Расизмот и европеизмот

Можеби сум првиот кој го користи терминот „европеизам“ (значи полагам право на авторство), а во значење на европски дух, европски вредности, европска култура, европски стандарди.За жал овојпат „поврзан“ со еден друг кој, пак, означува пред се примитивизам, а потоа нетолеранција, омраза, деструкција, дури ниски- животински страсти. Кој никако да се искорени, а се чини дека најжилав отпор дава на фудбалските терени. Најнов е оној случен- жестоко изразен во Загреб.
Меѓународниот фудбалски сојуз (ФИФА) покрена службена истрага поради расистичкото навредување на англискиот репрезентативец Емил Хески во текот на квалификациониот натпревар помеѓу селекциите на Хрватска и Англија (1:4) за пласман на Светското првенство во 2010- та година.Како што е објавено на сајтот на ФИФА, неа ја побарал Англискиот фудбалски сојуз. На тој натпревар, на стадионот „Максимир“, хрватските навивачи секој контакт на Хески со топката го проследувале со мајмунски крикови. Тие почнале така да се однесуваат по остриот старт на Хески во дуелот со дефанзивецот на домашните Нико Ковач.
Самиот Хески по натпреварот изјавил дека расистичкото навредување на дел од трибините го игнорирал и оти не го смета за инцидент кој заслужува признание.Одлуката за евентуална казна на Хрватскиот фудбалски сојуз ФИФА ќе ја донесе по прегледот на сите извештаи од натпреварот одигран на 10-ти септември.
Инаку, ова не е прво „излевање“ на хрватскиот расизам. Хрватскиот фудбалски сојуз летоска и плати парична казна на УЕФА поради расистички испади на навивачите на натпреварот против Турција.
Како што е познато, од сите западнобалкански, поточно бившојугословенски држави (Хрватите ги навредува ако се третираат како Балканци, сметаат дека никогаш не му припаѓале и не му припаѓаат на „ридестиот Балкан“), Хрватска е најблиску до членство во ЕУ.Ќе биде примена со расизам во рамките на нејзиниот европеизам?






