Спортска сала „Борис Трајковски“ во Скопје
Спортската сала „Борис Трајковски“, со капацитет од 10.000 посетители, е свечено пуштена во употреба. Таа ги исполнува највисоките европски и светски стандарди. Опфаќа површина од 35.000 метри квадратни и има две игралишта за
различни спортови, како и професионална бина за концерти. Со три влеза, видео надзор, паркинг простор и најсовремено внатрешно уредување со ресторани, салата вредна 16 милиони евра е најголемата од овој тип досега во Македонија.
Нејзината градба во 2004-тата ја почна поранешниот скопски градоначалник Ристо Пенов, ја продолжи неговиот наследник- актуелниот Трифун Костовски, а од минатата година во финиширањето се вклучи Владата.
На свеченото отворање македонскиот премиер Никола Груевски рече дека овој грандиозен објект заслужува да го носи името „Борис Трајковски“.
„Сигурен сум дека успесите кои тука ќе ги нижат нашите спортисти ќе бидат гордост за сите Mакедонци и ќе бидат еквивалентни на оние кои Борис ги оствари на политички план“, истакна тој.
Вилма Трајковска, сопругата на трагично загинатиот претседател, се заблагодари на честа токму оваа сала да го носи името на нејзиниот сопруг:
„На салата и и прилега името на Борис Трајковски бидејќи тој го сакаше спортот. И покрај многуте обврски, тој секогаш присуствуваше на спортски натпревари. Ги бодреше македонските натпреварувачи и навиваше за нив.
која не престана по нашиот Борис и гордоста што моите деца и јас сме дел од него“.Денес во мене се мешаат две силни чувства, кои се спојуваат едно во друго. Едното е гордоста и благодарноста, а другото е тагата, тагата

Прва на паркетот истрча кошаркарската егзибиционистичка атракција „Харлем Глобтротерс“. Околу 6.000 луѓе дојдоа да ги видат светските егзибиционисти. Македонија е 119-та земја каде што тие настапија, а на публиката тие и се претставија со многу атлетизам и комедија. Овој тим постои веќе 82 години.
Вистинската промоција за спортските натпревари салата ќе ја доживее
во декември годинава, кога земјава ќе биде домаќин на Европското
првенство во ракомет за жени.
За паметење: ваков објект Македонија не доби во сите изминати 17 „транзициони“ години. Неговата изградба се „влечеше“ со години за да биде завршена „експресно“.






