Subscribe

Archive for ноември, 2008

Ништо ново за проблемот на Грција со името на Република Македонија или…

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Ќе има ли промена во ставот на САД во врска со проблемот кој го има Данајската република (Грција) со името (не уставното) на нашава земја,  по стапувањето на сцена на новиот претседател Барак Обама и неговата администрација? Уверувањата се дека не треба да се имаат никакви дилеми, бидејќи  американската надворешна политика е констатнтна и конзистентна, а меѓу другото за неа би било и несериозно да ја менува со секое менување на власта (без оглед на моќното грчко лоби?).

Не се работи за дилема или стравување, туку за реално очекување, дури неминовност: промена сигурно ќе има, веќе има, но се разбира не „радикално свртување“. И тоа како притисок Република Македонија да прифати промена на име (дури и „некомпромисно“?), а за идентитетот… па и тој, како и се друго, според американското „гледање на нештата“, е колку комплексен, толку и „флексибилен“. (повеќе..)

ОКТА: загадувач со кого наместо да се казнува- се договара!

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти 1 Comment →

Tребаше да се кренат на нозе жителите на селата Бујковци и Миладиновци, да го блокираат влезот, да не дозволат нормално работење на ОКТА- редовен дотур на нафта и мазут, да измрзнуваат со денови, да протестираат цели 9 дена, за конечно Владата на Македонија и рафинеријата да се договорат дека таа повеќе нема да ја загадува околината, нема да ги труе, да им ги загрозува животите!

Вакво нешто не може да се случи во ниедна „нормална“ држава. Во „нормалните“ (читај: правни, функционални, сериозни, стабилни, со ред и поредок итн.) таков безобразен загадувач, кој дури лаже дека не труе, дека работи според нормите, дека ги исполнува „сите услови“, веднаш се казнува и се казнува и се казнува… и се „запечатува“ се додека не се „опамети“. (повеќе..)

ЕБОР и Македонија

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), основана во 1991- ва година, финансира структурни проекти во поранешните социјалистички земји од Централна и Источна Европа, односно ги поддржува во фазата на транзиција кон пазарна економија. Таа е во сопственост на 60 земји и 2 меѓувладини институции (Европската заедница и Европската инвестициона банка), со запишан капитал во вкупен износ поголем од 20 милијарди евра. Не ја користи директно оваа цврста капитална база за финансирање на проекти, туку се задолжува на меѓународните пазари на капитал, притоа постојано придржувајќи се на здравите банкарски принципи.

Оценките на ЕБОР за економските состојби и перспективи на земјите во кои дејствува се мошне реални и релевантни, меѓу другото секогаш потврдувани со насочувањето, инвестирањето односно пласманот на средствата. Затоа најновата проценка дека и во Македонија ќе забави економскиот раст- од 5, 3% годинава ќе се спушти на 4,7% во 2009-та, треба да се прифати како валидна (и оптимистичка), имајќи ја предвид глобалната економска рецесија, но и како предупреда дека е нужна мобилизација на сите економски чинители во земјава. ЕБОР веќе најави дека, како и досега, нема да стои настрана. (повеќе..)

Тутун: мачно е да се произведе, уште помачно да се продаде

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Секоја година исто, само малку различно: продолжува (макотрпно) производството на македонскиот тутун, во континуитет се преземаат стимулативни мерки, особено за подобрување на квалитетот и непречен, се инсистира на редовен откуп по реални цени. Меѓутоа, сето тоа проследено со „получекори“, ветено- нереализирано, незадоволство и разочарување. (повеќе..)

Бугарија стана членка на ЕУ, ама не и европска земја

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

По изминувањето на рокот кој Владата во Софија го имаше за да покаже конкретни резултати во борбара против корупцијата и организираниот криминал, ЕУ одлучи на Бугарија да и укине 220 милиони евра помош од претпристапните фондови на чие користење има право до 2013- та година, до кога би требало од Брисел да добие вкупно 11 милијарди евра помош.

Потсетувам, нашиот источен сосед стана полноправен член на ЕУ на 1- ви јануари 2007- ма, и покрај предупредувањата на стручњаците дека се уште не е подготвен за влез во Унијата, а во јули годинава беше под санкции на Брисел. Сè уште остануваат замрзнати 580 милиони евра. (повеќе..)

Продажба- консумирање на дрога- највносен бизнис во светска економска рецесија

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Економската (како нејзина последица и политичката) рецесија неминовно предизвикува глобални, епидемиски размери на лична- индивидуална и колективна- сеопшта депресија. Во земјите кои веќе прогласија рецесија (најразвиените на светот) најнапред оваа тешка душевна болест ја зафаќа- ја зафати високата бизнис класа, а веќе интензивно се шири и во средната. Разбирливо, засега најотпорна е ниската класа, од едноставна причина дека рецесијата неа најмалку ја погодува (и сиромашните земји; пример е Република Македонија). За жал, лечењето не е и не може да биде колективно, туку единствено индивидуално чиј ефект, пак, кога е во прашање епидемија, е речиси никаков.

Па сепак, „снаодливата“ висока- бизнис класа не би била тоа (висока) доколку „во од“ не се престрои и не искористи за спас се што може, се од што има шанси да се профитира. Без оглед кој ќе ја плати сметката. Во светска економска рецесија токму „помошта“ во „спасувањето“ од депресија станува најпрофитабилно. Ова особено кога се работи за младата и средната генерација. Продажбата – консумирањето на дрога од ден на ден добива се поголеми- глобални размери, па бизнисот цути со „несмалено темпо“. Дај Боже рецесијата да потрае што подолго! (повеќе..)

Новинари без заштита- убиството на Политковскаја

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Кога е во прашање слободата на новинарството и животната загроза на новинарот, се чини дека не постои ниту најмало безбедно место (макар агол во четири ѕида). Таа професија со децении наназад е, а судејќи според се и со децении нанапред ќе биде, една од најопасните каде и да се врши- реализира. Од неа се засегнати (загрижени, уплашени, заплашени, зависни) сите, најмногу политичарите и бизнисмените, а пред се полит- бизнис олигарсите. Кога ќе се најдат во опасност (да изгубат позиција, богатство, влијание), преземаат се што е во нивна моќ да ги замолчат таквите „шуркала“, ако треба и организиrање- плаќање на нивно убиство.

Речиси да нема година (во последниве 10- тина) да не се случат повеќе убиства на новинари кои остануваат нерасветлени (освен оние на фронтовите- загинатите „на должност“, како „колатерална штета“). Едно од најпознатите, кое се уште „се расветлува“, е убиството на руската новинарка Ана Политковскаја.

(повеќе..)

ФИФА го брани спортот од политиката со политика

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Можна ли е некоја област од нашето севкупно живеење и дејствување без политика, кај нас и во светот? Не е ли самата одбрана од политиката политика? Постои една област која, ако не повеќе, барем го релативизра одговорот на овие и вакви прашања: спортот.

Не постои влијание на политиката во спортот? Тој е недопирлив за неа? Таман работа! Па уште од античко, да не речам „првобитно време“, е познато дека токму тој на најдиректен, наједнoставен, најбрз, најотворен, најтранспарентен начин афирмира држави, нивни политики, политика на владејачка партија, интерес на владејачка (бизнис) групација. Како што е познато дека во нашиве „модерни“ времиња на тој и секаков друг план најисплатлива инвестиција е токму во спортот, почнувајќи од купување на тимови (особено во фудбалот), финансирање- спонзорирање на одделни спортови и спортисти, спонзорствo- покровителство на значајни меѓународни манифестации (ефикасен маркетинг). (повеќе..)

Манипулации со насилството врз жените во Македонија

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove 3 Comments →

Отсекогаш сум бил вnимателен и резервиран кога сум промислувал за рамноправноста помеѓу половите или, можеби поточно, за нивната еманципација (и на мажот и на жената). Внимателен затоа што станува збор за мошне комплексна и чувствителна тема (цивилизациска, социо- економска, културолошка, историско- традициска итн.), а резервиран бидејќи таа е основна, темелна за разбирање и проценување- оценување на севкупниот развој на една средина, почнувајќи од семејната па се до „глобалната“ односно „меѓународната“. Имено, од неа произлегуваат многу други, таа е „стеблото“ со „подебели“ или „потенки“ гранки, како што се половата (не)рамноправност, „нежноста и грубоста“ на половите, (зло)употребата- експлоатацијата (трговија на луѓе, криминал, проституција, заразни болести итн.), (не)рамноправноста во општеството воопшто и застапеноста во власта, непримерната и, следствено, неприфатлива полова разлика во творештвото, уметноста воопшто (што е тоа „женска поезија“, „женска проза “, кои се „типично женски“ теми и сл.), се до „најдебелата“ односно најпримитивната- меѓуполовото насилство. Токму тоа „најилустративно“ говори за степенот на цивилизацискиот развој на едно општество, народ (мнозински, немнозински), држава.

(повеќе..)

Засади и порасни дрво

ноември 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Акцијата „Засади ја својата иднина“, организирана по втор пат во земјава на Денот на дрвото, е без двојба голема и повеќедимензионална: еколошка, хуманитарна, културолошка, мобилизаторска, регионална, планетарна… Заслужува секаква пофалба, негување, поддршка, продолжение (традиција), ширење (прв нареден чекор „балканизација“).

Нејзиниот успех во светски размери не е толку во засадувањето на повеќе од 5 милиони дрвца (бројка што заслужува дури и Гинисово внимание и респект), колку во искажаната, докажаната нарасната свест и совест кај граѓаните, кај сите генерации за сопствената и иднината на својата земја. Се разбира и во воспоставениот дијалог , меѓусебното разбирање, почитта и заемниот опстој на човекот и природата. (повеќе..)

Оригинален криминал

ноември 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Во криминологијата, конкретно типологизацијата на криминалот, постои религиозен криминал, но тој е нешто сосема друго од криминалот во кој е очигледно вмешана МПЦ, од криминалното досие кое сигурно нема уште долго да биде отворено. Религиозниот криминал (современиот, од нашево време) најчесто се поврзува со религиозниот фундаментализам или со религиозната индоктринација, нерелигиозното дејствување на религиозни групи односно секти и сл.

(повеќе..)

Бизнисменска ступидарија

ноември 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Не сум од оние „изгорените“ за членство на Македонија во ЕУ („по секоја цена“), иако, како сите други „обични“, знам, петпоставувам, насетувам што би значело тоа, какви благодати, со и без наводници, би ни донела евроинтеграцијата. Напротив, можам да речам дека засега сум против (тоа на овој сајт веќе сум го искажал „јасно и гласно“), не толку поради нашата „неевропеизираност“, која е на срамно ниско ниво, колку поради идиотизмите на „оние“ во Брисел со поставувањето на се нови и нови услови или, да бидам за момент јазичен малограѓанин како некои наши политичари и „интелектуалци“- „бенчмаркови“.

(повеќе..)

Страв од Путин или од „путинизмот“

ноември 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Руската Државна дума денеска го одобри траењето  на новиот мандат на шефот на државата на 6 години, наместо досегашните 5. За промените на Уставот гласаа 351 пратеник, додека против беа 57- мина.

Рускиот Устав ќе ја наведе одредбата дека граѓаните на Русија ќе избираат претседател на рок од 6 години (наместо досегашните 4), врз основа на општо, директно, тајно гласање, а пратениците на Државната дума на рок од 5 години (наместо досегашните исто така 4).

Измените на Уставот ги предложи претседателот Дмитриј Медведев на 11- ти ноември годинава.

(повеќе..)

Косово допрва европски проблем

ноември 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Всушност, Косово отсекогаш било, е и ќе биде пред се, а може да се рече и единствено европски проблем. Освен ако како „неевропски“ се третира геостратешкиот интерес на САД (реализиран преку НАТО). И тоа како дел од тн. Западен Балкан кој ЕУ не сакаше односно не сака да го интегрира, да го прими во „своите редови“, па до ден- денес си игра „дрн- дупка“ со поставување на се нови и нови, кој од кој поапсурдни и поступидни услови (драстичен „контра“ пример е Кипар). Косово и Западниот Балкан („топтан“) станува и допрва ќе стане голем- огромен проблем за Унијата, особено по политичката рецесија која неминовно ќе ја зафати како последица на економската. (повеќе..)

Укинување на визниот режим за Македонија: И како последна, надежта сепак умира!

ноември 12, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Не е само домашна- оценка на македонската Влада дека се исполнети сите услови односно норми утврдени од страна на ЕУ за укинување на визниот режим, конкретно на „шенген визите“. Тоа ќе рече дека се реални очекувањата и најавите оти, кога станува збор за Република Македонија, тие би требало да се укинат до крајот на идната- 2009- та година. Меѓутоа… (повеќе..)