Важна „еколошка“ одлука на Владата на Груевски
Владата на полицијата ќе и наложи од наредната недела ригорозно да ги спроведува казнените мерки од Законот за управување со отпад, донесен во Собранието пред речиси 7 месеци.
Потсетувам:
Сите граѓани кои фрлиле ѓубре во градовите, реките и езерата ќе бидат казнети. Казните се од 30, па се до 200 евра. Со 30 ќе бидат казнети оние што фрлаат отпад во урбани средини, со 50 до 70 за фрлање на градежен шут, отпадни масла и гуми во градовите и природата. Највисоки казни од 100, 150 и 200 евра ќе мораат да платат ако бидат фатени како фрлаат отпад покрај реки и езера или доколку го запалат ѓубрето.
„Освен државните инспектори и општинските инспектори за животна средина, ќе бидат ангажирани и полициски службеници. За таа цел во наредниве денови ќе започне масовна акција на Министерството за внатрешни работи против прекршувачите на Законот за управување на отпад“, изјави Ивица Боцевски, портпарол на Владата.
Владата се решила на ваков чекор бидејќи Македонија, како земја идна членка на НАТО и Европската унија, треба и на дело да ги спроведува законите на западните цивилизации на своите улици.
Кога не може поинаку, „нормално“ е да се прави вака: не само да се донесуваат закони, туку тие стриктно и да се спроведуваат. Тоа е суштината на функционална правна држава. Се надевам дека во иднина се поретко ќе бележиме вакви владини „налози“.
А што се однесува на конкретниот „налог“, веднаш се сетив на примерот што поначесто сум го наведувал во мои прилози од областа на екологијата: Сингапур. Имено, тој град-држава токму со ригорозни, дури енормно високи казни за „фрлачи на отпад“, буквално за 24 часа од најзагаден стана најчист на светот. Би бил среќен кога Скопје, на пример, стане (нај)чист на Балканот и пошироко. Ако не за 24, макар за 48, 86 часа…






