Уште еден чекор од 100-те
Премиерот Никола Груевски објави дека државата во наредните 3 години ќе изгради 180 спортски сали. За нив ќе бидат потрошени 55 милиони еврa, a oд тоа 10 се кредит од Европската банка за развој.
Премиерот Никола Груевски објави дека државата во наредните 3 години ќе изгради 180 спортски сали. За нив ќе бидат потрошени 55 милиони еврa, a oд тоа 10 се кредит од Европската банка за развој.
Македонските „експерти“ (конечно) го „открија“ она што го знае секој, без оглед дали се вози или го возат: нафтените деривати, кои сега се точат на бензинските пумпи, најмногу му одговараат единствено на стариот, истрошен возен парк. Македонија е половина деценија зад Европа според стандардите за квалитет на бензините. Ако не беа властите на Косово на кои им „пукна филмот“, па рекоа „Не“ на неквалитетните бензини на ОКТА („процесот“ на откажување се уште тече), којзнае уште колку време ќе си молчеа или ќе „истражуваа“ каков бензин „пијат“ граѓаните на Македонија.
Следните две- три недели премиерот најави дека ќе им ги посвети на решавање на отворените прашања со ДУИ и ПДП. Со првите тој најави дека наредната недела ќе го финишира политичкиот дијалог.
По тврдењето на директорот на Агенцијата за вработување дека лично тој како службеник избришал 18.000 од стотиците илјади невработени, ќе биде повикан во полицијата. Од тоа зависи дали Стојче Тапанџиоски ќе биде кривично гонет.
На трибината, на која учествуваа експерти- енергетичари, беа изнесени интересни согледби, размислувања и ставови, од кои најголема заложба беше изградба на мали хидроцентрали. Тие се најдобриот начин да се ублажи недостигот на електрична енергија.
Македонија има капацитети да добива струја од вакви хидроелектрани, чија изградба е скапа но затоа, пак, одржувањето е евтино.
Децентрализирана власт блиска до народот, е советот на американската амбасадорка Миловановиќ и европретставникот Фуере за локалната самоуправа, како еден од условите за влез во НАТО и ЕУ.
Организираниот криминал во Министерството за одбрана ги мести јавните набавки на компании со кои е поврзан, краде од продажбата на несуштинските објекти на одбраната и назначува свои кадри на раководни места.
До средината на мај Министерството за образование треба да ја потпише Седмата програма на ЕУ за истражување и технички развој, со која ќе се зголеми мобилноста на македонските научници и нивната соработка со научници од Европа.
Ако функцијата на една заедница, меѓу другото, не е и да влијае (заеднички) врз сопствените членови, особено за клучни прашања, проблеми, проекти, тогаш нешто не е в ред со самите цели на здружувањето односно на заедништвото. Се разбира дека секоја членка одлучува сама, но кога станува збор за повисок, односно општ- заеднички интерес, наместо дејствувањето, како потврда пред се на единството, не може да се зазема неутрална позиција. Особено тоа не би смеел да си го дозволи првиот човек- претседателот. Таа не може да се толкува поинаку, освен како политички (о)позиционерска. Кога се знае неговата партиска припадност…
„Историјата на човештвото без книгата и напишаниот збор, што како љубов се пренесувале низ вековите, ќе личеше на пустина. Патот помеѓу осамата, во која се пишуваат книгите, и колективната илузија дека „убавината ќе го спаси светот“ е бескрајно долг и неизвесен…
Македонија е земја во која книгата остварила одисеја долга повеќе илјадалетија, и ние имаме свој дел во рајските полици на незаборавот“, напиша, меѓу другото, писателот Јордан Плевнеш во годинешната македонска порака по повод Свескиот ден на книгата и авторското право – 23. Април.
Сите пријатели на САД, вклучувајќи ја и Русија, треба да им помогнат „меко да се приземјат“ во мултиполарната стварност, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Многумина со право постојано, со години на ред, предупредуваат дека „позитивното“ решавање на Косово, што не значи ништо друго (прифатливо) освен независност, ќе предизвика „домино ефект“ во регионот, на Балканот, па и пошироко. Всушност, станува збор за (под)отворање на „Пандорината кутија“, па наивни и инфантилни се неодамнешните барања на Солана и Рен да се договорат „релевантните меѓународни фактори“ дека доделувањето на независност на Косово ќе биде „последно“.
Воведувањето на патарина за влез на возилата во градовите, што ја одобри Европската комисија, треба и Македонија, како аспирант за членство во ЕУ, да ја прифати веднаш. Не само за да стане „поевропска“ отколку што е, туку пред се за сопствена еколошка заштита, за здрава градска односно сообраќајна средина.
Интернетскиот гигант Google го заменил Microsoft на местото „највреден светски бренд“ на годинашната листа на препознатливи брендови (2007.), што ја составува фирмата за истражување на пазарот Millward Brown. На оваа листа Google се најде пред светски познатите брендови, како што се General Electric Co, Coca- Cola Co, Wal- Mart Stores и IBM.
Во Москва започна конференција за еден од најголемите проекти во поновата историја на светот, а со економски цели. Амбициозниот план предвидува изградба на коридор долг 6.000 километри, што би ја поврзал Русија со Алјаска, а за кој се планира да бидат потрошени дури 65 милијарди долари.