Мерките и стратегијата на Обама- пат за ЕУ кон пеколот?!
И на економскиот лаик му е јасно дека ќе биде тешко и долготрајно излегувањето од светската економска криза. Особено затоа што сценариото за неа долго се подготвуваше, а уште подолго траеше нејзиниот почеток (белким не мисли некој дека таа „падна од небо“). Во тој контекст е наивно, па дури и смешно убедувањето на некои странски експерти и политичари дека процесот на стабилизација односно совладување на кризата е веќе започнат, па дури се забележуваат и првите знаци на економски подем од „нулта точката“.
Две нешта во овој момент се најважни и мошне опасни, а имајќи ги предвид можните (реалните) последици: д0делените милијарди евра и долари за „спас“ на националните економии кои, наводно, „автоматски“ ќе ја извлечат од веќе длабоката рецесија и светската економија, и првите знаци на протекционизам кај некои од најмоќните земји. Поларизацијата на светот, а најнапред дезинтеграцијата на ЕУ (регионализација или „растурање“), е веќе започната и тешко дека ќе биде запрена. Освен ако… (повеќе..)

Обично секогаш почнува така:
Јавната администрација е проблем кој „се влече“ уште од почетокот на независниот опстој на Република Македонија, и тоа како несоодветна и во квантитативна и во квалитативна смисла (бројна, неефикасна и партизирана). Всушност, намерно „го влечеа“ сите досегашните власти- Влади, а обидите таа да се реформира (осовремени- рационализира и модернизира) претставуваа само „шминка“ и замајување на домашната јавност и меѓународните „набљудувачи и контролори“ на процесот на европеизација и натоизација на државата.

Сосема оправдана е жестоката реакција на опозицијата поради тоа што Владата на Македонија односно премиерот Никола Груевски токму во периодот (не во рамките!) на предизборнава кампања за претседателски и локални избори постави камен- темелници на неколку мошне значајни пркекти- зданија. Немаше да се изгуби ништо ако тие беа одложени макар за наредниот ден по нивното завршување.
Граѓаните на главните (најразвиените и, следствено, највлијателните) земји- членки на ЕУ не би требало да бидат загрижени, поточно уплашени од натамошно ширење на унијата, затоа што тоа (ќе) паѓа врз нивниот грб како даночни обврзници, туку сериозно да се замислат за преголемата и прескапа „бриселска“ бирократија. Пред се да се запрашаат и да се обидат да (си) одговорат за што, за каков конкретен секојдневен ангажман земаат енормно високи плати.
Неесфатливо и неприфатливо е „папското раководство“ во Ватикан и самиот папа да не ги предвиделе и пресметале реакциите поради негативната (остра) изјава во врска со користењето на кондоми во борбата против СИДА- та. Без оглед што ставот на Ватикан за безбедниот секс и воопшто сексуалниот однос, оплодувањето, раѓањето на нов живот, абортусот итн. (освен „општата збунетост“ поради бројни примери на педофилија помеѓу папското свештенство), е одамна познат.


Кога се зборува за корупцијата во Република Македонија и се следи- бележи борбата против неа интересно е тоа што рекетарството, како нејзин „подвид“, не предизвикува речиси никакво внимание. Иако тоа е присутно во загрижувачки размери на сите нивоа, особено во одделни сегменти на извршната власт (дури и највисокото- Владата односно министерствата), но пред се на локално- општинско во внатрешноста на земјава. Се разбира, како се друго чиј заеднички „именител“ е корупија и криминал, рекетарството не е од вчера,туку уште од првиот ден на нашата „славна“ приватизација.
Дека се неточни, апсурдни, па и контрапродуктивни тврењата на опозицијата дека Владата на Груевски ја ставила или ја води Македонија во изолација односно самоизолација, притоа самата да не знае да се „определи“ (едното ли е или другото), говори интензивираниот процес на исполнување на условите за визна либерализација.
Македонија мора радикално да го промени односот спрема младите таленти- генијалци („вундеркинзи“) во сите области. И тоа не откако ќе се покажат- докажат самите во светот, индивидиуално, најчесто единствено со сесрдна поддршка на родителите, туку да бидат забележани пред тоа, на кои ќе им бидат овозможени максимални (вонредни) услови за нивниот развој.




