Archive for
март, 2007
март 31, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Неразбирливо и апсурдно: туберкулозата во овој модерен 21- ви век убива повеќе луѓе во светот отколку во минатиот. Се знае причинителот, а има и современи лекови и вакцина. Меѓутоа, нејзиното враќање е предизвикано од исто: сиромаштија и лоши услови за живеење.
(повеќе..)
март 30, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
Состојбата е мошне загрижувачка, па нешто итно мора да се преземе. Особено ако се има предвид зголеменото насилство и криминално поведение на меѓуетничка неотеларнтна основа. Се разбира дека сиромаштијата ги поттикнува, но постојат и низа други сфери што не функционираат, во кои не се дејствува воопшто или тоа не е доволно.
(повеќе..)
март 30, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Eppur si muove
No Comments →
Некои се „изненагени и увреѓени“ („главните“ во опозицијата), а се работи само за почетно одмотување на клопчето наречено „Клинички“, кое е мотано со години наназад
Очигледно, за претходната власт, па и за онаа пред неа (и сите пред нив) Клиничкиот центар во Скпопје бил „златна кокошка“. (Патем, СДСМ се уште не одговара каде е нивниот екс министер за здравство Владо Димов. Не знае? Да не е можеби во Турција? А зошто ли само се скрил? Барем да се јави и да ни каже.).
(повеќе..)
март 30, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Акценти
No Comments →
Не е никакво откритие, изненадување, радикална промена. Едноставно, жените во Македонија тивко или молчешкум, како што само тие можат (мажите не можат да бидат такви бидејќи повеќе би личеле на жени), во изминативе години ги презедоа работите во свои раце. Засега во јавната администрација и во власта, а за се останато лесна работа- се само ќе си дојде на ред.
И не оти сме нешто загрижени, фрапирани, исплашени. Напротив, тоа многу не радува и не прави надежни.
(повеќе..)
март 30, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
По дводневната посета на Македонија, американскиот заменик- помошник државен секретар за одбрана Даниел Фата ја повтори поддршката на САД на земјава за прием во НАТО, но едновремено порача што побрзо да се завршат реформите.
(повеќе..)
март 29, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Во интервју за московскиот весник „Новие известија“, генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, се осврнува на можностите за соработка со Русија. Притоа потенцира дека НАТО и Русија имаат огромен терен за заедничка работа, а клучно во меѓусебните односи е конструктивно заемно дејствување, дури и ако не се согласуваат за нешто.
(повеќе..)
март 28, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Акценти
No Comments →
Иако во нашава земја, според Уставот, нема малцинства (ако се сеќавате, при „договарањето“ на Охридскиот договор беше потенцирано дека тоа било навредливо, односно дека со тој назив нивните припадници биле граѓани „од втор ред“), туку имаме „мнозинска и немнозински“ заедници, Меѓународната група за права на малцинствата ги „навредува“ со тоа што како такви ги третира во својот извештај објавен деновиве!
Досега од ниедна „немнозинска заедница“ во земјава не чув или прочитав некаква реакција, протест и сл., што е прилично чудно.
(повеќе..)
март 28, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: In continuo
No Comments →
Прославата на 50- годишнината на ЕУ имаше свечен, многу повеќе пригоден, а најмногу „воздржан“ карактер. Ги имам предвид и потпишаната резолуција и бројните изјави на врвни луѓе од европските земји за перспективата на Унијата, а особено она што мора брзо да се направи за таа да биде подготвена за предизвиците на новото време што иде.
(повеќе..)
март 28, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Eppur si muove
No Comments →
Европската унија ја прослави својата 50- годишнина. Еве хронологија на позначајните датуми од процесот на нејзиното обединување, но и интересни нешта од нејзината денешнина- нејзината стварност.
(повеќе..)
март 27, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: In continuo
No Comments →
Се сеќавате на Ричард Холбрук? Таман работа да го заборавивте. Беше мошне успешен при „убедувањето“ на инволвираните во распадот на Југославија (Изетбеговиќ, Туѓман и Милошевиќ) да го потпишат Дејтонскиот договор.
Интересно и мошне индикативно е неговото повторно јавување (или ангажирање) сега, и тоа во борбата за независност на Косово. Познато е, тој никогаш не се занимавал со „ситници“ во разрешувањето на кризни ситуации (со „морков или стап“), туку со „круцијални“ работи. Така и овојпат.
(повеќе..)
март 27, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
За разлика од Македонија, која се почесто добива „сигнали“ дека ќе има проблеми со членството во Алијансата (најмногу се поврзани со спорот со Грција за името), Хрватска речиси сигурно ќе биде примена во 2009. година.
(повеќе..)
март 27, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
Не е само Балканот во кој се шири трговијата со бело робје, пред се на млади жени и девојки. Се пораширена е и во една од водечките европски земји (се разбира, не само во неа).
Во извештајот од истражувањето на Би-Би-Си-Њуз се потенцира дека млади жени и девојки многу често, измамени од своите момчиња, доаѓаат во Велика Британија и веднаш по пристигнувањето се продавани на аукции во кафулиња на самите аеродроми.
(повеќе..)
март 26, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: In continuo
No Comments →
Со години наназад постојано се предупредува на загрозата на охридската пастрмка и секогаш потоа оди она: „Еве сега преземаме ова и ова, тоа и тоа…“, а практично ништо не се презема или од преземеното очигледно нема никаков ефект.
(повеќе..)
март 26, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
Светскиот ден без месо (20.03.) во земјава помина сосема незабележително, доколку не се земе предвид акцијата на здружението „Срце за животните“- делењето на флаери во кои се апелираше да престанеме да јадеме месо.
(повеќе..)
март 26, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
1 Comment →
Пат Кокс престојуваше во Македонија (21.03.) во организација на Европското движење, по повод 50-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор со кој беше поставена основата на денешната ЕУ.
(повеќе..)