Archive for
август, 2008
август 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Поентар
No Comments →
Како секоја, и оваа година пред почетокот не летната сезона се најавуваше туристички„бум“. Дека конечно македонскиот туризам ќе „скокне“, дека се очекува богата туристичка „жетва“, без оглед што навреме беа „прочитани“ сигналите и најавите за слаба посетеност на странски туристи на нашите главни туристички дестинации. Затоа, пак, е тука домашниот турист кој ќе навали оти нема каде (пред се поради (п)одбивањето на јужниот сосед на македонски граѓани; другите „мориња“ за Македонците се „традиционално“ далеку).
(повеќе..)
август 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
Не поминаа ниту 24 часа од гаснењето и ставањето под контрола на речиси сите пожари во земјава благодарение на долгоочекуваниот дожд, а нов, најголем пожар летово, со мошне загрижувачки размери, изби кај Нов Дојран. Овојпат не станува збор ниту за природна стихија (високи температури), ниту за намерно подметнување, иако пак е во прашање човечки фактор.
(повеќе..)
август 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Економикс
No Comments →
Неверојатно и несфатливо е актуелната власт, пред се Владата односно кое било ресорно министерство, а потоа и Парламентот (без оглед на немоќната и маргинална опозиција) да донесат- донесуваат закони или измени на закони кои не се хармонизирани со европските, кога се знае дека е тоа една од првите обврски од Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ, услов за интеграција во европската заедница. Дури и пречеше постојаното потенцирање (во последно време тоа е поретко) дека претходно „законот е испратен на експертиза во Брисел“. Како да е сиот „експертски ум“, за секоја област, собран таму.
Зарем е можно на Владата на Груевски, конкретно на ресорното Министерство да му успеало да ги „протне“ измените на Законот за енергетика кои, патемречено, предизвикаа негативни реакции од парламентарната опозиција, но и од „најзасегнатиот“ ЕВН? Ако успеало, треба искрено да му се честита!
(повеќе..)
август 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Поентар
No Comments →

Пред некој ден (26.08.) Русија ги обвини Македонија, Албанија и другите балкански земји дека и продавале оружје на Грузија. Рускиот генерал Анатолиј Ноговицкин, шеф на Генералштабот на руската армија, на прес конференција во Москва ги обвини сите балкански земји, како и оние од источна Европа, дека го снабдувале Тбилиси со оружје. Освен спомнатите, тој ги именува Бугарија, Украина, Србија и Унгарија.
(повеќе..)
август 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
Ураганот „Густав“, кој најнапред како тропска бура удри на Хаити и Доминиканската Република и однесе 85 животи, вчера (сабота-30-ти август) пристигна како ураган (четврта категорија) до кубанскиот Остров на младоста со ветришта кои дуваа со брзина од 230 км на час. Во својот налет на Куба оштети повеќе од 100.000 куќи, 370 училишта и стотици километри електрични и телефонски водови. Евакуирани се 467.000 луѓе, но никој не го загуби животот.
Метереолозите предвидуваат дека „Густав“ најверојатно ќе го погоди мексиканскиот залив и американскиот град Њу Орлеанс. Поради тоа властите во американската држава Луизијана го подготвија населението за евентуална евакуација.
(повеќе..)
август 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Како што се очекуваше, фудбалерот на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо е избран за најдобар во Лигата на шампионите за 2007/2008-ма година. Португалецот е исто така избран и за најдобар напаѓач.
Во изборот во Монте Карло доминираа фудбалерите на Челзи, освојувачи на три награди за најдобри на своите позиции.
Изборот беше одржан паралелно со ждрепката за првата фаза од новата сезона во елитното натпреварување.
(повеќе..)
август 30, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
Некои колеги- новинари се навистина непристојни, да не речам некултурни, да речам дури безобразни. Не научиле нешто од основната „новинарска“ практика (или беше етика?): не будете го со своите „чепкања“ оној што спие во функционерска фотелја, не му го вознемирувајте сонот. Самиот ќе се разбуди. Ако не порано, тогаш сигурно на последниот ден од мандатот. За да не биде избркан од неа, туку „достоинствено“ да си замине.
Ама што се може. Не се само новинарите некултурни (се разбира, не се мисли на сите), туку и други и трети…Дури и Владата на Република Македонија!
(повеќе..)
август 30, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: In continuo
No Comments →
Наместо колку- толку да се корегира, што значи да ги пренасочи своите активности во „конструктивна“ насока, раководството на Федерацијата на фармери продолжува со своите нелогични и штетни потези и активности. Членството би морало што поскоро да се „позанимава“ со него, да испита и открие од кого е „диригирано“, да побара конкретна одговорност за штетите што им ги нанесе на големите- крупните индивидуални млекопроизводители и да го смени.
Наместо по средбата на сточарите и млекарниците, на која е договорена идната заедничка активност за разрешување односно надминување на проблемите, да се прогласи прекин на протестот, раководството на Федерацијата соопшти дека него го става „во мирување“. Прашање е дали воопшто ја знае разликата помеѓу прекин и мирување на протест односно штрајк.
(повеќе..)
август 30, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Економикс
No Comments →
Од еврозоната се почесто и се повеќе пристигнуваат мошне загрижувачки вести за економските движења: големи надворешни неповолни влијанија, неизвесности околу траењето и конечната цена на превирањата на финансиските пазари, слабеење на американската економија и пораст на цените на стоките. Дефинитивно, и покрај цврстите економски темели, еврозоната почнува да го чувствува влијанието на светската криза.
(повеќе..)
август 30, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Премиерот на Русија Владимир Путин во две интервјуа изјави дека е сигурен оти брзо ќе се докаже која страна е виновна во конфликтот помеѓу Русија и Грузија. Веќе почна да се докажува: тоа е Грузија.
При посетата на рускиот Далечен исток, во интервју за ТВ каналот „Русија“ Путин рече дека вистината за ситуацијата околу Јужна Осетија е на страната на Русија која постапува во рамките на моралното и меѓународното право, а во меѓународната ситуација во врска со тоа прашање има „многу емоции“:
(повеќе..)
август 29, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Поентар
No Comments →
Без оглед што е партиска прозивка барањето на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на државата Бранко Црвенковски прецизно да одговори какви се неговите позиции во врска со спорот со Грција за името и со каков план има намера да го реши, тој би морал пред се на граѓаните да им објасни какво решение има „в раце“ за наметнатиот проблем на Атина во врска со уставното име на државава. Ако не поради друго, тогаш сигурно поради личниот дигнитет и политичкиот – државничкиот кредибилитет. Да го презентира јавно како би можеле стручњаци, експерти и јавноста да го анализираат, проценат, оценат, па ако е добро, „вистинско“, да добие најширока поддршка и сите заедно да се ангажираме за негово прифаќање на „другата страна“ (или беше „едната“?) односно на меѓународниот „фактор“. Се разбира, во името на што поскорешното евро- атлантско интегрирање на Република Македонија. Доколку тоа не го стори веднаш, денеска, утре, неговиот молк или „воздржаност“ не ќе може да биде протолкуван поинаку, освен како уште еден „политички гаф“, непромислен истап, уште едно од досегашни не(из)броени негови „лизгања“ на тенкиот претседателски „мраз“.
(повеќе..)
август 29, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Економикс
No Comments →
Постапно, но се уште не со посакуваната динамика (има објективни, но и субјективни причини за се уште неповолниот бизнис амбиент), Република Македонија добива на значење како привлечна бизнис дестинација, пред се за странски инвестиции. Она што се знаеше, на што експертите посочуваа, а актуелната опозиција од петни жили се обидуваше да го дезавуира, па и исмее, имено дека медиумските кампањи, посебно онаа во странските медиуми „Инвестирајте во Македонија“, сигурно ќе имаат ефект на долг рок, почна да се остварува. Нараснатиот оптимизам е реален и секако поттикнувачки. (повеќе..)
август 29, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
Зошто веќе втор ден (одново) протестираат млекопроизводителите? Кој ги организира, кој со нив манипулира? Нема ли политичка заднина? Ќе се открие ли, ќе одговара ли некој?
Ако за првите протести на сточарите се имаше разбирање за проблемите и беа поддржани во нивните барања (види го текстот на овој сајт „Сточарите имаат право!“-20.08.2008), овојпат нема и не може да има. Од едноставна причина што пред неколку дена почна дијалогот на двете страни- млекарниците и млекопроизводителите, со посредство на Министерството за земјоделство.
(повеќе..)
август 29, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Акценти
No Comments →
Првото големо изненадување во веќе започнатата борба (или трка, сеедно) за нов претседател на Америка, што ќе рече дека сигурно ќе ги има уште, го приреди Републиканската партија. Не само поради тоа што за првпат во својата историја во претседателските избори настапува со жена кандидат за потпретседател, туку и поради „генерацискиот баланс“ што го воспостави на тој начин: демократите имаат 47- годишен претседателски, а републиканците 44-годишна потпретседателка.
Токму тоа го потенцираат експертите при оценувањето на изборот како „стратешки генијален“: сега постои баланс кон Демократската партија која за главно мото ги има промените.
(повеќе..)
август 29, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: In continuo
No Comments →
Всушност, се „читаше“ уште на самиот старт од судирот Русија- Грузија, само што беа нејасни некои детали односно меѓуредови. Не беше познато дали ќе се повторат одамна проверените, спроведените во практика. Затоа што се работи за стандардно сценарио, досега многупати, во разни конфликти реализирано, особено во времето на Студената војна чие ново издание очигледно започна (повеќе..)