Од три страни во петта
-Зимбабве воведува банкнота од 100 милијарди долари
Централната банка на Зимбабве ќе пушти во промет банкнота од 100 милијарди зимбабвеански долари, во очајничка борба против хиперинфлацијата во земјата, објави банката.
Зимбабве пати од хроничен недостиг на месо, брашно, гориво и останати животни потреби поради колапсот на некогаш напредната економија, за што критичарите ги обвинуваат потезите на претседател Роберт Мугабе, меѓу другите и насилното одземање на фарми во сопственост на белци. (повеќе..)

Метју Нимиц најави извесна промена на „фокусот“ на преговорите за проблемот што го има јужниот сосед со името на нашата земја. Всушност, не станува збор за промена, туку за враќање на онаа појдовна позиција (уште од „проблематизацијата“ со приемот во ООН и измислувањето на ступидната референца БЈРМ), а која во меѓувреме, под притисок на Атина, се „помести“ односно се „разголи“- се постави вистинскиот проблем: идентитетот на македонскиот народ „конкретизиран“ со проблемот на егејските Македонци, пред се со нужното идно, скорешно признавање на македонското малцинство во Грција (според мене, посоодветно и пооправдано име на јужниот сосед -Данајска република).
По цели 13 години, Радован Караџиќ е донесен во Хаг, со авион на српската Влада. До Шевенинген тој беше префрлен со полициски хеликоптер.
Годинава и во Скопје и во други поголеми градови во Македонија регистрираме многу побогати културни лета одошто во изминатите. Па сепак, она што го потенцирам во овој прилог како се уште да не им е доволно познато на креаторите на културата воопшто, дури како воопшто да не чуле или прочитале.
Како и досега, ништо добро од ММФ. Не затоа што Фондот работи против Република Македонија, туку од проста причина што мора (тоа и е прва „задача“) да ги брани сопствените интереси насекаде каде што влегол и не ни помислува да излезе.
Пред повеќе од две години (на крајот од 2005-та) беше промовиран проектот „Катастар на недвижности и регистрација“ кој треба да ги забрза постапките за воспоставување на катастар на недвижности и да ги подобри процедурите за впишување на имот.
Висока делегација на Светската банка на средба со македонскиот претседател Бранко Црвенковски оцени дека невработеноста во Македонија е се уште голема, а сиромаштијата раширена. Енергетскиот пазар, патната инфраструктура, деловниот амбиент, децентрализацијата и социјалниот сектор се области кои бараат посебно внимание.
Станува несфатливо како најтесното раководство и неговото „опкружување“ не разбираат или не прифаќаат дека со однесувањето и дејствувањето во подолг период (од самиот старт на опозициониот „стаж“- пред две и кусур години) се маргинализира себе си; СДСМ веќе не е најголема, а станува, ако се уште не најмала, тогаш „еднакво мала“ опозициона партија со другите „содружници“; дека создава дури анимозитет не само кај своите „довчерашни“ и “доденешни“ симпатизери, туку и кај членството.
Стапи на сила новиот Деловник на Собранието на Република Македонија кој беше донесен минатата недела.
Токму така, по најавата за привршување на „размислувањето“ дали ќе се кандидира или не на следните претседателски избори во Македонија (се „работеше“ за 1%), тој го потврди она што никого не изненадува. Всушност, станува збор за изнудена, единствено логична и последична одлука.
Наспроти најавите дека Караманлис „жестоко“ ќе одговори на писмото упатено до него од страна на македонскиот премиер Никола Груевски, тоа е толку „неподносливо лесно“ што е во голема мера и неочекувано. Со него Атина уште повеќе од досега се демаскира односно разголува пред светот, а најнапред пред своите сојузници.
Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, се поотворено се става на страната на Атина, што не е ништо друго освен слабост- подлегнување на притисок, но секако и интерес (поширок- „натовски“, а можеби и личен). Се забележува и негово нервозно реагирање кога треба да кажува или објаснува за консензусот во Алијансата, а всушност условувањето на една земја- членка која според стандардите и не е баш „натовска“.
Можеби е подобро и пооправдано да се постави прашањето: кому му требаат спектакли?




