Во Македонија „политичка пролет“ среде зима!
Во најава на два настана е констатирана „политичка пролет“, но со сомнежи дека таа не е можна среде зима. И двата се однесуваат на претстојните претседателски и локални избори, а „симболиката“ е всушност оптимизам дека предизборната клима гарантира оти (конечно) во Република Македонија ќе бидат организирани регуларни, фер и демократски избори, но и стравување или сомнеж дека е тоа така, па и најава дека ќе се случат некои „репризи“. (повеќе..)

Најголем проблем на секој земјоделец е пласманот на неговото производство. Не само на нашиот, туку и на оној во земјите- членки на ЕУ и во најразвиените земји надвор од неа.
И не само здодевни, туку се и небулозни, а најмногу смешни (како циркуски кловнови). На нивните пријатели во ЕУ и НАТО одамна им е јасно дека она што го бараат, на што инсистираат за Република Македонија- таа да се преименува себе си на „обострано задоволство“, е крајно ступидно, нема врска со„државничка“ и каква било друга логика. Тие посредно, „срамежливо“ веќе им укажуваат дека одамна преминале секоја „нормална“ (добро)соседска граница и треба малку да „ретерираат“ односно „да се смират“.
Ново предупредување од Европската комисија: глобалното затоплување би можело да му нанесе на светот покатастрофални штети отколку што беше досега проценувано.
Да бидеме реални и објективни, без ронка занесување, претерување, еуфорија: ракометната репрезентација на Македонија е во светскиот врв, една од најсилните, но и најперспективните на светот. Она што го постигна на Светското првенство 2009- та е очекувано. Не претставува никакво изненадување, туку е показ и доказ на највисок квалитет на индивидуална и колективна игра, стратегија и тактика, но и на зрелост, стабилност, сигурност, самодоверба, супериорност и достоинство. Репрезентација која респектира секого, но е свесна за сопствените вредности.
Пред парламентарните избори во 2006- та година во електронскиот дневен весник „Дневен е-Еснаф“ објавив серија на прилози кои на директен или индиректен начин беа посветени на предизборниот процес и значењето на тие избори за натамошниот развој на демократијата во Република Македонија.
Србија забрзано чекори кон членство во ЕУ. Многу е веројатно дека таа ќе биде следната земја по Хрватска која ќе биде примена, но нема да претставува никакво изненадување ако и двете бидат примени во „пакет“, можеби заедно со Албанија и/или Црна Гора.
Како може да се објасни масакрот што го направи 20-годишен Белгиец во една градинка во гратчето Дендермонд? Особено откако се утврди дека не избегал од психијатриска клиника, ниту, пак, бил под дејство на алкохол или наркотици? Па уште и без никаква грижа на совест го признал делото, но не ги објаснил мотивите за монструозниот чин?

Со блескавата победа над светскиот вицешампион Полска, националниот тим на Македонија дефинитивно се нареди помеѓу најсилните на светот. Има своја игра, со врвни ракометари што би ги посакал секој, негува колективен победнички дух и, доколку над „малите“ земји, како нашата, над глава не и стои ИХФ- мафијата, предводена од нејзиниот судиски дел, лесно би можела на Светското првенство во Хрватска да стане една од 3-те најдобри селекции на светот.
Неретко ми се случува(ло) да прогнозирам- предвидам настани и случувања кај нас и во светот, и тоа до најситниот детал. Тоа отсекогаш сум го сметал и го сметам како резултат на континуирано следење, логично промислување, скромен „капацитет“ за антиципација, а никако не како некаква посебна дарба дадена од Бога. Особено затоа што сум „погодувал“ како „deja vu“, односно случајно совпаѓање.
За жал, уште еднаш, по којзнае кој пат, мора да се констатира дека СДСМ, партијата која во изминатиот период, од осамостојвуањето на Република Македонија до денес, беше најмногу години на власт, а во опозиција беше (веќе не е) главен фактор во политичките битки, пресметки и премрежија, е во длабока кал од која не може уште долго да излезе. Затоа што очигледно нема сили, а од ден на ден станува се понемоќна, за чекорење кон цврсто тло, излегување од неа и чистење односно прочистување.




