Зад „очите“ на јавноста: во Атина средба на експерти од Македонија и јужниот сосед
Деновиве во Атина, на иницијатива на САД, се одржала ненајавена, вешто скриена од јавноста средба на експерти од двете соседни земји. Се работи за прв од серија на состаноци на експертско ниво што ќе се одржуваат во наредниот период наизменично во Скопје и Атина.
Новинарска, медиумска шпекулкација? Нема да биде до колку во наредниот период се „пробие“ информација (како оваа) и за следните средби.
Експертите расправале за проблемот на Грција во врска со името на државава (Македонија) и поставиле основа за натамошни стручни расправи и барање на решенија.
Најнапред, заеднички е констатирано дека проблемот на Грција не е уставното име на Македонија, бидејќи во тој случај тоа би значело „студена војна“ на Атина против државниот поредок на нејзиниот северен сосед (Република), што не е точно. Како контрааргумент од експертите од Атина е изнесена постојаната заложба на нивната држава за развој на добрососедски односи и пријателство помеѓу двата народа, а пред се соработката на економски план.
Проблемот е „Македонија“ во уставното име, а според нив тоа не е поврзано со националниот идентитет на мнозинската и немнозинските заедници во неа. Во тој контекст е отворено прашање за дискусија што се подразбира под национален идентитет (негова конкретизација) и дали тој еднакво се однесува и на немнозинските заедници.
Исто така, по мошне широка и темелна дикскусија, експертите се согласиле дека проблемот на Грција не е билатерален, туку мултилатерален, особено по одбивањето на членките на НАТО (а не вето на Грција) на самитот во Букурешт БЈРМ да добие покана за членство во алијансата. До таков заклучок е дојдено откако експертите од Скопје аргументирано докажале дека тој не беше досега, не е и не може да биде билатерален, а особено откако е понуден мошне интересен предлог. Не е билатерален затоа што Република Македонија нема проблем ниту со своето, ниту со името на Грција.
А предлогот бил: за да стане билатерален проблем и таков да се третира кај меѓународната заедница односно на преговорите во ОН, Скопје предлага јужниот сосед да го промени своето име бидејќи ниту географски, територијално, ниту на кој било друг начин ниту називот „Република Грција“, ниту називот „Елас“- „Елада“ не можат да се поврзат со Античка Грција. Даден е предлог јужниот сосед да се преименува во „Данајска република“, како што Грците ги нарекол нивниот и светски поет Хомер. Се смета дека тој назив не ја тангира нејзината сегашна територија. Потребата од преминеување на јужниот сосед е токму од двете страни неоспореното постоење на Античка Македонија.
Двете експертски групи се согласиле проблемот да го прогласат за мултилатерален, од причина што согласноста на членките на НАТО со нивниот сојузник- јужниот сосед (како и најавената условеност при добивање на датум за преговори на Република Македонија за членство во ЕУ) автоматски значи и нивно инволвирање во проблемот.
Договорено е на следната средба во Скопје акцентот да биде ставен на
постоењето на Античка Македонија и нејзиното наследство.
