И во Австралија „непријатен инцидент“ за Атина
Да, „непријатен инцидент“ за Грција, но сосема логична, непристрасна, разумна, чесна, расно неоптоварена реакција на човек кој ја согледува (воопшто не е тешко ако се сака) сета глупост, безобразност, безобѕирност на (пре)именувањето на Македонија и М0акедонците, а чиј заеднички именител е европски наци- фашизам.
На седница на австралискиот Парламент пратеникот Лук Симпкинс, член на Либералната партија од Ковен, Перт, се осврна на односот на официјална Австралија спремас именувањето на Република Македонија и на Македонците во Австралија.
Тој истакна дека актуелниот австралиски став за именување на Република Македонија со „привремената референца“ (а со која оние што ја измислија и ја прифатија како да си ја „,мијат“ совеста за пропаста на Југославија, па успеаја барем во „референца“ да го зачуваат нејзиното поранешно постоење), како и на австралиските граѓани од македонско потекло е навредлив и погрден.
Ги праша пратениците како тие би се чувствувале кога за нивната држава и за нив би биле употребени термини, како што се „Поранешни британски колонии на Австралија“ или „Англо- саксонски Австралијци“.
Тој смета дека во Австралија нема сличен пример за таква расна
дистинкција на некоја друга заедница (мошне прецизно и точно), како во случајот со именувањето
на Македонците, па побара австралиската Влада да го следи примерот на други земји кои во билатералните односи на Македонија и се обраќаат со Република Македонија, а за австралиските граѓани од македонско потекло официјално да го користи терминот Македонци.
Реакција- барање за паметење. Без оглед што е повеќе од сигурно дека засега тоа австралиската Влада воопшто не ја засега. И без оглед што со постојниот став- однос им се придружува на оние кои го поддржуваат грчкиот односно европскиот наци- фашизам.






