Залуден притисок врз Данајската република (Атина)
Со оглед на мошне краткото време за решавање- разврска на проблемот на Грција во врска со името на Републиика Македонија, без оглед на се поголемиот притисок врз Грција тешко дека САД ќе успеат да „завршат работа“. Не затоа што Данајската Репуплика (Атина) моментно се замислува ептен силна, дури посилна од САД (сегашната власт на заминување, на чело со Џорџ Буш), туку поради „данајската природа“ на Атињаните да го искористат својот „тројански коњ“ (Барак Обама) кога ќе дојде „вистинското време“ (кога тој ќе стане нов претседател на САД).
Нимиц ги одби барањата на Атина да запрат преговорите за името додека не биде избрана новата Влада во Македонија, а американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која веќе се сретна со македонскиот министер за надворешни работи Милошоски, побарала средба и со шефицата на грчката дипломатија Бакојани. Најавено е дека средбата ќе се одржи на 24-ти јуни во Берлин, на маргините на самитот посветен на палестинското прашање.
Некои аналитичари преседанот, што се случи во ОН по 34 години, откако американските претставници го блокираа гласањето за резолуцијата со која треба да продолжи мандатот на мировната мисија на ОН на Кипар (од резолуцијата е изоставен еден амандман со кој се поткопува суверенитетот на грчкиот дел на Кипар), сметаат дека е тој поврзан со однесувањето на Атина на самитот на НАТО во Букурешт (опомена или казна, сеедно). И грчки дипломатски извори не исклучуваат дека овој чекор на американската администрација е делумно поврзан со Букурешт кога, да потсетам, и покрај најавата на Буш за прием на целата Јадранска група, Грција стави вето за Република Македонија.
![]()
Некои проценуваат дека САД преку дипломатски чекори, кои директно немаат врска со прашањето за името, би можеле да извршат силен притисок врз Грција, во обид да ја натераат Атина да продолжи со сериозни преговори и да се изнајде решение до 9-ти јули, на што инсистира официјален Вашингтон, а со цел Македонија да им се приклучи на Хрватска и Албанија.
„Днајската тактика“ на Атина сигурно ќе трае уште долго. Се разбира, не може да ја спроведува, да ја „практикува“ сама, туку со помош на своите сојузници и пријатели во ЕУ и НАТО.
Големо прашање е дали таа воопшто сака решавање на „спорот“.






