Subscribe

Archive for јуни, 2008

Во име на…

јуни 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Во новинарската професија неретко сум запирал пред дилемата дали некој настан, некое или нечие случување е дневно актуелно, што ќе рече краткотрајно- „додека трае денот“ или, пак, се работи за актуелност со „долготрајна упогтреба“, односно со универзални- трајни значења, пораки, поуки, вредности…

На еден конкретен пример од нашата политичка стварност се обидов да (си) одговорам во прилогот објавен на 12.05.2006- та, кој во продолжение го нудам за (пре)прочит. (повеќе..)

Непромислено инсистирање на Атина: барањето за ново име на Македонија со географска одредница е признавање на нејзина моментна нецеловитост!

јуни 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

(30.06.2008.)

По дводневната македонско- грчка турнеја медијаторот Метју Нимиц им изјави на новинарите дека е точно оти се разговара и за друго освен за ново име на Република Македонија. „Појавувањето на други прашања“, како што рече, е потврда дека Атина на преговорите (а не разговорите како што вели Нимиц) поставува и прашања односно барања „поврзани“ со името. Нешто што или поради политичко слепило не го гледаат или го премолчуваат  за да се покажат „конструктивни“ некои политичари од опозицијата (белки не мислат дека „поврзани праша“ поставува Македонија!). (повеќе..)

Владин пакет за ублажување на ценовниот шок

јуни 26, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Владата донесе пакет од 8 мерки за да го ублажи нафтениот ценовен шок. Најголема корист ќе имаат земјоделците и транспортерите (директна и индиректна), но и моторизираните граѓани- учесници во сообраќајот.

(повеќе..)

Приоритети за македонската Влада

јуни 26, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Очекувано, на премиерот Никола Груевски граѓаните, но и организицаии, институции, компании деновиве му поставуваат бројни горливи прашања и му испорачуваат предлози, потреби, барања. Најмногу од сите нив се однесуваат на економската состојба во Македонија, а сиромаштијата, стандардот, вработувањето и бизнис климата се издвојуваат како приоритетни.

Особено внимание предизвика Меморандумот на Европската бизнис асоцијација на Македонија со 30 активности кои ги смета за најважни- „топ“, а едновремено и се нудат искуствата на нејзините членки. (повеќе..)

„Победа“ на Атина или нејзино ново „тресење“

јуни 26, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Според медиумите во нашиот јужен сосед, министерката за надворешни работи на Данајската република (Атина), Дора Бакојани, успешно се одбранила од силниот американски притисок. Поточно извојувала „победа“ на средбата со Рајс во Берлин:

(повеќе..)

Груевски се извинува

јуни 26, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

„Моите реакции во интервјуто беа принципиелни и мотивирани од интересите на државата и граѓаните. Искрено жалам ако повредив чувства на оние во оваа професија кои  професионално ја вршат својата работа и се вистински репрезенти на слободното и професионално новинарство. Жалам што ги повредив чувствата и на оние на кои се однесуваше мојата изјава, малкумина, кои се надевам дека моите забелешки ќе ги прифатат најдобронамерно и во функција на заедничките цели” – вели мандатарот во писмената изјава.

(повеќе..)

Македонија и ЕУ: конзистентност и доследност

јуни 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Македонија е решена да ги исполни поставените задачи потребни за членство во ЕУ, но како мала земја е загрижена да не се поставуваат нови, дополнителни непринципиелни услови и пречки кои не се дел од копенхагенските критериуми.

ЕУ треба да ги почитува принципите кои самата ги постави и прогресот на земјите кандидати да го цени врз таа основа.

Во Брисел се одржува европски политички самит  „Рекапитулар за Балканот“, на кој учествува и македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

(повеќе..)

Подмачкано и „зарибано“

јуни 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Личи на совпаѓање или реприза, ама не е. Има по нешто и од едното и од другото. На пример, токму во ова време пред две години во Германи ја се одржуваше Светското првенство во фудбал, а деновиве во Австрија и Швајцарија Европското.

Реприза е, ама не е, затоа што нема и не може да паѓа нивото на организација на вакви натпревари (апсолутно беспрекорна). Што е, пак, резултат на „вообичаената“ организација на севкупното живееење во модерните држави,  развиени во секој поглед.

Не е реприза, зашто тогаш во Република Македонија следуваа редовни, а сега претходно се одржаа вонредни парламентарни избори (се одржуваат се уште бидејќи прегласувањето не е завршено). На тој „план“ е реприза оценката „успешно организирани избори со по некој инцидент“, но со таа разлика  што тогаш „мазно“ помина кај меѓународниот фактор (така требаше), а сега не. (Не поради инцидентите и големата победа над опозицијата, туку оти се уште не е решен, поради македонска „нефлексибилност“, проблемот што го имаат нашиот јужен сосед и неговите сојузници во НАТО и ЕУ со името на нашата земја).

Но, ај заедно (уште еднаш) да прочитаме што напишав на 22..06.2006- та, а се разбира, без многу менувања освен адаптирања, би напишал и сега: (повеќе..)

Компромисот е нужен, но не на сметка на идентитетот

јуни 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Државно- владиниот врв на Република Македонија одржал едночасовна средба на која го реафирмирал македонскиот став за спорот со Атина. Без да се дадат детали, во соопштението од кабинетот наБранко Црвенковски информираа дека биле разменети мислења помеѓу државните фактори пред претстојната посета на медијаторот Нимиц в петок.

Највисок приоритет на Македонија останува зачувувањето на идентитетот и достоинството на нацијата.

(повеќе..)

Груевски- „ново- стар“ премиер на Македонија

јуни 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му го врачи мандатот за состав на новата македонска Влада. Груевски има рок од 20 дена да ги заврши консултациите со партиите и до Собранието да го достави составот на новиот владин кабинет, како и неговата програма.

(повеќе..)

Нова македонска партија: СДУ

јуни 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Се уште актуелниот министер за одбрана Лазар Еленовски ја промовира Социјалдемократската унија, скратено СДУ, првата партија која произлезе од НСДП. Всушност, станува збор само за најава, а промоцијата (во суштинска смисла), пред се на нејзиното членство, треба да се случи допрва. (Има најави дека процесот на распаѓање на партијата на Тито Петковски се интензивира, не само со најави и на други партии.)

(повеќе..)

Лисабонскиот договор не е доведен во прашање

јуни 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Лидерите на ЕУ, на 27-члениот одбор на последниот самит на Брисел, се согласија дека ратификацијата на Лисабонскиот договор продолжува и по отфрлањето на ирскиот референдум.

Во тој контекст особено се издвојува ставот на Чешка. Делегацијата на оваа земја се изјасни дека процесот на ратификација е во континуитет, но тој ќе биде суспендиран се додека не се донесе изјавата од Уставниот суд. (повеќе..)

Конституирана новата законодавна власт на Република Македонија

јуни 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Конституиран е новиот македонски Парламент, а Трајко Велјановски од ВМРО- ДПМНЕ е избран за претседател. По изборот тој вети дека со неговото работење во наредните 4 години Собранието ќе стане „вистински храм на демократијата“.

(повеќе..)

Ирското “Не“ на „Лисабон“ ја п(р)отресе ЕУ

јуни 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

(23.06.2008.)

За нас е изненадувачки, необично, дури неприфатливо („ниту на крајот од малиот мозок“) да се биде против ЕУ. (Види објавен мој прилог на оваа тема на овој сајт.) Во сиот изминат транзиционен период, од почетокот на независноста на Република Македонија па до денес, нема да прочитате- слушнете ниту збор од наш политичар за друга, освен за евро- атлантска интеграција, дури „по секоја цена“.

Постои општ консензус за неа? А кој го спровел? Што е со тн. духовно обединување (неспорно за ниеден народ во светот), односно опфаќање и на огромен број на Македонци во земји надвор од ЕУ кои, пак, не ни помислуваат, ниту имаат шанса да се „интегрираат“ во неа?

Да, мислам на македонизмот, со него во ЕУ, и тоа единствено како потврда на „единството на различностите“, што е главен европски „принцип“ на интеграција односно обединување.

(повеќе..)

ЕУ на крстосница

јуни 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Поранешниот британски министер за Европа, Денис Мекшејн,  остро забележа дека не може да постои единствена надворешна политика на ЕУ додека „Грција ја блокира Македонија, а шпанската дипломатија лобира против Косово“:

(повеќе..)