува“ на македонската политичка сцена.
Еден мој текст на овој блог, посветен токму на кризата на СДСМ односно опозиција по поразот на вонредните парламентарни избори-2008- ма, го насловив „Или ‘чистка‘ ил и ‘бришка‘“. „Чистката“ не е ниту почната, не се знае ни дали, ни кога ќе почне, а „бришката“, за жал, продолжува со забрзано темпо.
Најнапред мора да се потенцира сеопштото задоволство (и домашното- на позицијата и опозицијата, и меѓународното) од мирните, регуларни, фер и демократски избори (обвиненијата за нефер се безначајни). Граѓаните на Република Македонија не го „положија испитот на зрелоста“, како што без премисла оценија домашни медиуми согласувајќи се со „надмените“ од меѓународната (како тие да се „зрелите“), туку докажаа дека знаат „што е што“, особено „каде лежи зајакот“- одговорноста за нив. Нивната е само во свеста да не дозволуваат да маинпулираат со нив, со нивното неприкосновено право на глас, на слободен избор, да даваат отпор на секакви, а најмногу на партиски условувања, заплашувања, закани…Ако и вториот круг не помине како првиот, тие сигурно конечно ќе ги преземат работите во свои раце и ќе го „расчиста теренот“.
Доволни се само првични споредбени анализи со претходни избори (претседателски со претседателски, локални со локални) за да се заклучи дека во првиот круг ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ катастрофално ги поразија СДСМ и „раздрнданата“ опозиција. Имајќи ги предвид резултатите од вториот круг на истите претходни (2004- та и 2005- та), големо прашање е дали тој пораз барем малку ќе биде ублажен. „Попрва“ е проценката дека ќе биде уште потежок и пожесток.
Во првиот круг на претседателските избори- 2009- та кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ (СДСМ и „другата“ опозиција постојано ја „забораваат“ коалицијата), Ѓорге Иванов, освои 343.374 гласови или 35,06% од вкупните гласови. Кандидатот на СДСМ и НСДП (да се има предвид дека е кандидат и на партијата на Тито Петковски), Љубомир Фрчковски, е втор со 200.316 освоени гласови или 20,45%. Трет на листата е Имер Селмани од Нова демократија, со 146.795 гласови- 14,99%, а Љубе Бошкоски е четврти со добиени 145.638 гласови- 14,87%. Агрон Буџаку од ДУИ освои 73.567- 7,51%, Нано Ружин, кандидат на ЛДП, 39.645- 4,05%, а последна е Мируше Хоџа од ДПА со освоени 30.281 гласа- 3,09%.
Од првиот круг на претседателските избори- 2004- та (имаше 4- ца кандидати): Зиди Џелили освои 78.714- 8,67%, Бранко Црвенковски 385. 347- 42.47%, Гзим Острени 134.208- 14.79%, а Сашко Кедев се „пласира“ во вториот круг со 309.132, односно 34.07%.
Имајќи ја предвид „прераспределбата“ на гласовите на македонските Албанци, пред се извонредниот успех на Имер Селмани, како што може да се види „од авион“, двајцата кандидати во 2004- та (Бранко Црвеннковски и Сашко Кедев) имаа многу „поблиски“ резултати отколку кандидатите на овие избори-2009- та (Иванов и Фрчковски). Да, треба да се имаат предвид 145.638- те гласови што ги освои Љубе Бошковски како независен кандидат и 39.645- те на Нано Ружин (вкупно 185.283), но исто така и фактот дека најголемиот број од гласовите на Бошковски се од членови или приврзаници на ВМРО (-ДПМНЕ, -НП итн.).
Највалидна е следнава споредба:
Ѓорге Иванов и Сашко Кедев се со речиси ист број на гласови во проценти- разликата е 1% (покрај „одземените“ гласови од Бошковски, тој има 34.242 повеќе!), а разликата во бројот на гласовите помеѓу нив треба да се „бара“ кај Бошковски. Разликата помеѓу Љубомир Фрчковски и Бранко Црвенковски е многу подрастична: 200.316 освоени гласови или 20,45% наспроти 385.347- 42.47%! Дотолку повеќе што тогаш Тито Петковски и „неговите“ беа се уште СДСМ- овци (како кандидат за градоначалник на Скопје тој сега освои 60.499; за резултатите од првиот круг на локалните избори подолу).
Што може да се очекува во и по вториот круг? „Прегрупирањето“ веќе започна, а она што може да се прогнозира (со сите можни „задршки“) е следново: најголемиот број на освоени гласови од Љубе Бошковски да се „прелеат“ кај Иванов (нема „логика“ ниту тој лично да ги повика да гласаат за Фрчковски; тоа би било „предавство“, без оглед на неговата најава за „трета опција“); исто така, многу пореално е „доближувањето“ на Селмани до Груевски и ДУИ, отколку до СДСМ, имајќи ја предвид шпекулацијата (наскоро ќе се покаже дали е тоа или не) дека постои договор помеѓу Ахмети и Груевски за заеднички претседателски кандидат во 2014- та да биде предложен македонски Албанец; Селмани докажа дека е „идеален“, а во наредниот период кај партиите од албанскиот блок нема на повидок личност што би можела да му „конкурира“. Во тој контекст треба да се има предвид и тешкиот пораз на ДПА, на која и се заканува истата судбина како онаа што и се случи на ПДП- да ја „снема“ од политичката сцена. Имајќи ги предвид и „договорените“ гласови освоени од кандидатот на ДУИ, Агрон Буџаку (веројатно многу повеќе)… Иванов би можел вториот круг да го „претрча“ со над 600.000 освоени гласови!
Фрчковски може да се надева на гласовите освоени од Нано Ружин и Мируше Хоџа- вкупно околу 70.000, што заедно со освоените 200.316 не достигнува 300.000. За да нема „лутење“, да претпоставиме дека ќе се „најдат“ уште неопходните до таа бројка.
Се разбира, збировите не можат да се прифата како конечни и најпрецизни, бидејќи од една страна нема толку „послушни“ гласачи, а од друга не може да се предвиди излезноста во вториот круг. Но тоа се однесува еднакво за „двете страни“.
„Клучната“ споредба како потврда на катастрофалниот пораз на СДСМ (и опозицијата) на претседателските избори-2009- та: на претходните по вториот круг Црвенковски освои 550.317 (без оглед како), а Кедев 329.179 (во оваа бројка треба да се земат и сега освоените гласови на Љубе Бошковски). Значи, сега (ќе) имаме комплетно обратна ситуација, дури и полоша на „адреса“ на СДСМ (и „раздрнданата“ опозиција)!
Еве ги споредбено резултатите од првиот круг на локалните избори во 2005- та и 2009- та:
На годинашниве, во првиот круг, во 25 општини ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ обезбедија сигурна победа за своите старо-нови градоначалници, а опозициската СДСМ освои 4 општини. ДУИ исто така обезбеди градоначалнички позиции во 4.
Во 2005- та СДСМ и коалиционите партнери победија во 11 општини, а ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери само во 2. ДУИ имаше 4 „обезбедени“, а една општина освои ДПА-ПДП (Сарај- Селмани). Во вториот круг СДСМ и „нејзината“ коалиција освоија уште 25 градоначалнички места, ВМРО- ДПМНЕ и „нејзината“ 19, ВМРО-НП 3, ДУИ 10, ДПА-ПДП 1 (неколку градоначалнички места им припаднаа на „групи на избирачи“ кои во оваа споредбена анализа не се важни).
Според освоените гласови во првиот круг, од „кандидатурите“ на ВМРо- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот на „сигурни“ победи можат да сметаат во најмалку 13 (плус Скопје), а предност имаат во 7 ; „мртва трка“ со други (најмногу од СДСМ) ќе водат во 13 општини.
СДСМ може да смета на сигурна победа само во уште 2 општини!
ДУИ сигурно победува во 7 општини, а во Тетово ќе води рамноправна битка со ДПА. Според освоените гласови во првиот круг, сигурен победник во Гостивар е независниот кандидат Руфи Османи (поддржан од „Нова демократија“), а во Шуто Оризари значителна предност има кандидатот на коалицијата „Заедно за Шуто Оризари“.
И наведените прогнози за бројот на можни освоени градоначалнички места не се, ниту можат да биде прецизни, но некои поголеми „поместувања“ не би требало да се случат. Без оглед на „пазарењата“ што (ќе) се случуваат во меѓувреме.
Ако на сето ова се додадат советничките листи (победи на ВМРО- ДПМНЕ и коа.лицијата „За подобра Македонија“ во повеќе од половината општини во земјава)…
Од друга страна, на прес конференција в.д. лидерот на СДСМ Зоран Заев им порача на граѓаните:
„Од една страна имате изолационизам, сиромаштија, расипништво, автократија – олицетворение во ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна ние го застапуваме концептот на брза интеграција во ЕУ и НАТО, итно заздравување на економијата и враќање на вистинските демократски вредности“.
Ја забележуваме и „нездравата“ амбиција на Фрчковски (обединување и реорганизирање на гласовите на сите останати кандидати кои имаа програма за брз влез во НАТО):
„Успешноста на таа операција, на таа акција ќе се види во вториот круг. Значи, на целата таа групација од 550.000 гласа практично сметаме за коалицирање во вториот круг“.
Во што е најголемиот проблем на СДСМ и „раздрданата“ опозиција, поради што го одживеа ова што го доживеа?сметаме за коалицирање во вториот круг“.
Пред се токму во константно арогантниот однос, потценувањето, понижувањето на повеќе од третина население во Македонија (не само граѓани со право на глас).
Да се тврди дека сите тие гласаат за „изолационизам, сиромаштија, расипништво, автократија“, што се е „олицетворено во ВМРО-ДПМНЕ“ (притоа премолчувајќи ги нејзините коалициони партнери и партнерот во власта- ДУИ) е недозволиво, навредливо, дури безобразно!







март 31st, 2009 at 17:38
Интересна анализа. Инаку, прв пат доаѓам на твојот блог и би сакал да те запознаам со мојот блог, кој исто така се занимава со политичко – општествени анализи.
Досега, на него имам објавено 60ина колумни, при што една од последните ми е анализа за изборните резултати и можеш да ја видиш на овој линк: http://blogatash.blog.com.mk/node/219269
Инаку, имам и книга објавено која може да се симне од мојот блог, која се вика „Што можеме ние Македонците да научиме од Александар Велики“ и на некој начин преставува македонска верзија на „Владетелот“ на Макијавели – или така барем јас сакам да сметам
Книгата можеш да ја симнеш и прочиташ од овој линк http://blogatash.blog.com.mk/node/215974
Погледни го мојот блог – и остави коментар таму ако сметаш дека има нешто интересно. Поздрав
април 4th, 2009 at 01:57
Прочитав неколку текстови твои и имам сериозна дијагноза:
Тебе или нешто лично ти згрешила некоја инстанца од СДСМ, или имаш сериозно неразјаснети чувства во врска со таа партија. На површина, говорот за нив ти е исполнет со омраза, пристрасност и малодушност, ама ги пролиста ли некој твоиве изливи, ќе види дека СДСМ од уста не ги вадиш.
Иако, како што велиш, СДСМ се во многу незавидна позиција, и иако имаат многу намален капацитет за политичко дејство, ти сепак наоѓаш причина да затвориш вентил за сите катастрофални резултати во полето на македонската демократија, економија, меѓународна положба и дипломатија, евроатланско интегрирање, нивото на слобода на говор и толеранцијата, под раководство на оваа „патриотска“ и од скоро влада со над 60 претставници во законодавниот дом Влада.
Доколку имаш неразјаснети емоции кон СДСМ (некако општиот вшечаток натежнува натаму), се рамифицираат две можности:
Или гаиш потајни симпатии за ВМРО-ДПМНЕ, а ова може да се констатира со фиксираната омраза кон една партија, без оглед на тоа какви гледишта зазема и дали реално има моќ да ги наметне, што следствено предизвикува ектремно опозиционерска свест;
Или навистина си многу, многу загрижен за моменталната состојба на СДСМ. Ако е тоа случај, те уверувам дека нема за што да се грижиш. Монархофашизмот на ДПМНЕ ни оддалеку не е способен да го замајува уште долго целокупниот македонски народ, како што успеал, Љупчо, да те залуди тебе.
април 5th, 2009 at 08:07
„Дијагностичару“,
Не знам која е твојата „дијагностичка специјалност“ (“СДСМ-овска“ не ќе е, бидејќи досега не сум чул за неа; белким ќе се согласиш дка членството или слепото (некритичко) симпатизерство не се тоа), ама во „дијагнозата“ за мене (преку „неколку текстови“ што си ги прочитал!; кога „толку“ ти се доволни очигледно ептен си се „специјализирал“) очигледно си направил тотална утка.
Прво, ти препорачувам да ги изброиш, не и да ги прочиташ, текстовите што се „отвораат“ на овој блог (за „затворените“ има објаснение на „насловната“), за да си провериш колку тоа СДСМ „не ги вадам од уста“ (зошто во множина?; да не ги има повеќе?), а колку „другите“ ги „ставам“.
Второ, не знам колку инстанци има „твојата“ партија (ова не е моја „дијагноза“, туку самиот се определуваш, а што, се разбира, го почитувам), но е несериозно од тебе како „дијагностичар“ моите „чувства“ да ги поврзуваш со некое „грешење“ спрема мене (јас за такво нешто не знам, а ако знаш ти би било добро да ме известиш; биди сигурен дека нема да го третирам како „монархофашизам“). Меѓу другото и затоа што, според твоето „дијагностицирање“, на сите што имаат „сериозно неразјаснети чувства во врска со таа партија“ некоја нејзина инстанца нешто им „згрешила“. Ова е не само несериозно, туку и „партиски“ дебилно.
За мојот говор „исполнет со омраза, пристрасност и малодушност“ нема да ти одговорам се додека не изнесеш макар еден аргумент или „илустрација“ (од моите „неколку прочитани текстови“ од тебе).
Не знам за тебе, ама мојата 3 ипол децениска (пре)активна професионална новинарска и творечка дребност ме научила дека во неа нема и не може да има „неразјаснети емоции“. (Белким нема да бидеш толку дрзок, та да ми ја негираш новинарската компетенција (творечката во овој „контекст“ не е важна) и макар „скромната“ стручност за некои области, како на пример бизнис, политика, естетика, филозофија, книжевност и друго што нема да ти го спомнам оти очигледно за него немаш поим- на пример што е тоа монархофашизам (степенот на наобразба нема потреба да ти го откривам).
А твојата партиска заслепност и „дијагностичка стручност“ ја потврдуваш со „понудата“ за мене на „двете можности“. Затоа што си требал внимателно да прочиташ дека не „гаам“ (мислиш на „негувам“, нели?) потајни, туку отворени симпатии, но не за „цело“ ВМРО-ДПМНЕ (правиш ли разлика помеѓу нив, симпатизерство и членство?), туку само за она што сметам дека е позитивен, прогресивен, конструктивен, перспективен придонес за сестран развој на Република Македонија. Доволно е да ја прочиташ (уште еднаш) првата реченица од најновиот прилог што пак те предизвикал да се јавиш. Притоа, за твојата „дефиниција“ на „предизвикот на екстремно опозиционерска свест“ нема да трошам од своето драгоцено време бидејќи тоа не го заслужува.
Не треба мене, туку себе си треба да се увериш дека нема за што да се грижиш. Ако и овој катастрофален пораз на локалните избори за тебе не е „проблем“ (веројатно и на претседателските), тогаш…
Лично искрено ме загрижува нешто друго: „лефтерното“ (еве и твоево) етикетирање на се што не е „СДСМ-овско“, макар нависно, непартиско, како „монархофашистичко“ („подзабораваш“ дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со „победничката“ партија кај македонските Албанци ДУИ- со која и „твојата“ СДСМ ја делеше власта- како и со 20- тина други помали партии; значи сите тие „спроведуваат“ монархофашизам во Република Македонија?!); но и потценувањето на толку големото гласачко тело (дел од „целокупниот македонски народ“), кое во првиот круг пак ја потврди, според тебе, „замаеноста“ односно „залуденоста“. (Вклучително и мојата, без оглед што не знаеш, ниту треба да знаеш дали и за кого сум гласал).
Целата твоја „дијагноза“ за мене би било добро да ја провериш со малку повнимателно читање на еден од моите поранешни текстови на овој блог, посветен на СДСМ, под наслов „Или чистка или бришка“.
Ти благодарам на вниманието што си и го посветил на мојата дребност,
Љупчо