Subscribe

Archive for мај, 2008

За предизборниот молк

мај 31, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Моето новинарско- хроничарско следење на предизборната кампања за редовните парламентарни избори во 2006-та година го завршив, како што е логично и очекувано, со текст за предизборниот молк. Го објавувам и сега, со сосема мали интервенции и прилагодувања (без потенцирање на тогашниот „предизвикот“).

(повеќе..)

„Пријатно изненадување“: Балканот еден од најбезбедните региони во светот!

мај 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Станува збор за истражување чии резултати „фактографски“ негираат една од европските „вредности“- безбедноста односно борбата против криминалот. Во наводници оти воопшто не станува збор дека е тоа- вредност, а најмалку европска. Некои македеонски „проевропски“ новинари, аналитичари и квазиексперти токму така ги именуваат „одредниците“- „бенчмарковите“ и другите услови кои Република Македонија мора(ше) да ги исполни за оние од ЕУ да и ја прифатат нејзината милениумска припадност на „европското семејство“. Признавањето од нив не треба ниту да се бара зашто ниту се опитни, ниту се надлежни за тоа.

Во извештајот на бирото на Он за борба против дроги и криминал (UNODC), со седиште во Виена, се констатира дека Балканот е еден од најбезбедните региони на светот, и покрај тоа што се уште постојат различни видови на шверц, а корупцијата е широко распространета.

(повеќе..)

И во Австралија „непријатен инцидент“ за Атина

мај 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Да, „непријатен инцидент“ за Грција, но сосема логична, непристрасна, разумна, чесна, расно неоптоварена реакција на човек кој ја согледува (воопшто не е тешко ако се сака) сета глупост, безобразност, безобѕирност на (пре)именувањето на Македонија и М0акедонците, а чиј заеднички именител е европски наци- фашизам.

На седница на австралискиот Парламент пратеникот Лук Симпкинс, член на Либералната партија од Ковен, Перт, се осврна на односот на официјална Австралија спремас именувањето на Република Македонија и на Македонците во Австралија.

(повеќе..)

Можни ли се фер и демократски избори во Македонија? Не!

мај 29, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Моето децидно „Не!“ на поставеното прашање најверојатно многумина ги изненадува, па и фрапира, или во најмала рака го сметаат за несериозно.

Како тоа да не се можни? Зарем не мора да бидат фер и демократски? Зарем „меѓународната“ ќе дозволи да не бидат?

Мора да се победи. По секоја цена! А која е цената?

(повеќе..)

„Не е важно кој ќе победи“?! А што е важно? Кој ќе изгуби?

мај 29, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

На 16.01.2006. година објавив прилог под горниот наслов со следниов вовед:

Судејќи според подготовките за фер и демократски избори (изборното законодавство) и почетокот на медиумската кампања, уште отсега едно е сигурно: ќе биде интересно, а богами и мошне весело и смешно.

Затоа ви препорачувам внимателно да следите се што најавуваат и
прават партиите од позицијата и опозицијата. За да се веселите и да се смеете заедно со нас. Ние веќе почнавме. Придружете ни се.

(повеќе..)

Уште една голема странска инвестиција во Македонија

мај 29, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Француската компанија „Монтипе“ ќе гради фабрика за автомобилски делови во слободната економска зона Бунарџик.

Премиерот Никола Груевски и извршниот директор на компанијата Марк Мајус во седиштето на „Монтипе“ во Лењвил, во близина на Париз, потпишаа Меморандум за соработка, со што се отвора патот за реализација на инвестицијата. (повеќе..)

Чудна нервоза на Атина

мај 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле 1 Comment →

Ништо чудно во однесувањето на нашиот јужен сосед. Чудна е се поголемата нервоза кај неговите политичари, сега и на црковни лица. А се знае: нервозата најчесто е предизвикана од несигурност, од лага, од „разголување“ на вистината, но и од фактографска инфериорност.

Нервозата овојпат ја предизвика поглаварот на МПЦ, Г.г. Стефан, кој на чествувањето на Свети Кирил во Рим изјави дека Грција уништува се што создал сесловенскиот просветител.

(повеќе..)

Ајде да се европеизираме

мај 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Дека многу нешта во овој наш до крајности политизиран, поточно политикантски живот не се менуваат или, пак,  се менуваат мошне бавно, „највепчатливо“ зборува процесот на нашето европеизирање.

Сигурен сум дека на прилогов што следи, објавен на 15.12.2005-та во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ (сега со незначителни пред се стилски интервенции и во прво лице еднина) многумина, откако ќе го прочитаат, ќе се согласат дека и сега нема што ниту да му се додаде, ниту да му се одземе.

Лично воопшто не милувам да „ретропишувам“, ама кога се работи за ре-актуелност…

(повеќе..)

Политичко-државничко достоинство

мај 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →


За многумина политичари, особено од актуелната опозиција, токму политичко-државничкото достоинство е деновиве на најголем  испит. А со она што го зборуваат и го прават, како дејствуваат, докажуваат дека воопшто го немале и го немаат. Ако досега некако успевале да го одржуваат држејќи го во заветрината на своите кариеристички амбиции, остварувани дури и со кодошење на сопствената држава вон нејзините граници, дури и со унижување на сопствениот народ, сега веќе не можат. Затоа што станува збор за пресудни моменти за иднината на националното достоинство. Тие се подготвени, тоа веќе и не се обидуваат да го прикријат, дури и идентитетот на својот народ да го проблематризираат, „дискутираат“,  поточно да тргуваат со него за да постигнат лични и партиски лукративни цели.

А еве што напишав и објавив под горниот наслов на 19.11.2005. година. Текстот го преобјавувам без никакви поправки и доправки.

(повеќе..)

ЕУ наградува? Првпат слушам. Јас знам дека само обврзува.

мај 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Има некои домашни и странски- „меѓународни“ политички личности кои со своите настапи и изјави, па и со своите дејанија просто збунуваат. Човек не знае како да ги третира: како сериозни, искусни, мудри или, пак, како личности на кои не им е местото каде што се.

(повеќе..)

Разочараната власт и народот

мај 26, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Прилогов е објавен во 2005. година во „Дневен е-Еснаф, а го преобјавувам без никакви корекции. Се разбира, со непоколеблив став дека темата, па и пристапот и начинот не се врзани за ниедна актуелна власт, односно еднакво се „валидни“ за минатите, сегашната и за сите идни (да, меѓу другото и како опомена).

(повеќе..)

Русија победник на „Евровизија 2008.“

мај 26, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Без изненадување, најавено и потврдено:

Победник на „Песна на Евровизија 2008.“ е претставникот на Русија Дима Билан, со композицијата „Believe“ („Верувај“), со што оваа земја за првпат стана победник на најголемиот европски музички спектакл, во неговата 50- годишна историја. Во 2006. година Билан беше втор.  Победата во саботата вечерта (24. мај) е убедлива- освоени се 272 поена од гласачи во 43 земји.

Украинската диско-ѕвезда Ани Лорак беше втора со 230 поени, а Гркинката Каломира трета со 218 поени. Најмал број на поени освоија Полска, Велика Британија и Германија- по 14.

(повеќе..)

Од Шеќеринска конечно и „мора“

мај 26, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Ќе си ги мери ли своите зборови искажани во некој еуфоричен миг (или некои, според добронамерници/недобронамернии недоброј- „еуфорична политичарка“), по извесно време- на пример некоја година? (Други веќе и ги измерија.) Ќе се срами ли од нив или, пак, ќе се гордее со нивната „тежина“?

(повеќе..)

Спортска сала „Борис Трајковски“ во Скопје

мај 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Спортската сала „Борис Трајковски“, со капацитет од 10.000 посетители, е свечено пуштена во употреба. Таа ги исполнува највисоките европски и светски стандарди. Опфаќа површина од 35.000 метри квадратни и има две игралишта за
различни спортови, како и професионална бина за концерти. Со три влеза, видео надзор, паркинг простор и најсовремено внатрешно уредување со ресторани, салата вредна 16 милиони евра е најголемата од овој тип досега во Македонија.

(повеќе..)

Без FYROM на „Песна на Евровизија“

мај 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Колку да се регистрира, без обврска да се запамети:

Македонските претставници Тамара, Врчак и Адријан не се пласираа во финалето на годинашниот избор на „Песна на Евровизија“. На второто полуфинале во „Белградска арена“, синоќа, со песната „Во име на љубовта“ настапија како 18-ти, од вкупно 19 учесници.

Според „редот и обичајот“, ја претставуваа не сегашната, туку „Поранешна југословенска република Македонија“.

(повеќе..)