Република Македонија немала и нема никаква „американска карта“ в раце за решавање на „спорот“ со јужниот сосед (во наводници оти воопшто не станува збор за спор, туку, да повторам по којзнае кој пат, за проблем на Атина со име на друга- соседна држава, што е сам по себе парадоксален, апсурден, нонсенс, непримерен за меѓународни, а пред се добрососедски односи). Зашто, доколку ја имаше, доколку ја има, ќе ја искористеше односно ќе ја користи максимално до „последен момент“- до претседателските избори во САД, а можеби и по нив (доколку победи републиканецот МекКејн).
Всушност се работи за „тотално спротивното“, но невешто замаскирано според познатата полит- воена стратегија: „Нападот е најдобра одбрана“.
Имено, одамна е јасно дека Данајската република (за некои Грција) одамна игра токму на своја „американска карта“, која конечно и се официјализира, а се вика Барак Обама- демократскиот кандидат за иден претседател на САД. (повеќе..)