Данајците (Грците) веќе им се здодевни на „своите“, а стануваат здодевни и на самите себе си
И не само здодевни, туку се и небулозни, а најмногу смешни (како циркуски кловнови). На нивните пријатели во ЕУ и НАТО одамна им е јасно дека она што го бараат, на што инсистираат за Република Македонија- таа да се преименува себе си на „обострано задоволство“, е крајно ступидно, нема врска со„државничка“ и каква било друга логика. Тие посредно, „срамежливо“ веќе им укажуваат дека одамна преминале секоја „нормална“ (добро)соседска граница и треба малку да „ретерираат“ односно „да се смират“.
Данајската република (Грција), пак, како дебил не „дослушува“, не разбира (на пример, со „постапното откривање“ на малцинства во неа кои ќе мора да ги признае), па својата „активност“ почнува да ја проширува. Најновата е дека ќе го блокира продолжението на пристапување на Хрватска во ЕУ, што, веројатно по „пријателско укажување“, веднаш го демантира!
Според (не)народната „Би било смешно да не е глупаво“, Данајците (Грците) наводно и се заканиле дека нема да и го „одобрат“ поглавјето за правосудството поради Македонија!
Веста не е од „наши неофицијални извори“, туку ја објави сплитска „Слободна Далмација“, тврдејќи дека е веродостојна. Kонкретно, Данајците (Грците) биле незадоволни затоа што Хрватска го признала македонското национално малцинство и Македонската автокефална православна црква Ќе им ги блокираат преговорите на Хрватите затоа што во документите за правосудството се спомнува македонското малцинство. Сепак, се наведува дека во хрватското Министерство за надворешни работи за тоа не знаат ништо.
„Слободна Далмација“ вчера објави дека во овој момент Хрватска би требало да ги има отворено сите преговарачки поглавја за до крајот на годинава технички да ги заврши преговорите, а членството го очекува во 2010- та. Од поголемите проблеми се спомнува приватизацијата на бродоградилиштата за кои се чини дека Брисел ја прифатил најповолната пресметка за Хрватска според која, барем теоретски, би можела да ги задржи сите шест скверови, а се преиспитува колку е тоа во согласност со европските закони.
Што се однесува на заканата на Данајската република (Грција), весникот потсетува дека таа и го блокира на Македонија влезот во НАТО, како и напредувањето во преговорите за членство во ЕУ- со години не може да добие датум за почеток на преговорите. (Јас на повеќе наврати го потенцирав тоа- блокирањето како единствена причина, а не негативните извештаи на ЕК.)
„На Грците им пречи тоа што Македонија се вика Македонија, затоа што, според нив, Македонија има претензии кон нивната територија. Освен тоа, Грција на своја територија не го признава словенското малцинство, кое всушност го сочинуваат Македонците“, пишува весникот и притоа потенцира дека истражување на „Галуп“ покажало оти граѓаните на Република Македонија, земја која Хрватска ја призна под тоа име, во најголемо мнозинство не сакаат евроатлантски интеграции ако тоа значи откажување од името. (Ова македонската опозиција го премолчува, па постојано инсистира дека „нема друго“ освен промена на името, ама со „гаранција на идентитетот“; без притоа да објасни кој може да даде таква и со какво „писание“.)
![]()
Веројатно „разбирајќи“ дека сепак претерува, во меѓувреме Данајската република (Грција) го демантира тврдењето. Денеска истиот весник објави дека Атина нема да го блокира отворањето на преговарачкото поглавје „Правосудство и темелни права“ кон крајот на март. Имено, тогаш би требало да се одржи „меѓувладина конференција“, процедурален состанок помеѓу Брисел и Загреб на кој се отвораат или затвораат преговарачки поглавја. „Службениот извор“ на грчката Влада изјавил дека „Грција во никој случај, во ниедна фаза не им стоела и нема да им стои на патот на хрватските интеграции во Европската унија“, потенцирајќи дека „Грција е изразит приврзаник на хрватското членство во НАТО и ЕУ“. Овојпат изворот се именува: Зафириос Росидис, портпарол на грчката амбасада во Загреб.
Интересно е и ова од неговата изјава:
„Грција секогаш ја поддржувала Хрватска која ги почна пристапните преговори со ЕУ во 2005- та, кога веќе ја имаше признаено ПЈРМ под уставното име. Ако сакавме, ние тогаш би ја стопирале Хрватска, но не го сторивме тоа. Не би имало никаква логика тоа да го направиме сега“.
Овој демант е мошне „проблематичен“ и само го потврдува мојот став искажан во воведот на овој прилог (многупати досега).
Зошто Атина не сакала во 2005- та, а нема логика ни сега да ја блокира Хрватска кога таа ја призна Македонија под нејзиното уставно име, па уште во посоченото поглавје се спомнува македонското малцинство? Затоа што не и пречи? А зошто и пречи кај други земји или за прием во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ под „привремената“ референца ПЈРМ (што Македонија прифатила и со Времената спогодба)? Зошто на своите сојузници им наметнува „билатерален проблем“ и ги става во непријатна ситуација, да мораат постојано да даваат негативни оценки за исполнетите и истовремено да измислуваат се нови и нови услови ?!
Што е однесува, пак, на посредното, „срамежливо“ укажување дека одамна преминала секоја „нормална“ (добро)соседска граница и треба малку да „ретерира“ односно да се „смири“, говори и „ненадејната“ посета на Македонија на првиот човек на ОБСЕ за малцинства, Кнут Волебек, и неговата изјава дека во ОБСЕ биле загрижени поради однесувањето спрема Македонците во Грција и Бугарија. Тој го потенцира моделот на мултиетнички соживот што се гради во Република Македонија како позитивен пример за регионот и пошироко, при што значајна улога има Охридскиот рамковен договор.
Најважното: оваа „нова ситуација“ го прави беспредметно продолжението на преговорите за „спорот“ за името (на 11- ти февруари), од кое Атина, како што изјави портпаролот на данајското (грчкото) Министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос, не очекува многу. Без оглед што причината за тоа ја гледа во „несериозната и помалку провокативна одлука на Владата во Скопје да го преименува европскиот коридор 10 во „Александар Македонски“, а и во „атмосферата создадена од провокативните дејствија и изјавите на премиерот Никола Груевски“.
Уште нешто како моја навремена предупреда, односно реално очекување: и да бидат организирани беспрекорно, претстојните претседателски и локални избори во Македонија сигурно нема да бидат „баш“ фер и демократски, а на што уште сега почна да „припомага“ македонската опозиција.
Во тој „контекст“ треба да се третира и претстојната турнеја на данајската (грчката) министерка за надворешни работи Дора Бакојани низ земјите од Балканот (Белград, Приштина, Тирана), а во својство на претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Како што е познато, Данајската република (Грција) на 1- ви јануари го презеде едногодишното претседавање со ОБСЕ.






