Нова „офанзива“ на Нимиц
Веќе се неброени досегашните, па со оглед на „тврдите“ позиции, всушност неразумните-ступидните барања на Атина, оваа негова нова „офанзива“ може да се „пречека“ многу повеќе со „песимистички“ оптимизам, отколку со реален.
Метју Нимиц доби согласност од македонскиот државен врв за нивно продолжување, без оглед на предвремените парламентарни избори. Неговата „втора цел“ се надева дека ќе биде постигната утре во Атина- согласност и од неа.
Нимиц се сретна со премиерот Груевски, а потоа и со претседателот Црвенковски. На двете средби присуствуваше и министерот за надворешни работи Милошоски, а преговарачот Димитров само на средбата со Црвенковски.
Доколку двете страни искажат подготвеност, Нимиц тоа ќе го преточи
во нова дипломатска активност која би резултирала со нова рунда на
преговори. Во спротивно ќе мора да ги одложи преговорите се до
почетокот на есента, кога ќе завршат изборите и ќе биде формирана
новата Влада на Македонија.
Изјава на Метји Нимиц:
„Сакаме преговорите да продолжат на конструктивен начин. Бев
задоволен што добив единственa порака од лидерството на Македонија дека се подготвени да продолжат со преговорите. Се надеваат да го остават ова прашање, овој проблем, зад нас без разлика што се распишани избори. Владата е подготвена да преговара во текот на овој период, што е многу позитивна страна. Досега пред избори не се преговараше. Сега ќе одам во Атина и ќе им го пренесам ова за да видиме некој механизам за да ги придвижиме работите.
Нема сега да им предложам нешто на страните, одвреме- навреме
предлагам нешто, а потоа едната страна кажува позитивен одговор,
другата вообичаено не, но ќе дадам предлог кога ќе мислам дека ќе биде вистинско време за тоа, сега немам предлог.
Мислам дека вистинското прашање е „Како можеме да зборуваме со обете страни и да најдеме заедничка основа за решение?“. Позициите се добро познати, бараме формулација која ќе функционира за оваа земја. Се работи за вашето име и морате да бидете задоволни со него, а и другите треба да го прифатат бидејќи тие се во соседството и ако не го
прифатат, тоа нема да функционира. Тоа го знаеме од неодамнешното
искуство“.






