Неуспешно спроведено сценарио за нефер и недемократски избори
Уште еднаш се потврдува мојата проценка пред изборите: најавената „касапаана“ од страна на Тачи всушност беше откривање на однапред подготвеното сценарио на опозицијата (а не на победничката коалиција и ДПА), според кое предвремените парламентарни избори треба да пропаднат како нерегуларни односно фалскификат.
Дека се работи за пропаднато сценарио на СДСМ и коалицијата „Сонце“, потврдуваат многу нешта: „нерасположението“ на опозицијата за вонредни избори, што претставува парадокс, апсурд, ступидарија во политички плурален и демократски амбиент (постоењето и дејствувањето на секоја партија има за цел пред се и над се освојување на власта); прогласувањето на изборите за нефер, недемократски, фалсификат и сл. уште пред да започне предизборната кампања; свеста дека поразот е неминовен и тешко ќе може да се ублажи; кампањата насочена кон „освестување“ на народот за да не му се случува „онадување“ и по 1-ви јуни од страна пред се на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски лично (потоа и на коалицијата „За подобра Македонија“); неминовен „конфликт“ помеѓу ДУИ и ДПА односно помеѓу македонските Албанци (првите ќе полнат кутии и ќе прават „спорадични“ инциденти, а другите ќе ги спречуваат во тоа „организирано“, што ќе рече ќе мораат да преземат исти „контра мерки“).
Како и кога пропадна детално подготвеното сценарио? Уште на стартот на изборите, во првите утрински и претпладневни часови на денот на гласањето.
Она што на „сценаристите“ им се оттргна од раце беше жестокоста на судирот кај македонските Албанци, со трагични последици (еден убиен и повеќемина повредени), и тоа пред очите на меѓународните набљудувачи и странските амбасадори, а пред се пред очите на американската амбасадорка Џилиен Миловановиќ. На овој заклучок упатува фер и демократското гласање на сите избирачки места (освен затворените поради инцидентите) по „лекциите“ што таа лично им ги „одржа“ на Тачи и Ахмети.
Поразот на опозицијата беше катастрофален на изборите на 1-ви јуни, но недоволен. Таа треба да „плати“ за подготвеното сценарио, делумно
успешно реализирано (нерегуларностите и инцидентите). Сметката и е испорачана: на 15-ти јуни ќе се одржи досега најмасовно прегласување во Македонија. По што таа не би смеела ниту да „гукне“ за „најлошо
организирани избори досега“ (барем извесно време, а потоа…). Без оглед што и самата е свесна оти ништо нема да се смени во конечниот резултат по 1- ви јуни (евентуално еден или два- тројца пратеници на свое „конто“ нема да го смени односот помеѓу позицијата и опозицијата во новиот македонски Парламент).
Нормално е да се очекува се уште актуелната техничка Влада на Груевски, по обезбедувањето на новиот 4-годишен мандат, да ја искористи втората шанса, што и се дава не нејзе, туку на Македонија, и прегласувањето да го организира и „заштити“ до совршенство.
ДИК го поништи гласањето на 193 избирачки места во првата, втората и шестата изборна единица, каде што би требало да прегласуваат околу 170.000 избирачи. Кои се прогнозите?
Според анализите, во оваа изборна единица е можно и еден мандат одДоколку излезноста биде како на 1-ви јуни, поместувања во однос на освоените гласови не треба да се очекуваат во првата, скопската изборна единица, каде што има најмалку прегласувања- на 26 избирачки места. Можни се одредени поместувања помеѓу освоените мандати на релацијата ДУИ- ДПА во втората, кумановско- скопската изборна единица. Најголеми промени помеѓу ДУИ и ДПА најверојатно ќе се случат во шестата, тетовско- гостиварската изборна единица. коалицијата „За подобра Македонија“ да отиде на сметка на албанските партии, а е помалку веројатно дека истото би се случило во втората изборна единица.
Во секој случај, по 15-ти јуни веќе ништо нема да биде исто во Македонија, па и во однос на нејзиниот статус односно третман во меѓународни рамки.
Првото „различно“ е делумно веќе најавено, а целосно ќе се конкретизира во наредните недели и месеци: оставки на лидерите односно „обезглавување“ не само на СДСМ, туку на сите негови коалициони партнери во „Сонце- За европска Македонија“ (но и на некои во позицијата- Тачи и др.). Потоа не обновена, туку сосема нова опозиција, па нова концентрација на македонската политичка сцена. Можеби и појава на нова, уште на стартот респектабилна, „обединувачка“, силна партија.






