Самоубиствени ритуали на млади во Јапонија
Во последниве неколку години Јапонија го шокира светот со „популарноста“ на колективната смрт помеѓу младите. Познато е дека „земјата на изгрејсонцето“ е со најголема стапка на самоубиства на светот, а во основата на „леснотијата“ на самоубиството воопшто (харакири- самурајски самоубиства поради чест, камиказа, шинџу- заеднички самоубиства на вљубени парови, на возачи на подземна железница- си го одземаат животот само ако една секунда отстапат од возниот ред…) се смета дека е нехристијанската традиција, поточно на него не се гледа како на еден од најголемите гревови.
Загриженоста е особено присутна во технолошки развиениот свет, посебно „дигитализираниот“ односно „компјутеризираниот“, бидејќи се работи за самоубиства најмногу предизвикани или инспирирани сурфајќи на Интернет (некои ги нарекуваат Интернет самоубијци). (повеќе..)

Од поодамна е јасно дека
Веста е само потврда на најавите во последниве месеци и изминативе две- три години, всушност остварување на предвидувањата на странски воени експерти уште на почетокот на војната во Ирак. Со таа разлика што овојпат станува збор за сериозна најава од (нај)компетентен „извор“.
Какви резултати даде досега и какви (ќе) дава заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ? Колку се остварени и континуирано се остваруваат нејзините цели дефинирани уште со договорот за ЕУ во 1993- та година? Да потсетам на петте главни: да се бранат заедничките вредности и темелните интереси на Унијата, да се зајакне безбедноста на ЕУ, да се зачува мирот и да зајакне меѓународната безбедност, да се поттикнува меѓународната соработка и да се развива демократијата и владеењето на правото, вклучувајќи ги човековите права.
Веста како молња проструи низ светот, иако не е неочекувана (во изминатите денови и недели се шпекулираше дека Кастро е „готов“): кубанскиот претседател вчера е опериран поради внатрешно крвавење, а овластувањата привремено му ги пренел на својот помлад брат Раул. Во соопштението, кое на државната телевизија го прочита неговиот соработник Карлос Валенсијага, се вели дека Фидел Кастро објаснил оти го исрцпел самитот на претседатели на земјите во Јужна Америка и минатонеделното одбележување на нападот на воениот гарнизон во 1953-та година, а што предизвикало „акутна внатрешна криза со непрестано крвавење“.
Вечерва во Охрид беше изведена претставата на Театарот на Армијата од Бугарија „Трамвајот наречен желба“,. Станува збор за вистински сценски хит , еден од најдобрите и најгледаните во матичната земја.
Лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“ објави дека Албанија има мали шанси брзо да и се придружи на Македонија како земја кандидат за целосно интегрирање во Европската Унија. Најавеното отворање на силен фронт на борба против корупцијата, од страна на премиерот Сали Бериша, се поврзува со предупредувањето на ЕУ: доколку неговата Влада за кусо време не спроведе сериозни реформи и не се намали корупцијата, Албанија нема да добие кандидатски статус во следните неколку години.
Доколку се докаже, реални се проценките дека митото ќе го чини израелскиот премиер многу повеќе од износот кој не е мал само за наши „услови“- можеби и губење на премиерската функција, односно срамно повлекување (судската пресуда се подразбира).
Дали примирјето помеѓу Израел и Хезболах, кое стапи на сила изутринава, значи почеток на мир, па и каков- таков живот едни покрај други, кога заедничка живеачка, едни со други, не ќе е можна којзнае колку децении?
Во Торонто се одржува 16- ти Меѓународен конгрес за СИДА. Според бројот на учесниците тоа е досега најголем собир посветен на болеста. Повеќе од 24.000 научници, активисти, познати личности, ХИВ позитивни, хуманисти и новинари се собраа на 5- дневната конференција под слоганот „Да минеме на дело“. Таа е посветена на развојот на истражувањето на СИДА и достапноста на лечење.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ секоја година, во средината на август, организира мошне значајна манифестација која веќе има богата традиција и резултати достојни за почит: Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Таа речиси четири децении извонредно придонесува во афирмацијата на нашата држава во светот, на македонските културни и уметнички вредности, на јазикот, литературата, на македонскиот идентитет. Веќе прерасна во реномиран светски славистички центар на кој досега учествувале над 3.000 учесници од 40- тина земји (македонисти и професори по македонски јазик и литература на странски универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик на лекторатите во светот). Сепак, нејзин најнепосреден придонес е изучувањето на македонскиот јазик во над 30 земји во светот. 




