Нови барања и предлози на Атина
Владата на Караманлис и тој лично очигледно ги издава трпението. Се повеќе станува јасно дека Атина ниту барала, ниту бара конструктивно решение на нејзиниот проблем во врска со името на нашата земја, туку нова географска одредница која всушност значи бришење на националниот идентитет на македонскиот народ.А притисокот што го врши во последниве месеци има пред се внатрешен „извор“: нестабилност и незадоволство од владините решенија и воошпшто (рако)водењето на земјата.
Пред почетокот на балканскиот самит во бугарскиот град Приморје, на 22-ри мај, а на кој ќе учествува и македонскиот претседател Црвенковски, Костас Караманлис побара отстапки (нови?) од Македонија кои се сведуваат на „подобрување на односите“. Иако токму тие се сериозно нарушени и катадневно се нарушуваат од Атина (забрана на прелет на авион на МАТ, напади на македонски граѓани, блокада на железничкиот транспорт итн.).
![]()
Се шпекулира дека во Приморје би можело да дојде до средба помеѓу Караманлис и Црвенковски. Иако не е јасно за што би расправале тие (во рамките на грчко- македонските односи), освен таа да се сведе на куртоазно видување, според кабинетот на Црвенковски доколку грчката страна побара таков состанок македонската ќе учествува на него затоа што претседателот нема причина да не прифати разговори со други лидери.
Што се однесува на новите предлози за името, весникот „Елевтерос типос“ објави дека „Горна Македонија“ би можело да биде компромисното име со кое би се решил спорот помеѓу Атина и Скопје. Ваквиот предлог би можел да биде прифатен од новата Влада во Скопје, што ќе ја формира премиерот Никола Груевски. Тој исто така тврди дека за Скопје би било прифатливо сложено име со јасна географска одредница за меѓународна употреба, но под услов во евентуалниот договор да се спомнуваат „македонски идентитет“ и „македонски јазик“. Притоа потсетува дека името „Горна Македонија“ било поддржано како предлог и од Атина во 2002-ра година, кога шеф на грчката дипломатија беше актуелниот лидер на ПАСОК Јоргос Папандреу, но неговото сериозно разгледување било оневозможено поради конфликтот во Македонија.
Поволна вест за Република Македонија (според предизборната кампања, неповолна за коалицијата „Сонце“):
20-мина европски и американски дипломати, академици и претставници на меѓународни организации со долг стаж на Балканот испратија писмо до Јаап де Хоп Шефер во кое бараат Македонија да биде примена во НАТО.
„По грчкото одбивање на последниот предлог на Нимиц (Република Македонија – Скопје) загрижени сме дека нема да биде постигнато решение за името до рокот во јули за Македонија да ги стаса Хрватска и Албанија за приемот во НАТО. Веруваме дека одложувањето на влезот на Македонија во НАТО може да има сериозни последици за стабилноста на земјата и за соседно Косово. Брзата покана за НАТО ќе испрати сигнал за обесхрабрување на сите во регионот кои би сакале да ги држат отворени прашањата за границите на Македонија, Косово и во регионот. Одговорот на спорот за името лежи во фер и разумен компромис врз основа на предлогот на Нимиц понуден во пресрет на самитот во Букурешт“.
Значи, уште една прецизна и целосна негација на Радмила Шеќеринска, која во своите предизборни настапи постојано го обвинува Груевски за „пораз“ во Букурешт, а лично себе си (не и Владата што би ја формирала доколку коалицијата што ја предводи победи на предвремените парламентарни избори) се промовира како единствената која „во џебот“ има решение со ветувачки рок од 6 месеци.
На писмото до Шефер се потпишани Гералд Кнаус, Сорен Јесен Петерсен, Николас Вајт, Иван Крастев, Едвард Џозеф, поранешните американски амбасадори во регионот Бил Монтгомери, Питер Галбрајт, Роберт Гелбарт и други.






