Archive for
март, 2008
март 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
Се надевам дека ќе се согласите оти ова е мошне интересна, но ретко поставувана релација за размислување и промислување. Притоа, да се води сметка за поимното разликување и актуелноста за нас на „локален“ и „глобален“ план.
Чинам дека не грешам многу ако кажам дека станува збор за еден градиран- степенуван процес до крајната цел: решавање на прашање или проблем во дадена ситуација и констелација.
(повеќе..)
март 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Читни го ова!
No Comments →
(Прилог на Љупчо Димитровски објавен во „Дневен е-Еснаф“, 19.11.2005)
Вообичаено, една година пред најважните избори, во едно демократско плурално општество-парламентарните, почнуваат политичките (пре)групирања кои не ретко прераснуваат во политички турбуленции во буквалната смисла на зборот.
Дали почнаа на нашава, македонскава политичка сцена? Одговорот е: да, групирањата веќе се случија- се случуваат како „предигра“ на прегрупирањата, а за турбуленциите во овој миг можеме само да прогнозираме дека ќе ги има.
(повеќе..)
март 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
Олимпискиот факел тргна од древниот стадион во Олимпија на пат кон Пекинг. Во утрото минатиот понеделник грчката глумица Марија Нафплиотоу во улога на висока свештеничка го запали факелот пред Хериниот храм. Потоа му го предаде во рацете на Александрос Николаидис, освојувач на сребрен медал во теквондо на атинските Игри пред 4 години, прв носач на олимпискиот факел.
(повеќе..)
март 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Подостапно и поевтино образование, воведување на веронаука во училиштата, компјутер за секое дете и задолжително средно образование- се дел од постигнатите резултати што беа потенцирани на форумот организиран од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, на тема „Реформи во образовниот процес“.
(повеќе..)
март 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
Еден историски договор, кој беше потпишан на 30-ти април минатата година за време на самитот САД- ЕУ, и тоа по цели 4 години преговори, вчера (30.03.) стапи на сила. Се работи за договорот за „отворено небо“, со кој европските и американските компании ќе можат да извршуваат директни летови помеѓу кои било аеродроми од двете страни на Атлантскиот Океан.
(повеќе..)
март 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: In continuo
No Comments →
Една изјава деновиве, поточно поплак на еден наш млад и „перспективен“ политичар „од кариера“ (наводниците сугерираат сомнеж) заслужува внимание: дека „излегува“ оти за се што се случило и се случува во земјава се виновни политичарите и никој друг. Со една „додавка“-прашање како пример: што е со вината на бизнисмените?
(повеќе..)
март 30, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Поентар
No Comments →
Македонскиот државен врв последниот предлог на медијаторот Нимиц го смета за конечен.
„Овој предлог го сметаме, по 15 години разговори околу овој билатерален спор, за конечен предлог во процесот. Вториот заклучок е дека процесот на градење на став во однос на овој конечен предлог продолжува деновиве и најверојатно според Уставот и законите ќе резултира со собраниска расправа во понеделник“, изјави македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.
(повеќе..)
март 28, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Од интервјуто на Џорџ Буш за Хрватската државна телевизија:
„Единствена работа која можам да ја потврдам е дека САД го поддржува членството на Хрватска во НАТО. Имам голема надеж. Не сакам однапред да давам мислење за одлуката на своите колеги но, јас сум голем оптимист. Ништо не би било подобро од тоа да ви донесам добра вест за членството“.
(повеќе..)
март 27, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Eppur si muove
No Comments →
Откако вчерашната рунда на преговори во ОН не донесе значителен напредок, разговорите за името не запираат, продолжуваат на американско тло, но во поинаква форма и од нова локација. Од денеска дипломатските игри околу решението за името се селат во Вашингтон, каде што се во тек интензивни консултации помеѓу високи грчки дипломати и претставници на американскиот Стејт департмент.
(повеќе..)
март 27, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Незнаењето, нестручноста и некомпетентноста, волунтаризмот, еклектицизмот, примитивизмот, медиокритетството- се едни од тн. „дежурни теми“ во моево долгогодишно, повеќедецениско професионално „хрономерување“ и „хроникување“. Од едноставна причина што се сеприсутни во нашето живеење и опстојување, што не туркаат сите нас се подлабоко во бездната на бесперспективноста, што станаа единствен „успех“ на конкретните ангажмани на политичарите во власта и од опозицијата (кога беа на власт).
(повеќе..)
март 25, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Поентар
No Comments →
По средбата во седиштето на ОН во Њујорк помеѓу Нимиц, Василакис и Димитров, што започна во пријатна атмосфера, медијаторот Метју Нимиц даде изјава во која потенцира дека понудил нов, само еден предлог во кој има елементи на стари, претходно дадени предлози. Според него, тој е фер, чесен и разумен.
(повеќе..)
март 25, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Акценти
No Comments →
Српкиот министер за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ изјави дека Владата на Србија на УНМИК му понудила предлог за Договор за функционално раздвојување на Србите и косовските Албанци на Косово.
(повеќе..)
март 25, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
Легендарниот британски писател на научна фантастика Сер Артур Кларк (Sir Arthur C. Clarke), кој умре во средата (19.03.) во болница во Шри Ланка (на 91 година), е погребан во саботата (22,03.) во Коломбо, главниот град на својата втора татковина.
(повеќе..)
март 25, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
Главен заклучок на форумот организиран од владејачката партија на тема „Земјоделството – пат за развој на Македонија“ е дека реформата и владината поддршка на земјоделството на долг рок ќе дадат резултати; тоа ќе го направат конкурентно, ќе го заменат увозот на храна и ќе го вратат оптимизмот и достоинството на земјоделците.
(повеќе..)
март 25, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Економикс
No Comments →
Годинашната стапка на инфлацијата во Република Македонија ќе биде двојно повисока од проекциите, односно 5% до 6%, а пред се поради ценовниот шок што ја зафати земјава како резултат на глобалниот тренд на зголемување на цените.
(повеќе..)