Subscribe

Archive for декември, 2008

ЕУ на крстопат: ветото како уцена

декември 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo Исклучени коментари

Приемот на нови членки во ЕУ станува се потежок, посложен и понеизвесен. Особено за оние кои веќе забрзано „чекорат“ кон неа или се на нејзиниот праг. Тоа не е ништо друго, освен одбрана на интересите на одделни членки или групи односно кругови, пред се на најсилните, на „елитата“, освен страв од „разводнување“ на европската заедница, но пред се веќе согледаната немоќ и неспособност на прескапата, гломазна администрација во Брисел да ги координира и реализира заедничките интереси.

Од друга страна, токму таквата „проблематизација“ или се поевидентното „затворање“ ја прави реална опасноста (прогнозата) за скорешно „самораспшутање“, „природно растурање“ на ЕУ, нејзино сведување на сегашните 4- 5 најсилни членки. (повеќе..)

Новата војна на Израел против Хамас- почеток без крај

декември 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Светот како да очекуваше и се уште очекува „некаде“ да почне војна, поучен од таквото „ефикасно и брзо“ решавање на регионални и глобални економско- политички кризи. Сепак, судејќи според рамнодушноста, особено на најмоќните, оние во чии раце е судбината на светот (така е, без оглед дали тоа му се допаѓа некому или не), пред се едностраните поддршки, тоа „некаде“ не е појасот Газа и старо- новиот судир помеѓу Израел и Хамас. Допрва ќе се види каде, а во овој момент единствено е сигурно дека „решителниот удар“ на Израел против палестинските екстремисти ќе запре привремено кога за тоа ќе решат неговите поддржувачи, пред се САД. (повеќе..)

Свест за сопствените вредности

декември 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Ги препознаваат ли и се гордеат ли малите народи со своите големи луѓе? Дали е тоа во „природата“ на големите народи, дали е привилегија тие да се еднакви, да се изедначени со своите, но и со туѓите големи луѓе (што не значи само почит кон нивното дело, туку и приопштување- присвојување)? Нели малите се поголеми од големите со своите големи луѓе?

Да бидеме начисто: мислам на големината, а не на големштилакот.

Личен став:

Се додека се нема доволно свест за сопствените вредности, при што помеѓу нив и големината на нивните творци постои равенство, малите народи никогаш нема да станат големи.

Бидејќи, за жал, политиката ни стана почетна и крајна точка на нашето живуркање, а политичарите првите „борци“ за нашето обезличување и маргинализирање, пред нашите големи луѓе, на кои одвреме- навреме со прст ни покажуваат други (големи народи), од ден на ден стануваме се помали.

На 12.05.2006- та објавив прилог под наслов „Политички слепци за вредности“, во кој укажав на уште еден од многуте случаи на наш голем човек, што го знаеме, одамна други ни помогнаа да го препознаеме, а се исправи пред нас во сета своја големина. И ги натера „владејачките“ политичари да се скријат во своите глувчешки дупки. Прилогот го објавувам за (пре)прочит со нензачителни корекции. (повеќе..)

Најдобар спортист во Европа во 2008- ма: Рафаел Надал

декември 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Титулата најдобар на „стариот континент“ помеѓу сите спортисти, од сите спортови, е сигурно една од највредните и најласквите. За да се добие е потребно навистина многу. Не само најдобри резултати, постигања во својот спорт, туку и по нешто од сите најдобри во другите спортови. Што е, што може да биде тоа?

Што е тоа што ги определило спортските новинари од 17 национални новински агенции во Европа титулата годинава да му ја доделат токму на шпанскиот тенисер Рафаел Надал? Се разбира, сосема заслужено, но…

Можеби треба најнапред да се обидеме да го дефинираме најдобриот спортист во „својот“ спорт. Тешко? Не, ништо полесно: најдобри резултати, рекорд(и), освоени титули (европски, светски првак), најмногу први места на турнири… (повеќе..)

Медиумска кампања и саморекламирање

декември 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Македонската опозиција веќе им здодеа на граѓаните, а веројатно и на себе си, со папагалското „критикување“ на позицијата односно на Владата на Никола Груевски дека троши „огромни средства (пари)“ на “саморекламирање“, притоа мислејќи на континуираните („за се и сешто“) медиумски кампањи. Веројатно и на Владата и на самиот Груевски исто така му е здодеано постојано да ги слуша прозивките за отчет- да каже (лично тој) колку„народни пари“ се потрошени и се трошат за тоа (бидејќи „огромни“ кај народот не „пали“), па не ги слуша или го фатило инает и веројатно нема да каже и по губењето на власта( кога опозицијата ќе научи како се победува на регуларни и демократски избори).

Како „олеснување“ на „позиционерите“, пак, а особено на нивните медиумски поддржувачи, со не мала доза на самозадоволство беше „начекана“ и пласирана (без посериозни анализи и коментари) информацијата дека ЕУ за саморекламирање во 2008 -ма потрошила 2,4 милијарди евра.

Што прави Владата на Република Македонија (не на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски): реализира медиумски кампањи или се саморекламира? (повеќе..)

Милчо Манчевски: „Македонија- вечна“

декември 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo Исклучени коментари

Како човек, професионален новинар и творец отсекогаш сум се залагал за поддршка- стимулирање, промоција и афирмација на вредности- дела- творештво. Затоа што сметам дека создавачкото- генеричкото во човекот и од него е единствената цел, ако сакате и смисла на живеењето, на постоењето. Притоа, за разлика од многумина други промислувачи односно мислечки луѓе во минатото и денес, јас не мислам дека на тој начин се победува времето, односно се поразуваат минливоста и маргиналноста, туку вечноста како заедничка назнака на трајноста и бескрајноста се потврдува единствено во создавањето и создаденото. (повеќе..)

Независно судство за демократска правна Македонија

декември 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Не треба многу стручност, ниту „општо“ знаење за функционална и ефикасна држава за да се одговори на „најпрвото од првите“ прашања: што е тоа независно судство? Дека е тоа значаен, еден од најважните елементи на современ уставно- правен систем, на поделбата- рамнотежата на власта и демократска правна држава.

Има еден познат филозоф кој мошне често се цитира кога се промислува независноста на судството. Се вика Густав Радбрух, а рекол: „Судсиската независност е насушен леб, вода за пиење, воздух за дишење, на секој суд, право и правда, кој се наоѓа под сводот на владењето на правото и правната држава и затоа прашањето на независноста на судијата не е само правно прашање, тоа е прашање на општата култура на една заедница“.

Независноста на судството најмногу е загрозено од политиката , поточно од политичарите. Не од политичките партии, туку од нивните „врхушки“. Кога тоа ќе се ослободи неа, политиката „како таква“ (борба за власт која најнапред подразбира привилегии, кариеризам, позиција на владење „со“, а не „за“…) ќе стане неинтересна, непривлечна, а единствено одговорна, чиста (неизвалкана) и прогресивна.

(повеќе..)

Економската рецесија нема да кулминира во 2009- та

декември 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Македонските стопанственици следат што се случува во светот, веќе ги чувствуваат последиците од светската рецесија (ниски цени и отежнат пласман на производите во странство) и се однесуваат како таа допрва да ќе започне. А сите анализи и експертски проценки велат дека во 2009- та нема да кулмиунира, туку ќе продолжи да се интензивира во наредните најмалку две- три години, со се потешки економско- социјални, но и политички последици (редефинирање на стратешките цели). Бараат парцијални, „моментни“ решенија ( за да се продолжи живуркањето), и тоа пред се од Владата (како да им е таа бизнис партнер), притоа не размислувајќи за преструктуирање, прилагодување, конкретни решенија на среден рок, рационализација, ефикасност, модернизација… (повеќе..)

Се шири и засилува социјалниот бунт во Данајската република (Грција)

декември 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

По неколкунеделните протести кои никако не стивнуваат, а камо ли да запрат, јасно е дека убиството на 15- годишниот тинејџер беше само „иницијална каписла“ за социјален бунт на граѓаните во јужниот сосед. Предводен од левичари, студенти и средношколци, по Нова година се очекува во него да се вклучат и работниците организирани од нивните синдикални организации, социјално загрозените, пензионерите… сите оние што во изминатите месеци (почнувајќи од 2007- ма) демонстрираа против актуелната конзервативна Влада на Караманлис. Тоа ќе значи и нејзина неодложна оставка и принудни предвремени парламентарни избори.

Навајата за реконструкција, и тоа на почетокот од наредната година (а дотогаш?), тешко дека ќе ја смири состојбата, а граѓаните ќе се вратат на нормалниот животен колосек. Актуелната Влада нема доверба кај нив, а постојано расте рејтингот на опозициониот ПАСОК. (повеќе..)

Тежок пораз на италијанската мафија

декември 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Веќе две- три децении италијанската мафија не е она што беше- најсилната, најорганизираната и највлијателната на светот (врз политиката, економијата итн.). Приматот го презеде албанската, на која не може да и „конкурира“ ниту колумбиската нарко- мафија, особено не во однос на внатрешната организација, хиерархиската поставеност и исплетената полит- бизнис- олигархиска мрежа, во која, се разбира, го води главниот збор (во името на „сеалбанството“). Италијанската стана „регионална“, а е на „добар пат“ да се сведе и на „локална“ (растурена, неповрзана) со оглед на исцрпеноста во постојаната борба со власта односно полицијата- популарните карабињери. (повеќе..)

Кампања и/или спроведување на закон

декември 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Денеска започнува нова кампања на Владата на Република Македонија „Стоп за насилството на спортските терени“. Ја презентираа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Драган Ѓурчевски и преттавници на 4- те најголеми национални федерации- фудбалската, кошаркарската, одбојкарската и ракометната. Таа има за цел преку едукација да ги спречи зачестените инциденти на спортските терени во Република Македонија.

(повеќе..)

Невалидна и несериозна листа на сериозен неделник

декември 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Вообичаено, на крајот од секоја година или порано медиуми и институции и организации кои го испитуваат- истражуваат јавното мислење прават најразлични листи; на најпопуларни, најзначајни, највлијателни личности, на најважни, бизарни настани…Притоа најмногу се потенцира нивната валидност (на пример репрезентативен примерок на испитаници) и сериозноста односно објективноста (консултација на релевантни фактори, компетентни, авторитетни луѓе и сл.)

Несфатливо е и непримерно она што го направи угледниот неделник „Њусвик“: список на највлијателни луѓе на светот во 2008- ма во кој на многумина не им е местото според ниеден критериум. Има ли и која е заднината на тој потег знае само уредништвото, но неговите читатели коментираат, негодуваат, дури ја исмеваат. (повеќе..)

Со политичари за живот, а не за живуркање

декември 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

2009- та година во Република Македонија ќе биде, меѓу другото, изборна. Во март ќе се одржат претседателски и локални избори. Партиите од позицијата и опозицијата се веќе подготвени (вниманието како да е концетрирано само на локалните), а неофицијално ја започнаа и предизборната кампања (ги почнаа „прошетките“ помеѓу граѓаните и селаните). Веќе излегуваат и со своите кандидати за градоначалници (внимателно и „стратешки“), а претседателските како да ги чуваат за „во последен момент“. Со какви ветувања ќе не „изненадат“?

На неколку дена пред почетокот на парламентарните избори во 2006- та година (30.05.) во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ (веќе не излегува) го објавив текстот под наслов „Политичари за живот и живуркање“. Ви го нудам на (пре)прочит без никакви преправки- адаптации за навреме да се подготвите, за да не бидете „начекани“ од оние што одново (по којзнае пат) сосе новите (партиски сили) ќе ви излезат „пред очи“. (повеќе..)

Македонија- Бугарија: „стандардни“ добрососедски односи

декември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Што е „стандарден“ добрососедски однос помеѓу две држави? Политичарите веднаш ќе ви одговорат: кога помеѓу нив нема нерешени прашања и проблеми. Но ќе ги ставите во небрано ако им поставите додатно прашање: можете да наведете такви во овие балкански, јужноевропски, па и пшироки простори? Од друга страна, без никаков проблем, не чекајќи од нив, сами лесно можете да најдете бројни пример на „одлични“ односи помеѓу две несоседски земји, без нерешени прашања и проблеми.

Значи, одговорот на политичарите на поставеното прашање, што често го слушаме при меѓусебни средби на високо политичко ниво, не е точен. Затоа што односите помеѓу сите соседни, особено балкански држави отсекогаш биле, се и уште долго ќе бидат оптоварени со отворени и тешко решливи прашања. Најчесто поврзани со правата на малцинствата. (повеќе..)

Постојан и латентен судир помеѓу Владата и ЕВН

декември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

ЕВН е постојано незадоволна, реагира, се закаува, македонската Влада предупредува и „се надева“, а граѓаните трпат штети поради чести прекини на струја и масовни исклучувања. За нејзиниот квалитет да не правиме муабет.

Ама сепак ќе мораме. Само ова: да, „европска“ цена на електричната енергија (и при „неевропски“ стандард), ама и „европска“ струја! Дали каде било во Европа (мислам пред се на земјите- членку на ЕУ) ЕВН би можела- би смеела да наплатува „нормална“ цена за „ненормална“ испорачана струја (со несоодветен односно „нестандарден“ напон)?

(повеќе..)