Светската криза се продлабочува. 2009- та е нејзиниот вистински почеток!
Во еден неодамнешен текст на овој сајт го изнесов својот став оспротивен на многумина светски економски експерти: дека годинава нема да биде „кулминативна“ за светската криза односно економската рецесија, туку тоа ќе биде идната или дури (со голема веројатност) 2011- та. Деновиве в0 некои медиуми и на Интернет имав можност да прочитам изјави на светски експерти во кои го тврдат истото- дека таа ќе потрае најмалку две- три години, а последиците од неа допрва ќе бидат „стресни“ за светот.
Сигурен сум дека Светскиот економски форум во Давос, кој започна вчера и ќе трае 5 дена, ќе потврди уште најмалку две нешта: дека рецесијата е свесно предизвикана, поради тесни „мултинационални“ и/или регионални геостратешки интереси, и оти нејзиниот почеток не беше минатата, туку е, може да се рече и допрва ќе биде оваа година.
Годинашново мото е „Преобликување на посткризниот свет“, а главни теми, доколку можат да се издвојат такви, се политиката, новата администрација на САД, иранската нуклеарна програма и насилствата на Блискиот Исток, Пакситан и Авганистан, како и еколошката енергија и климатските промени.
Во Давос се очекуваат сериозни дебати за економијата, но мислам дека се преголеми, преоптимистички очекувањата оти форумот ќе понуди конкретни решенија. Без оглед што основачот Клаус Шваб, како и бројните аналитичари, светски признати менаџери (околу 1.400) и водачи на држави (40 -мина) го очекуваат, па и најавуваат токму тоа.
Ќе бидат организирани 57 подиумски дискусии- за промените на климата, новите бизнис модели за работење на фирмите, користење на обновливи енергии итн., но вниманието посебно го привлекуваат две: „Што се случи со стопанството во 2008-ма?“ и „Вредностите на пазарното стопанство“.
Како што се најавуваше и очекуваше, „тон“ на Светскиот економски форум му даде еден од првите говорници, рускиот премиер Владимир Путин. Споредувајќи ја финансиската криза со „совршена бура, чии деструктивни сили се шират низ светот“, тој повика на заемна доверба и ублажување на тензиите. Посебно се задржа на можеби „најболната точка“ на светското стопанство во овој момент: енергетската.
Путин предложи да се воспостави нова меѓународна правна рамка за енергетската безбедност, односно нов договор за енергијата. Неговата проценка е дека остварувањето на таа иницијатива може да има „слична политичка улога како договорот со кој е формирана Европската заедница за јаглен и челик. Тоа би значело дека потрошувачите и производителите конечно би биле поврзани со вистинско енергетско партнерство засновано на јасни правни основи“. Го најави и придонесот на Русија на тој план:
„Имаме намера да изградиме транспортна инфраструктура во сите правци“.
Притоа, Русија очекува „од своите партнери во Европа, Азија, САД, а пред се од новата американска администрација“, да покажат подготвеност за унапредена соработка во борбата против економската криза и ублажување на тензиите во светот.
„Оваа криза има многу причинители: колапсот на глобалниот финансиски систем, лош менаџмент и премала контрола од страна на државата. Денес сме сведоци на првата вистинска глобална економска криза. Брзината со која таа напредува ги урива сите рекорди“.
Кинескиот премиер Вен Ѓиабао, кој настапи како прв од 40 -темина шефови на држави и влади, ја назначи Америка како главен виновник за кризата. Тој истакна дека годинава растот на кинеското стопанство ќе падне на 6,8%.
Некои банкари ја признаа вината и побараа поголема државна контрола. Ситуацијата ја означија како „шокантна“. Проблемите се многу поголеми отколку при економската криза во 30- тите години на минатиот век. Трошоците за нејзино надминување се проценуваат на околу 1,5 милијарди долари.
Се потенцира дека опоравувањето на светското стопанство во наредните 3 години ќе биде бавно, зашто за помалку од година ипол од него се уништени 40%.
Акценти од други дискусии:
Фаворитот на израелските избори Бенјамин Нетанјаху рече дека држењето на атомско оруже во рацете на Иран е поважно од економијата, зашто финансискиот крах е можно да се поправи, што нема да биде случај со нуклеарниот Иран.
Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика, Нобуо Танака изјави дека би требало сите влади во рамките на пакетите на мерки за стопанско опоравување да издвојат средства за обновлива
енергија:
„Бидејќи владите веќе трошат пари на стимулативни пакети, зошто не би вложиле во обновливи извори на енергија. Тоа краткорочно би го стимулирало стопанството, а е одржливо на подолг рок. Така со еден удар се убиваат две муви“.
<!– /* Style Definitions */ p.MsoNormal, li.MsoNormal, div.MsoNormal {mso-style-parent:”"; margin:0cm; margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:12.0pt; font-family:”Times New Roman”; mso-fareast-font-family:”Times New Roman”;} @page Section1 {size:612.0pt 792.0pt; margin:72.0pt 90.0pt 72.0pt 90.0pt; mso-header-margin:36.0pt; mso-footer-margin:36.0pt; mso-paper-source:0;} div.Section1 {page:Section1;} –>
ОПЕК е подготвен на натамошни намалувања на продукцијата на нафта доколку цените не се кренат во текот на наредните недели,
изјави во Давос генералниот секретар на Организацијата на земјите извозници на нафта Абдала Салем Ел- Бадри:
„Светската побарувачка на нафта ќе се опорави до крајот на оваа или на почетокот на идната година“.
Да потсетам, во декември минатата година ОПЕК објави намалување на производството од 2,2 милиона барели дневно како додаток на претходното намалување од 2 милиона. Цената на нафтата падна за речиси 150 долари по барел од рекордната постигната во средината на јули. Сега таа се продава за речиси 42 долара, што е мало поместување засновано на очекувањата дека огромниот американски стимулативен пакет ќе ги оживее економскиот раст и побарувачката. Ел- Бадри оценува дека на производителите им треба „разумна цена“, пожелно поголема од 50 долари за барел за да им овозможи вложувања во нафтената индустрија.
Индија гледа растечки знаци на протекционизам во светот и на нив ќе одговори така што самата ќе преземе мерки ако нејзините извозници бидат загрозени, порача индискиот министер за трговија
Камал Нат. Тој истакна дека неговата земја на запад забележува се поголема употреба на антидампинг мерки, а во Европа нетарифни бариери:
„Ако постојат протекционистички мерки, Индија исто така ќе биде принудена да преземе соодветни мерки против тие земји, што нема да биде добро за никого“.
Индија ги подигна тарифите на челикот за да ги заштити сопствените производители, што е мерка за која стручњаците велат дека е првенствено вперена против Кина- земјата која Индија не ја смета за пазарно стопанство. Нат потенцира дека Индија ќе воведе заштитни или антидампинг мерки против која било земја која стоката ќе ја продава под цена и оцени оти е важно земјите на СТО да ги завршат преговорите од Доха за либерализација на трговијата започнати уште во 2001- ва година.
Освен вообичаените протести на антиглобалистите, почетокот на Форумот во Давос е одбележан и со еден необичен инцидент:
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган влезе во расправија со израелскиот претседател Шимон Перес во врска со случувањата во Појасот Газа. Ердоган се разлутил откако бил прекинат додека водел дискусија, односно одговарал на монологот на Перес, во кој тој ја бранел израелската офанзива против Хамас во Појасот Газа.
„Вие убивате луѓе“, му рекол Ердоган на Перес.
Израелскиот претседател одговорил дека и тој ќе го сторел истото, доколку во Истанбул паѓаат ракети.
По инцидентот Ердоган го напушти Форумот и се врати во Турција пречекан како национален хеорј.И покрај глобалната криза, Индија годинава очекува пораст на извозот од дури 17%.
Првата „општа порака“, која не е ништо ново, туку е и прилично задоцнета, е дека никој нема да остане поштеден од кризата.
А претставничкиот дом на Американскиот конгрес изгласа пакет економски мерки за поттикнување на економијата вреден 819 милијарди долари.
Тој има за цел да ги помогне напорите на администрацијата на претседателот Барак Обама за стопирање на економската криза и заздравување на американската економија.
Доколку мерките ги усвои и Сенатот, се предвидува 544 милијарди од вкупната сума да се издвојат за инвестиции, а 275 милијарди за даночни олеснувања.
За разлика од некои од соседите (на пример српската делегација е бројна, а ја предводи потпретседателот Божидар Ѓелиќ), во Давос Република Македонија нема свој претставник. Тоа и не е некој голем проблем (што дека би присуствувал ако не настапи и ако не каже „нешто паметно и добро“ на теоретски или „практичен“ план; порано имавме наши, ама нивното учество се сведуваше
на јадачка, пијачка, спијачка и средби „од нога“), доколку внимателно се следи што се дискутира таму и од реченото- кажаното се извлече некоја „ука и поука“.
Забележувам дека, колку повеќе светската економска криза конкретно навлегува во земјава, македонската Влада „се вовлекува“ во себе си. А навлегувањето станува се поопасно.






