Subscribe

Archive for февруари, 2008

За сеирџиите и мативодите

февруари 29, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Ако нешто позитивно забележувам во последно време кај нас, освен владиниот економски „бум“ на Македонија, што искрено ме весели ( за радување немам време оти со податоците за него ме бомбардираат секојдневно), тоа е што помеѓу нас има се помалку и сеирџии и мативоди. Првите малку повеќе од вторите. Не затоа што се намалија по „природен“ пат, туку затоа што се подисплашија, па се затаија привремено.

(повеќе..)

Политичките лаги и измами

февруари 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Може ли да се води успешна политика без лаги и измами? Го нагласувам водењето, а не практицирањето на политиката, имајќи го притоа предвид ставот на некои учени дека политиката е вештина на владеење воопшто, а особено со луѓе, групи- маси, народ.

Практицирањето на политиката, пак, претставува акција (неретко, особено кај нас и манипулација), а не „политизирање“. Притоа, лагите и измамите или не поминуваат или брзо се откриваат со предвидливи последици.

(повеќе..)

Имав ли право? Имам.

февруари 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Непосредно по последните парламентарни избори (2006-та), по победата на ВМРО-ДПМНЕ, во серијата секојдневни прилози пред и по неа објавени во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ е  и следниов (07.07.2006), со кој актуелизирав едно мошне важно прашање, а е непосредно поврзано со програмата на Никола Груевски „Преродба во 100 чекори“.

Го објавувам на ова место исто како да сум го напишал сега, на овој ден.

(повеќе..)

„Изненадување“: Кастро поднесе оставка

февруари 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Има ли некој што во контиунитет ги следи случувањата во Куба, по сериозното разболување на Фидел Кастро, а пред се неговата старост и истрошеност, да е навистина изненаден од потегот на „единствениот претседатело на Куба“? Необичното е можеби единствено во тоа што тој не почека да го заокружи своето владеење на точно 50 години, без оглед што привремено подолго време не е претседател- го заменува неговиот брат. Можеби веќе „нема време“ за тоа.

(повеќе..)

Сепак промена на уставното име

февруари 21, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Пред неколку месеци имав доволно „храброст“ да предложам ново име на нашава држава (не уставно), како што тоа го стори уште еден мој колега кој потоа, веројатно под „притисок“, својот предлог самиот го оквалификува како несериозен односно ироничен.

(повеќе..)

Македонскиот бизнис и независно Косово

февруари 20, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Општа е оценката (и на политичарите и на бизнисмените) дека со решавањето на статусот на Косово, односно прогласувањето на неговата независност се отвораат нови страници во развојот на економијата во регионот, во развојот, продлабочувањето и проширувањето на меѓусебните економски врски.

(повеќе..)

Очекувано, според „логичниот след“: Белгија како неуспешен модел

февруари 20, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Она што се случува подолго време во една високоразвиена земја особено на економски план, а која често се наведува(ше) како „светол“ пример за меѓуетнички соживот што треба да се след“ (некои од политичарите на македонски Албанци), се покажува како логичен, неодминлив „ред на нештата“: Белгија е длабоко поделена и тешко дека ќе опстојува уште долго како таква.

(повеќе..)

Зошто новиот предлог на Нимиц таен?

февруари 20, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

„Првиот дел“ од најавата се оствари: на средбата во Атина посредникот на ОН за решавање на „билатералниот“ проблем помеѓу Атина и Скопје, Метју Нимиц, во врска со уставното име на Македонија (всушност „унилатерален“, бидејќи е проблем само на Атина), донесе нов, според некои аналитичари последен предлог- ново име. „Вториот дел“- тоа да се обелодени е „одложен“. Предлогот на Нимиц ќе остане таен се додека двете земји на највисоко ниво не го анализираат и објават во јавност.

(повеќе..)

Убедувањето- убеденоста

февруари 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

(Текстов е објавен на 04.07.2006)

Убедувањето за што било е пред се долготраен процес, акција или дејствување. Тоа не може да се постигне за кратко време (денови, недели), а особено не кога е вербално. Кога е во прашање процес, има утврден, проверен тек на „нештата”: најнапред се поставува крајната цел, потоа целите на „меѓуфазите“, па стратегијата и тактиката, средствата (зборовите- јазикот- стилот) и изборот на убедувачите.

(повеќе..)

Независноста на Косово (не)свршена работа

февруари 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Очекувано, без никакви изненадувања: Советот за безбедност на ОН не донесе никаква одлука за во овој момент едно од најгорливите прашања, не само на Балканот и Европа, туку со мошне сериозни импликации по мирот и перспективата на светот.

Се беше однапред познато пред неговата седница: Србија е подготвена за продолжување на преговорите, а Косово за ништо друго, освен за прогласување на ( ветената) независност.

(повеќе..)

На удар: македонската мултиконфесионалност и мултикултура

февруари 12, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Во изминативе денови и недели следиме мошне засилена партиска актривност во врска со една иницијатива на Владата на Груевски (веќе во првична реализација- објавен е меѓународен конкурс за идејно решение), која удира врз „најмекото ткиво“ на македонскиот соживот (доколку се согласуваме дека тој се уште постои во суштинска смисла).

(повеќе..)

Борбата против корупцијата и криминалот во Македонија „тапка“ во место?

февруари 12, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Никој од „надлежните“, освен МВР, не може да се пофали со ефикасна борба против корупцијата односно криминалот во Македонија, без оглед на позитивните оценки од страна на „меѓународниот фактор“.

Тоа го потврдуваат многу факти, од кои можеби „најилустративен“ е секако бројот на предмети (43), кои ги открила Антикорупциската комисија, наспроти отфрлените или во фаза на истрага. Се потенцира и тоа што за 4 години само 3 предмети имаат судски епилог – „Бачило“, како најголем корупциски скандал, и уште 2 „ситни“.

(повеќе..)

Очекувано: безвизен режим на Македонија со Албанија

февруари 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Она што подолго време се најавуваше е веќе договорено: државните секретари на министерствата за надворешни работи на двете соседни држави лесно, без никакви дилеми и проблеми, ја завршија поставената задача- го усогласија текстот на билатералната спогодба. Дотолку полесно што таа се сведуваше на „обична“ проверка дали некоја од одредбите на спогодбата не е во спротивност со договорот за визно олеснување на Македонија со ЕУ.

(повеќе..)

Лустрацијата во Македонија сепак „ќе ја биде“

февруари 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Веројатно требаше да се остави малку време стравувањето на директно или индиректно засегнатите (и по некој од „неутралните“) да „олади“, па одново на дневен ред да дојде она што Репбулика Македонија мораше да го направи одамна,  како што е тоа сторено во сите други посткомунистички, „капитализирани“ држави (во некои веќе 2 пати):

(повеќе..)

Познато и непознато за чесното владеење

февруари 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Познато: чесното владеење се темели на строго и прецизно утврдени „правила на игра“, но и на однесување. Тоа се потврдува не преку владеење на или со, туку за. И прво во себе си, а потоа пред други.

(повеќе..)