Уште една рударска трагедија во Кина
И покрај заострените мерки на заштита пропишани од страна на власта по серијата несреќи во рудници за јаглен во Кина во текот на 2007 -ма година, се чини дека тие уште долго ќе се случуваат. Можеби и почесто, бидејќи безбедноста е на многу ниско, недозволиво ниво.
Токму вчера, ден по денешната експлозија во рудник во градот Гуиѓао, на таа тема се одржа конференција на провинциски официјални лица.
Според првичните информации, во рудникот за јаглен во северната кинеска провинција Шанси, во експлозија на гас загинале најмалку 73- ца рудари, а речиси 100- мина и натаму се заробени во окното.
Во моментот на несреќата во рудникот работеле 436- мина рудари, но 340- мина успеале да излезат на површината. Според податоците на спасувачите и кинеската државна агенција Хсинхуа, во болница се наоѓаат 113- мина рудари, од кои 21 се во критична состојба. Повеќето од повредените лекарите ги лечат и од труење со јаглен- моноксид, гас без мирис и вкус кој во поголеми дози може да биде смртоносен.
На спасување на преостанатите рудари работат околу100- мина спасувачи, но нивните напори ги попречува огнот кој избил во окното и не им овозможува да напредуваат. Некои од заробените рудари успеале да им се јават на своите семејства со мобилни телефони.
Претседателот Ху Ѓинтао и премиерот Вен Ѓиабао ги повикаа спасувачките екипи да ги вложат сите напори за да ги спасат рударите кои остаан заробени во окното.
Речиси во сите рударски несреќи досега во Кина загинале голем број на рудари, по стотина, двестемина, па и повеќемина. Најмногу во рудникот Лаобаидонг, во покраината Шанси, што се случи во мај 1960- та година- 684-ца.
Други поголеми рударски трагедии: во февруари 1950 -та во рудникот Јилуо, во покраината Хенан, загинаа 174-ца; во септември 2000- та во рудникот Мучонггоу, покраина Гуиџу, 162- ца; 166- мина загинаа во несреќа во рудникот Ченѓијашин, покраина Шанси, што се случи во ноември 2004-та; 210- мина загинаа во февруари 2005- та во рудникот Сунѓијаван, покраина Лиаониунг; во ноември 2005- та се случи несреќа во рудникот Донгфенг, покраина Хејлонгѓианг, во која загинаа 171 рудар;
во август 2007- ма во несреќа во рудникот во градот Синтаи,покраина Шандонг загинаа 181, а во декември истата- 2007- ма 105- мина рудари загинаа во рудникот Руи Џијуан, во покраината Шанси.
Вкупно, во 2007- ма година во несреќи во рудници во Кина животот го загубија 3.786- мина рудари, а во првите 10 месеци од 2008- ма 2.690- мина.
Инаку, во светот најмногу рудари гинат во Кина, и тоа во експлозии, поплави и уривања. Побарувачката на јаглен во земјата е голема, а во рудниците не се спроведуваат пропишаните мерки.






