Subscribe

Archive for април, 2008

Тендер „во четири очи“

април 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Глупоста и недоветноста навистина немаат граници. Со нив постојано не напаѓаат, навалуваат врз нас оние што ги измислуваат, ги прават поради основна неписменост, незнаење, дилетантизам, инфантилност. Во сите области на нашево живеење и дејствување, без исклучок.

(повеќе..)

Дилетанти, фолиранти и трабанти

април 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

За нив веќе сум пишувал неколку пати, и тоа во прилози со „блиски“ наслови, па не ќе на одмет уште еднаш, особено затоа што имам конкретен (неофицијален, непотврден) повод.

(повеќе..)

Во Австрија уапсен татко монструм

април 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Агенциите и медиумите во целиот свет објавија дека австриската полиција уапсила татко монструм кој цели 24 години ја држел во заложништво сопствената ќерка, сексуално ја злоставувал и со неа имал 7 деца.

(повеќе..)

Реална опасност на изборите: „касапаана“

април 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Предупредувањето- најавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, при донесувањето на одлуката за предвремените парламентарни избори во Македонија и самораспуштањето на Парламентот- дека на изборите ќе се случи „касапаана“, се реална, загрижувачка опасност за стабилноста и перспективата на Република Македонија.

(повеќе..)

Продолжува безобразието на Атина

април 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Токму така! Она што го започна и во наредниот период ќе го продолжи многу поинтензивно нашиот јужен сосед- необјавена трговска односно економска војна, е само продолжение на безобразието кое за демократскиот свет полека станува ем несфатливо, ем неподносливо.

(повеќе..)

Денес ми е секој ден

април 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Ова го има домислено еден голем ум, но не во прво лице како јас. Јас го велам во прво најпрво зашто немам второ, трето лице, а попрво оти сакам да кажам нешто конкретно, најконкретно токму за денес.

Дали и вам ви е денес секој ден, како секој друг? По вчерашниот?

(повеќе..)

Последна цел на корупцијата: корумпираните

април 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Корупцијата низа години наназад (практично од почетокот на транзицијата) е една од дежурните преокупации на јавноста, но не и на власта.

(повеќе..)

Велигден- најголемиот христијански празник

април 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Во својата велигденска порака, поглаварот на МПЦ Г.г. Стефан вели:

„Ние сме народ кој знае да се радува на Велигден и на сите празници, како што знае и да трпи страданија, да поднесува голготи и распетија.

(повеќе..)

Нови луѓе за нови времиња

април 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Ова постојано повторувано барање и од наши и од странски добронамерници- оние што и мислат добро на нашава држава, што не се сомневаат во нејзиниот опстанок и иднина, најмногу ги вознемирува, па и плаши. Но пред се ги нервира „стариве“. Тоа многу лесно може да се заклучи од нивниот единствен одговор („консенсуален“):

„На повидок нема нови луѓе“.

Имаат ли право? Само делумно.

(повеќе..)

Извештајот на Европарламентот позитивен за сите, освен за СДСМ

април 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Извештајот на Европскиот парламент за Македонија доби позитивни оценки, и покрај пресвртот што го наметна решавањето на спорот за името како услов за добивање на датум за преговори.

Официјално Скопје изразува особено задоволство за позитивните оценки на спроведените реформи и побара, доколку е можно, на следниот самит ЕУ да и определи датум за почнување на пристапни преговори.

(повеќе..)

Рејтингот нема „врска“ со исходот на изборите?!

април 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведена овој месец, покажала дека владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДПА бележат раст на популарноста од 3%, па сега имаат рејтинг од 29%, односно 8%. Поддршката за СДСМ, пак, е идентична како и во декември лани – 11%. Останатите партии имаат рејтинг од 1% или помалку. Неопределени се 19%.

(повеќе..)

Никогаш нема(ло) време за грешки

април 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Еднаш (порано) слушнав од претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски:

Западниот Балкан нема време за нови грешки, бидејќи факторот време е најскапиот ресурс за земјите во него.

Слушнав и тогаш поприлично се задумав, а бога ми одвреме- навреме ми доаѓа уште да се задумувам. Како сега, во овој момент.

(повеќе..)

А што друго, освен уште едно вето на Атина за Република Македонија

април 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Меѓународниот „фактор“ е повторно срамно поразен од една од нејзините, според сите „перформанси“, најслаби членки. Овојпат тоа е неговиот „дел“-Европскиот парламент. И повторно поради една можеби (не само политички) најголема ступидарија на нашиов век: името на една земја која природно и припаѓа на Европа, ги исполнува сите услови и за неа и за НАТО, ама „неприродно“ не може да ги користи бенефитите од евро- атлантската интеграција затоа што друга сака да ја прекрсти „по свое“.

(повеќе..)

Потврдена ступидарија

април 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Мојот став дека е ступидна најавата односно намерата (веќе реализирана?) за формирање на коалиција на македонски партии со европска ориентација (Движење за европска Македонија),  предводена од СДСМ, а која ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори (мислам и на другата- „патриотската“), мошне „ефектно“ ја потврди премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

(повеќе..)

Нема рејтинг со кратко паметење

април 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Очигледно, за жал, СДСМ во својот „најнов“ кус, само 2-годишен опозоционерски стаж ниту тоа не го научи или, пак, не сака да го разбере. Веројатно сметајќи дека така полесно ќе „мине“. Особено кога со свои оценки им противречи на сите, на меѓународниот „фактор“, па дури си противречи и на самата себе си.

(повеќе..)