Предочување
Во текстот посветен на Дора Бакојани (објавен пред некој ден на оваа web страница) ги оценив како весели односно за смеење (ступидни, инфантилни, инфериорни…) нејзините изјави и оценки во последно време, а во врска со проблемот на нашиот јужен сосед со името на земјава. Меѓу другите, со таква, „соодветна“ оценка ја регистрирав и нејзината реакција за „активирањето“ на тн. двојна формула од страна на Груевски.
Да потсетам, таа изјави дека македонскиот премиер „прави сериозна грешка и сноси одговорност за каква било пречка во преговорите, и пошироко, за евро- атлантскиот курс на државата“.
Додавам: Бакојани би требало да дознае, ако случајно не знае, дека не станува збор за враќање односно „активирање“ на двојната формула, бидејќи таа е цело време на маса и „активна“, туку за потсетување дека од македонска страна секогаш имало и има подготвеност за компромис. Имено, постои од самиот почеток на разговорите- преговорите токму со понудата за тн. двојна формула. Друг е проблемот што оние кои во сиот изминат разговарачко- преговарачки период „гранитно“ стоеја зад неа сега тврдат дека таа никогаш не била „официјализирана“ (значи цело време го лажеле, го замајувале македонскиот народ) и оти треба да се отстапи од неа бидејќи „не дава резултати“.
Впрочем, и „активирањето“ не е поради тоа што се смета оти е таа најдобро решение, туку е „балансиран одговор“ на барањето на Атина за едно име и за внатрешна (во земјава, значи со промена на Уставот) и за надворешна употреба.
Мала „дигресија“:
Моето инсистирање на преименување на јужниот сосед во Данајска република (наместо сегашното двојно- Грција/ Елада) го сметам за вистинско компромисно „билатерално“ решение на „билатералниот проблем“. Едновремено, со тоа од двете „страни“ ќе се признае и/или потврди неприкосновеното „сеопшто“ право секој секого да нарекува- именува како што сака (што е всушност едниот дел од тн. двојна формула- јужниот сосед да ја нарекува нашава земја како што сака и и одговара).
Во врска со владиниот став за двојна формула за името се јави и го предочи (во најголем дел) истото македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски: дека тоа одговара како преговарачка позиција во однос на грчкиот став за едно име за севкупна употреба. Притоа „дообјаснува“ дека Грција, а не Македонија е страната во разговорите која не е подготвена за компромисно решение за името:
„Изјавата на Бакојани е само потврда на претходните најави дека Грција, како прво, работи на сценарио со кое, употребувајќи го спорот за името, сака да покрие некои домашни прилично големи корупциски скандали, а како второ, за неуспехот на решавањето на овој од Грција наметнат проблем, да најде друг виновник, освен грчката влада.
Сметам дека нивната фригидност и закопаност во рововите на една непопустлива позиција, која има за цел да го наруши нашиот суверенитет, достоинство и право на самоопределување, е вистинската причина, заедно со нивните домашни корупциски скандали, зошто засега немаме поместување напред во разговорите за името“.
Во врска со владиниот став за двојна формула за името, Милошоски потенцира дека тоа одговара како преговарачка позиција во однос на грчкиот став за едно име за севкупна употреба.






